Risk

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Risk“
Студиски албум од Megadeth
Издаден31 август, 1999 г.
Снименјануари – април 1999 г. Нешвил
ЖанрХард рок, хеви метал
Траење52:34
66:31 (ремикс)
Издавачка куќаКапитол
ПродуцентДен Хаф, Дејв Мастејн
Megadeth — Хронологија
Cryptic Writings
(1997)
Risk
(1999)
The World Needs a Hero
(2001)

Risk е осмиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth, издаден во 1999 год. Ова впрочем е и последниот албум на групата кој бил издаден под капата на Капитол Рекордс. Ова остварување значело и крај на соработката со долгогодишниот гитарист Марти Фридмен, кој поради несогласувања со Мастејн околу музичката насока по која би требало да се движи бендот ќе побара разделба.

Насловот е инспириран од една изјава на Ларс Улрих од Металика, кој вели дека Мегадет „мораат да ризикуваат со смена на нивниот стил ако сакаат да се пробијат на глобално ниво“, како во случајот со Металика. Оваа ненадејна промена за Мегадет беше меч со две острици. Иако добија слушаност на ТВ и радио станиците, загубија голем дел од верните фанови, кои биле длабоко разочарани од ова ЦД. И музичката јавност го протолкува овој пресврт во нивната кариера како фијаско и тотален неуспех. Во едно интервју, Мастејн ќе потенцира дека овој албум добро би поминал на музичкиот пазар доколку не го носел името Мегадет. [1][2]

Имено, од овој албум се објавени три синглови, сите поткрепени со видео записи. Првиот и носечки, „Crush 'Em“, се смета за спортска химна, во која се говори за борба во арената и мелење на противникот. Вториот синг, „Breadline“, ја раскажува приказната за сиромашен човек и нарко-зависник кој се бори за гола егзистенција. Оваа песна не е балада, но е исклучителна и многу трогателна со својата светла мелодија. „Insomnia“ е трета и последна објавена песна од оваа плоча, а нејзината тематика, како што говори и самиот наслов, се проблемите со спиење. Како што ќе открие и самиот Мастејн во една прилика, оваа песна на некој начин ги содржи неговите сопствени проблеми со несоница по долгите вечерни журки и забави.

Овој албум доживеал аудио ремикс во 2004 год. како дел од желбата на Мастејн за комплетна ревизија на целокупниот дотогашен музички каталог на Мегадет. Песните се со подобрена продукција и звучност, а како бонус се додадени три од постоечките синглови, но дигитално преработени од страна на различни диџеи.

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2.5/5 ѕвездички[3]
Entertainment Weekly B−[4]
Metal Forces 6/10[5]
The Rolling Stone Album Guide 3/5 ѕвездички[6]
Piero Scaruffi 5/10[7]
Sputnikmusic 3.5/5

Список на песни[уреди | уреди извор]

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн. Марти Фридмен се потпишува како ко-автор на музиката во нумерите 2 до 9, додека Дејвид Елефсон е ко-автор на текстот во траките 10 и 11.

Бр. НасловТекстМузика Траење
1. Insomnia(4:16 на реизданието од 2004)   4:34
2. „Prince of Darkness“   Мастејн, Марти Фридмен 6:26
3. „Enter the Arena“ (0:44 на реизданието од 2004)Мастејн, Бад Преџер  0:52
4. Crush 'Em“  Мастејн, ПреџерМастејн, Фридмен 4:58
5. Breadline“  Мастејн, ПреџерМастејн, Фридмен 4:24
6. „The Doctor Is Calling“  Мастејн, ПреџерМастејн, Фридмен 5:40
7. „I'll Be There“ (5:13 на реизданието од 2004)Мастејн, ПреџерМастејн, Фридмен 4:20
8. „Wanderlust“ (5:48 на реизданието од 2004) Мастејн, Фридмен 5:22
9. „Ecstasy“   Мастејн, Фридмен 4:28
10. „Seven“ (4:46 на реизданието од 2004)Мастејн, Дејвид Елефсон  5:01
11. „Time: The Beginning“  Мастејн, Елефсон  3:05
12. „Time: The End“ (2:41 на реизданието од 2004)   2:26
Вк. траење:
52:36

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. All Music „Критички осврт на Risk“ Album Review
  2. Metal Storm „Критички осврт на Risk“ Album Review
  3. Huey, Steve. „Risk (2004 Remix/Remaster) - Megadeth“. Allmusic. конс. 17 October 2011. 
  4. Morgan, Laura (1 October 1999). „Risk Review“. Entertainment Weekly. конс. 11 November 2012. 
  5. Arnold, Neil. „Megadeth: Risk“. Metal Forces. конс. August 8, 2013. 
  6. Brackett, Nathan; Christian Hoard (2004). The Rolling Stone Album Guide. New York City, New York: Simon and Schuster. стр. 534. ISBN 0-7432-0169-8. http://books.google.com/?id=t9eocwUfoSoC&pg=PA534&lpg=PA534&dq=rolling+stone+megadeth+album+guide#v=onepage&q=rolling%20stone%20megadeth%20album%20guide&f=false. 
  7. Scaruffi, Piero (1999). „Megadeth“. pieroscaruffi.com. конс. August 6, 2013.