Die Dead Enough

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Die Dead Enough“
Megadeth-Die-Dead-Enough-302836.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот The System Has Failed
Издаден август, 2004 год.[1]
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 2004 год.
Жанр Хеви метал
Должина 4:18
Издавачка куќа Сануктари
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Џеф Болдинг и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Dread and the Fugitive Mind
(2001)
Die Dead Enough
(2004)
Of Mice and Men
(2005)
Првиот сингл од албумот The System Has Failed (2004)

Проблеми со пуштањето? Помош.

Die Dead Enough е промотивен сингл на Мегадет од нивниот десетти студиски албум The System Has Failed. Издаден бил во 2004 год. и е во целосно авторство на Дејв Мастејн.[2] Песната била напишана во Сан Диего, летото 2003 год. Die Dead Enough првично била наменета како музика за филмот Пила,[3] но не се најде во конечниот избор од неразјаснети причини.[4] Оваа песна е една од омилените на Дејв Мастејн од споменатиот албум.[5]

Видео запис[уреди | уреди извор]

На спотот кој бил снимен за промоција на синглот, се појавил само Дејв Мастејн, бидејќи во тоа време тој бил единствениот член на бендот.[6] Крис Поланд, Џими Слоас и Вини Колајута биле само сесиски музичари. Оваа постава на бендот била само привремена, бидејќи Мастејн подоцна ги повикал Глен Дровер, Шон Дровер и Џејмс Мекдонаф, кои воедно активно биле вклучени во изработка на видео материјалот за следниот синглOf Mice and Men“. Спотот првпат бил прикажан на телевизија на 11 септември, 2004 год. на музичкиот канал MTV.[7]

Листа на песни[уреди | уреди извор]

  1. „Die Dead Enough“ – 4:18

Музички персонал[уреди | уреди извор]

Пласман на табелите[уреди | уреди извор]

Година Табела Позиција
2004 Рок нумери (САД)[8] 21

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]