Автобиографија (Григор Прличев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Автобиографија  
Григор Пърличев - Автобиография (Григор Прличев - Автобиографија).pdf
Првата страница на автобиографијата во СбНУНК, 1894.
Автор Григор Прличев
Наслов на
оригиналот
Автобиография
Земја Бугарија
Јазик бугарски
Жанр(ови) Автобиографија
Издадена 1894

Автобиографијата - расказ на Григор Прличев за неговиот живот, напишан во периодот 16 април 18841 мај 1885 година.

За делото[уреди | уреди извор]

„Автобиографијата“ била напишана во времето кога Прличев бил учител во Солунската бугарска машка гимназија, а за првпат била објавена во 1894 година, во „Зборникот за народни умотворби, наука и книжнина“ на Министерството на народното просветление во Софија.[1] Иако Прличев работил по својата автобиографија повеќе од година, биографијата е кратка – целата опфаќа речиси шеесет страници. Во некои случаи, цели периоди од животот на авторот се искажани само со неколко реченици.


Бугарскиот писател и литературен критичар Симеон Радев смета дека таа творба, заедно со историјата на Паисиј, романот „Под игото“ на Иван Вазов и житието на Софрониј Врачански - е „една од највозбудливите книги во бугарската литература.[2] Според Симеон Радев, автобиографијата се одликува со „зрачна краткост“, драматизам, длабока филозофија и живи опишувања на борбата против Цариградската патриаршија.[3] Димитар Матов од Велес напишал дека „по својот правдив и искрен јазик, по чувството на естетска мера и по својата занимливост, Прличевата автобиографија е прва од својот род во нашата книжнина.[4]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Гр. С. Пърличев. Автобиография. Сборник за народни умотворения, наука и книжнина, кн. 11, с. 346, Софија, 1894 г.
  2. Симеон Радев. Ранни спомени, „Изток – Запад“, Софија, 2013 г.
  3. Симеон Радев. Македония и Българското възраждане, Том І и ІІ, Издателство „Захарий Стоянов“, София, 2013 г.
  4. Димитър Матов. Гр. С. Пърличев. Книжовно биографически чертици, сп. „Български преглед“, кн. 4-5, 1895 г.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]