Прејди на содржината

Крис Поланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крис Поланд
фотографија на Крис Поланд
Животописни податоци
Родено имеКристофер Поланд
Роден(а)1 декември 1957
Њујорк, САД
Жанровитреш метал, инструментален рок, џез, прогресивен метал
ЗанимањаМузичар, композитор
Инструментигитара, бас гитара
Период на активност1983–денес
ИздавачиКомбат, Енигма
СоработнициМегадет, The Circle Jerks, Damn the Machine, Mumbo's Brain, OHM, Dave Reffett
Мреж. местоchrispoland.com

Крис Поланд (англиски: Chris Poland) е поранешен водечки гитарист на хеви метал бендот Мегадет. Кариерата ја започнал како џез инструменталист, но по препорака на Гар Семјуелсон се приклучил во Мегадет. Со групата ги снимил албумите Killing Is My Business... and Business Is Good! и Peace Sells... but Who's Buying?.[1]

По ова, тој бил набркан од страна на фронтменот Дејв Мастејн поради прекумерна употреба на наркотици и дрога. Како што тврди самиот Мастејн, Поланд продавал дел од опремата на бендот како би дошол до пари да купи повеќе опојни дроги. На следниот студиски албум So Far, So Good... So What! се наоѓа песната „Liar“ (во превод: лажго), во чиј текст се упатени низа навреди и погрдни зборови на адреса на Поланд.[2]

По повеќегодишната пауза, Поланд за кратко се враќа во Мегадет, само за потребите на албумот The System Has Failed. По неколкунеделните студиски сесии, Поланд се посветил на соло кариерата, и до ден денес има издадено неколку свои самостојни албуми.

  1. Birchmeier, Jason. "Peace Sells... but Who's Buying?" Remastered version AMG Review, at Allmusic. Проверено на 23 ноември 2006.
  2. VH1: Megadeth - Behind the Music DVD - октомври 2001.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]