Ал Питрели (англиски: Al Pitrelli) е поранешен водечки гитарист на хеви метал групата Мегадет. Дошол по препорака на Џими Деграсо, со кого претходно соработувал во бендот на Алис Купер. Го заменил Марти Фридмен само 15 минути пред закажаниот настап во Ванкувер, на 16 јануари, 2000 год. Следната година со Мегадет го снимиле албумот The World Needs A Hero, а по распаѓањето на бендот во 2002 година и тој си заминал по својот пат.[1]