Лорето (регион)
| Лорето Loreto | |
|---|---|
| регион | |
Местоположба во Перу | |
| Држава | Перу |
| Поделба | 7 покраини и 51 округ |
| Главен град | Икитос |
| Управа | |
| • Претседател | Иван Васкес Валера |
| Површина | |
| • Вкупна | 368.851,95 км2 (14,241,453 ми2) |
| Најг. вис. | 220 м |
| Најм. вис. | 70 м |
| Население (попис од) | |
| • Вкупно | 884.144 |
| • Густина | 0,024/км2 (0,062/ми2) |
| UBIGEO | 16 |
| Повикувачки број | 065 |
| ISO 3166 | PE-LOR |
| Главни ресурси | ориз, дрво, гума, говеда |
| Индекс на сиромаштија | 70% |
| Процент од БНП на Перу | 2.51% |
| Мреж. место | www.regionloreto.gob.pe |

Лорето (Loreto) е регион во северно Перу. Регионот зафаќа една третина од територијата на државата, што го прави најголем регион во Перу, но сепак е еден од најслабо населениете поради оддалеченоста и присуството на Амазонската прашума. Главен град на регионот е Икитос.
Граници
[уреди | уреди извор]Лорето се граничи, покрај со останати перуански региони, со други држави. Така, на северозапад регионот се граничи со Еквадор, поточно со еквадорските покраини Сукумбиос, Орелана, Пастаза и Морона-Сантјаго. На север се наоѓа Колумбија, односно департманот Путумајо. На североисток, исто така, се наоѓа Колумбија, но со департманот Амазон. На исток од регионот се наоѓа Бразил, поточно бразилските држави Амазон и Акре. На југ се наоѓаат перуанските региони Укајали и Уануко, додека на запад се Сан Мартин и Амазон.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Регионот е составен од седум покраини, кои пак се поделени на 51 округ. Во прилог следуваат покраините со главните градови во загради[1]:
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Перуанско-амазонски Истражувачки Институт Архивирано на 24 декември 2017 г.
- Перуанско-амазонски Информациски Систем Архивирано на 18 декември 2014 г.
- Официјално мрежно место на регионот
| Оваа статија поврзани со Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| |||||||||||||