Train of Consequences

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Train of Consequences“
MegadethTrainofconsequences.jpg
Сингл од Мегадет
од албумот Youthanasia
Издаден 10 ноември, 1994[1]
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 1994 год.
Жанр Хеви метал
Должина 3:26
Издавачка куќа Капитол
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Макс Норман и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Angry Again
(1993)
Train of Consequences
(1994)
À Tout le Monde
(1995)

Train of Consequences е првиот сингл на Мегадет издаден од нивниот шести студиски албум Youthanasia. Бил издаден и на винил плоча во 1994 год, а истата година успеал да се пласира на американската и британската табела на најпродавани синглови. Бил објавен во повеќе формати и верзии, каде освен оваа песна, биле поставени две нумери од истиот албум, како и неколку постари песни на Мегадет снимени од нивните настапи во живо. На поголемиот број изданија може да се најде песната „Crown of Worms“, која била напишана и компонирана од Шон Харис, поранешниот вокал на Дајмон Хед.

Според Марти Фридмен, оваа песна не била планирана за прв сингл од албумот, но по инсистирање од издавачката куќа Капитол Рекордс, изборот паднал на нејзе.[2] Песната премиерно била изведена во емисијата на Дејвид Летерман.[3] Поради големата маркетиншка застапеност на овој сингл, Youthanasia постанал петтиот последователен албум на Мегадет што бил одликуван со награда за платинест тираж.

Песната била снимена на еден поинаков начин од вообичаеното. Бендот се одлучил да ја изведува во живо (сите членови свиреле одеднаш), отколку да прави снимки од секој поединечен перформанс. Овој начин е доста тежок и непопуларен, бидејќи ако еден музичар згреши во било кој дел од песната, бендот мора одново да почне со снимање. На Мегадет им биле потребни 42 обиди за да ја добијат совршената верзија.

Видео запис[уреди | уреди извор]

Спотот за оваа песна бил осмислен од Вејн Ишам, кому ова му бил четврти ангажман од ваков карактер со Мегадет. Филмското дејство се случува во еден воз, каде што главниот лик ја става на коцка својата судбина. Откако ја губи партијата, се соочува со последиците од неговата неразумност.

Во записот единствено Дејв Мастејн се појавува од сите членови на бендот, и тоа само при крајот на спотот. Овој спот значително бил прикажуван на музичкиот канал MTV, а првото емитување се случило на Ноќта на вештерките (31 октомври), во емисијата Night of the Living Megadeth, посветена музичката кариера на групата.[4][5]

Интерпретација на текстот[уреди | уреди извор]

Текстот во „Train of Consequences“ говори за зависноста од коцкање. Дејв Мастејн, авторот на песната, излегол со свое видување и толкување на нејзиниот текст:

Оваа песна е за феноменот наречен губитничка серија во коцкањето. Еднаш кога ќе навлезеш во играта, играш се додека имаш нешто вредно за вложување. Тогаш продолжуваш понатаму, без разлика дали губиш или добиваш. Нема враќање назад. Ако многу губиш, одиш понатаму со надеж дека ќе се опоравиш, без оглед колку тие надежи се реални.


А кога веќе си заразен, тогаш си и заробен, врзан си за картите. Додека ти исчезнуваат парите, панично ги одбројуваш деновите до твојот конечен крах. Имам разбрано дека и Ник Менза имал сличен проблем.


Листа на песни[уреди | уреди извор]

  1. „Train of Consequences“ – 3:28
  2. „Crown of Worms“ – 3:22
  3. „Black Curtains“ – 3:41
  4. Peace Sells(во живо) – 4:14
  5. „Ashes in Your Mouth“ (во живо) – 6:30
  6. Anarchy in the U.K.(во живо) – 4:10
Капитол Рекордс 7243 8 81842 2 9

Музички персонал[уреди | уреди извор]

Пласман на табелите[уреди | уреди извор]

Година Табела Позиција
1994 Рок нумери (САД) 29
1994 Британска табела за синглови 22

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]