Студиски албум
Изглед
Студиски албум е колекција на песни снимени во студио. Студискиот албум содржи новосоздадени песни, или пак ремикс на некои претходно необјавени. Обично студиските сесии за изработка на ваков албум се однапред планирани, а времето што е потребно за негово изготвување може да биде од неколку дена до една година. На студискиот албум може да се случи да се најде преработка на песна од друг изведувач, што била честа пракса порано. Денес е доста зачестен обичајот да се повикува друг музичар како гостин на албумот, што не било случај на почетоците на сниманата музика. Студискиот албум не мора да биде објавен веднаш по неговото завршување, туку издавањето може да биде во некоја друга година, или пак посмртно.[1][се бара извор]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Боб Дилан го најави новиот студиски албум „Tempest“; преземено од ИдиВиди (18.07.2012 08:58:44)