Gears of War (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Gears of War“
Gearsofwarmegadeth.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот United Abominations
Издаден 22 ноември, 2006 год.
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 2006 год.
Жанр Хеви метал
Должина 4:26
Издавачка куќа Роудранер
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн и Џеф Болдинг
Хронологија на синглови на Мегадет
The Scorpion
(2005)
Gears of War
(2006)
À Tout le Monde (Set Me Free)
(2007)

Gears of War е петтата нумера од United Abominations, единаесеттиот студиски албум на Мегадет. Песната била напишана по доставеното барање на Xbox 360 до Мастејн, во кое претпријатието за компјутерски игри имало желба токму Мегадет да снимат музика за нивниот најнов производ. Песната се нашла на играта, но без текстот. Причина за овој пропуст била малото недоразбирање помеѓу двете страни. Имено, Мастејн разбрал дека наXbox 360 им требало само музика, но подоцна бил известен дека е потребен и текст. Текстот бил напишан, но ненавремено, бидејќи играта веќе била завршена и издадена.

Првата изведба во живо била во Нагоја, Јапонија, на 17 октомври, 2006 год.[1] Демо снимката, заедно со текстот, била објавена на официјалната веб страница на бендот на 22 ноември, истата година.[2]

Имав можност да ја преслушам песната додека го работевме албумот. Звучи навистина кул, доста моќно и солидно. Поради обврските околу новиот диск на бендот Chimaira, немав време да бидам во студиото со останатиот персонал додека се снимаше песната. Сепак, со нетрпение го очекувам 6-ти ноември, кога Мегадет треба да ја отсвират песната во Лос Анџелес. Би требало да биде одлично.

—Енди Снип, 18 октомври, 2006 год.[3]

Листа на песни[уреди | уреди извор]

  1. „Gears of War“ – 4:26

Музички персонал[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]