Пешталево

Координати: 41°27′48″N 21°23′46″E / 41.46333° СГШ; 21.39611° ИГД / 41.46333; 21.39611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пешталево

Сретселото во Пешталево

Пешталево во рамките на Македонија
Пешталево
Местоположба на Пешталево во Македонија
Пешталево на карта

Карта

Координати 41°27′48″N 21°23′46″E / 41.46333° СГШ; 21.39611° ИГД / 41.46333; 21.39611
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 511 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20078
Надм. вис. 610 м
Пешталево на општинската карта

Атарот на Пешталево во рамките на општината
Пешталево на Ризницата

Пешталево — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Пешталево се наоѓа во северниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 610 м. Неговиот атар зафаќа површина од 8,3 км2. Од Прилеп е оддалечено 24 км, а од патот Прилеп-Македонски Брод 2,5 км.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во рамки на селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 730 ха, па оттука селото има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948520—    
1953607+16.7%
1961438−27.8%
1971500+14.2%
1981500+0.0%
ГодинаНас.±%
1991461−7.8%
1994448−2.8%
2002486+8.5%
2021511+5.1%

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пешталево е село со 53 домаќинства и 136 жители муслимани и 83 Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пешталево имало 320 жители Македонци-муслимани.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 439 Македонци-муслимани.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пишталево се води како чисто „турско“ село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[7] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Албанци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Пешталево живеат 486 жители, од кои 280 Македонци, 144 Албанци, 44 Турци, 12 Бошњаци, 1 Србин и 5 останати.[9] Голем дел од жителите кои се изјасниле како Турци или Албанци се всушност Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјасниле како такви.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 511 жители, од кои 254 Македонци, 119 Албанци, 93 Турци, 1 Србин, 30 Бошњаци, 2 останати и 12 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 520 607 438 500 500 461 448 486 511
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови[уреди | уреди извор]

Пешталево е торбешко село, а има и Македонци православни доселено во селото.

Родови во селото се: Суљовци (23 к.), Абдуловци (20 к.) и Синановци (20 к.) потекнуваат од тројца браќа Суљо, Абдула и Синан кои биле основачи на селото, доселени се од некое торбешко село во Дебарско, во Синановци се знае следното родословие: Фејзо (жив на 54 г. во 1950-тите) Осман-Фејзо-Осман-?-Синан, основачот на родот кој се доселил во XVIII век; Севовци (11 к.) и Зеновци (8 к.) доселени се од раселеното село Бурилово, кое постоело помеѓу селата Жабјани и Сарандиново, и во близина на Пешталево. Земјата од тоа раселено село ја поседуваат жителите на селата Пешталево и Жабјани. таму биле староседелци; Селимовци (2 к.) и Метковци (1 к.) доселени се од албанското село Црнилиште, таму биле доселени од северна Албанија; Абазовци (1 к.) доселени се од селото Браилово, таму биле доселени од северна Албанија. После 1954 година голем број на торбешки родови се иселиле и на нивно место дошле Македонци од областа Порече.[15]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото работи подрачното основно училиште „Ѓорче Петров“, каде што се изведува настава до петто одделение.[16] Освен тоа, во селото има и услужни објекти.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1484 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 381 гласач.[18]

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[15]
  • Тумба — непознато од непознат период;
  • Бурилово — непознато од непознат период.
Цркви[19]
Џамии[20]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Пешталево

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во 1912 година, 9 македонски муслимански семејства се иселиле во Турција, во Бурса, Енишехир и Адапазар. Сепак посилен бран на иселување на торбешкото население во Турција има после 1954 година.[15]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 233-234.
  3. Пешталево“. OldPrilep. 18 октомври 2014.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 24.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јули 2020.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. 15,0 15,1 15,2 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  16. Образование“. Општина Долнени.
  17. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 14 јули 2020.
  18. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]