So Far, So Good... So What!

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Hook in Mouth)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„So Far, So Good... So What!“
Студиски албум од Megadeth
Издаден 19 Јануари, 1988 г.
Снимен 1987 год.
Жанр Треш метал
Траење 34:42
54:20 (ремикс)
Издавачка куќа Комбат, Капитол
Продуцент Дејв Мастејн, Пол Лени
Megadeth — Хронологија

Peace Sells... but Who's Buying?
(1986)
So Far, So Good... So What!
(1988)
Rust in Peace
(1990)

So Far, So Good… So What! е третиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Издаден бил во 1988 год. во издаваштво на Капитол Рекордс. Во 2004 бил реиздаден со четири ремиксувани песни. Ова е единственото издание на бендот на кое се појавуваат Џеф Јанг и Чак Белер. По промотивната турнеја на албумот, тие си заминале од групата.

На овој диск се наоѓа една од првите песни кои воопшто ги напишал Мастејн, а тоа е втората нумера „Set The World Afire“. Тоа била првата негова песна која ја составил по напуштањето на Металика, а во едно интервју открил дека ја компонирал додека бил во автобусот со кој си заминувал дома.

In My Darkest Hour“ е балада посветена на Клиф Бартон, кој бил колега на Мастејн од времето кога тој бил во Металика. Бартон починал во сообраќајна несреќа една година пред објавувањето на албумот. Ова е исто така последниот албум на Мегадет на кој била поставена преработена верзија од некоја постара песна на друг музичар.

 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 2.5/5 ѕвездички[1]
Robert Christgau B−[2]
Rolling Stone 3/5 ѕвездички[3]
Sputnikmusic 3/5[4]

Список на песни[уреди | уреди извор]

Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, додека Дејвид Елефсон помогнал со текстот во нумерите 4 и 6, а напишал и дел од музиката за траките 7 и 8.

Бр. НасловТекстМузика Траење
1. „Into the Lungs of Hell“ (инструментална)   3:23
2. „Set the World Afire“     5:48
3. „Anarchy in the U.K.“ (преработка на Секс Пистолс)РотенРотен, Џонс, Матлок, Кук 3:01
4. Mary Jane“  Мастејн, Елефсон  4:25
5. „502“     3:29
6. In My Darkest Hour(6:26 на реизданието од 2004)Мастејн, Елефсон  6:20
7. Liar“   Мастејн, Елефсон 3:20
8. Hook in Mouth“   Мастејн, Елефсон 4:49
Вк. траење:
34:42
Бонус песни од 2004
Бр. НасловТекстМузика Траење
9. „Into the Lungs of Hell“ (микс на Пол Лени)   3:32
10. „Set the World Afire“ (микс на Пол Лени)   5:53
11. „Mary Jane“ (микс на Пол Лени)Мастејн, Елефсон  4:08
12. „In My Darkest Hour“ (микс на Пол Лени)Мастејн, Елефсон  6:11

Наводи[уреди | уреди извор]