Елизабета Јончиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елизабета Јончиќ
Занимањепоет
Државјанствомакедонско
ОбразованиеПедагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола

Елизабета Јончиќ е родена на 19 мај, 1976 год. во Прилеп, таа е македонска поетеса, книжевен критичар, како и активист во здруженијата за книжевнст и култура.

Биографија[уреди | уреди извор]

Елизабета Јончиќ свието детство и младост ги поминала во родниот град Прилеп. Дипломира на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола на студиска програма - Македонски јазик и книжевност. Пишува поезија, проза, книжевна китика и драмски пиеси за деца и возрасни.

Основач и претседател е на Културно иновативен клуб Новаци. Иницијатор и основач е на фестивалот за детско творештво „Мост меѓу две срца“. Член е на Друштво на писатели Битолски книжевен круг[1], а од 2018 и негов претседател. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 год, и Македонското научно друштво – Битола (одделение за лингвистика и литература)[2] од 2020 год.

Живее и работи во Новаци.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Објавени книги поезија:

  • „ Гола кожа и одблесок“ ( 1996)
  • „Лулки од стремеж“ ( 2012 )
  • „Неука филозофија“ ( 2013 )
  • „Love the place where You live. A bridge betwen two hearts ; Сакај го местото каде што живееш“ Јончиќ Елизабета, Траскот Хана, Стојановска Билјана, (2015)
  • „Вода, плот и оган“ (2018)[3]

Објавени книги книжевна критика:

  • „Книжевен зборопис““ (2020)

Објавени пиеси за деца:

  • „Предновогодишна шумска случка“(2021)

Наводи[уреди | уреди извор]