Peace Sells

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Peace Sells“
Megadeth - Peace Sells... But Who's Buying-.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот Peace Sells... but Who's Buying?
Издаден ноември, 1986
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен април, 1986
Жанр Треш метал
Должина 4:02
Издавачка куќа Комбат, Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн и Ренди Барнс
Хронологија на синглови на Мегадет
Wake Up Dead
(1986)
Peace Sells
(1986)
Mary Jane
(1988)

Peace Sells е песна на Мегадет од нивниот втор студиски албум Peace Sells... but Who's Buying?. Напишана е од страна на Дејв Мастејн, а заедно со „Wake Up Dead“ од истиот албум се задолжителни на секој нивни концерт. Според Дејвид Елефсон, уште пред издавањето на албумот, имал претчувство дека „Peace Sells“ ќе биде голем хит..[1] Текстот ги побива сите стереотипи за антисоцијалната природа и атеистички определби на лицата кои слушаат хеви метал. Музичката ТВ куќа VH1 ја рангирала песната на 11 место на нивната листа на најдобри хеви метал композиции на сите времиња.

Видео запис[уреди | уреди извор]

Бил направен посебен видео запис за оваа песна. Највпечатлив е кадарот кога момче со маица на Слеер гледа ТВ програма која прикажува настапи на Мегадет и исечоци од воени конфликти. Веднаш потоа влегува таткото и прашува: Какво е ова ѓубре што го гледаш? Сакам да ги слушнам вестите, и го менува каналот. Момчето му одговара: Ова се вестите, и го враќа претходниот канал. Овој дел од спотот бил често пати исмејуван и вметнуван во пародии поврзани со хеви металот. На почетокот на спотот се гледа оригиналниот омот од претходниот албум на Мегадет, Killing Is My Business... and Business Is Good!. Можеби најпрепознатливиот дел од песната е воведот на бас гитара изведено од Дејвид Елефсон.

Преработки и присуство во поп културата[уреди | уреди извор]

Мегадет ја изведуваат „Peace Sells“ на фестивалот Метал Манија (2008)

Коментари од бендот во врска со песната[уреди | уреди извор]

Мегадет на Метал Манија во Полска (2008)

Точно се сеќавам на денот кога ја напишавме Peace Sells. Мастејн и јас го чекавме Гар за да тргнеме кон студиото. Дури се сеќавам и на старото комбе во кое тогаш се возевме. Како и да е, Дејв тогаш ме праша: 'Што мислиш да направиме песна според насловот на албумот?' Кога стигнавме во студиото, тој веднаш го напиша рефренот, а откако го преслушавме неколку пати - бум, ефектот беше силен. За неколку часови песната беше речиси готова. Тоа беше еден од оние магични моменти.

Дејвид Елефсон, 1998 год.[4]

Мислам дека првичната замисла на Мастејн беше песната да биде околу 8 минути. И тогаш Гар му реплицираше: 'Знаеш што? Песнава е премногу добра за таков аранжман. Ајде да ја скратиме и да ја објавиме како сингл.' Дејв на тоа одговори потврдно, најверојатно поради тоа што го почитуваше мислењето на Семјуелсон и бидејќи тој беше единствениот во бендот со кого Мастејн не сакаша да се скара. Многу го ценеше придонесот на Семјуелсон, и да не беше тој да го наговори Мастејн да ја скуси песната...

Крис Поланд, 2012 год.[5]

Музички персонал[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]