Прејди на содржината

Вини Колајута

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вини Колајута
Колајута со Џеф Бек во Палаис, Мелбурн,
26 јануари, 2009
Животописни податоци
Родено имеВинсент Колајута
Роден(а)5 февруари 1956
Пенсилванија, САД
Жанровиџез, рок, фанк, поп, треш метал, хеви метал
Занимањамузичар
Инструментитапани
Период на активност1978–денес
СоработнициФренк Запа, Стинг, Чак Кореја, Џеф Бек, Херби Хенкок, Тал Викенфилд, Мегадет
Мреж. местоvinniecolaiuta.com
Значајни инструменти
сет тапани „Лудвиг“

Вини Колајута (англиски: Vinnie Colaiuta) е тапанар со американско потекло. Со музика почнал да се занимава од 14 годишна возраст, кога неговите родители му го купиле првиот сет тапани. Познат е по неговата уникатна техника на удирање и по тоа што соработувал со музичари од најразлични жанрови и правци.[1]

Претежно снимал студиски сесии за албуми на познатите Френк Запа, Стинг и Мегадет. Неговата кратка кариера со Мегадет започнала во 2004 г. по покана од Дејв Мастејн за снимање на албумот The System Has Failed. По неколкунеделниот работен ангажман со бендот, Колајута продолжил со соло настапите. Денес сѐ уште активно се занимава со музика, но главно на повик од други музичари.[2]

  1. Allmusic Review Allmusic Biography Vinnie Colaiuta Credits
  2. Okay Vinnie, Where's Five? Архивирано на 17 јули 2011 г. by Don Zulaica, Drum! Magazine, 2003

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]