Last Rites

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Last Rites“
Демо касета од Megadeth
Издаден 9 март, 1984 год.
Снимен јануари-февруари, 1984 год.
Жанр Спид метал, треш метал
Траење 11:26
Издавачка куќа Комбат
Продуцент Дејв Мастејн, Карат Фаје
Megadeth — Хронологија
Last Rites
(1984)
Killing Is My Business... and Business Is Good!
(1985)

Last Rites е првата демо касета на американскиот треш метал бенд Megadeth. Касетата била објавена на почетокот во 1984 год. и воедно е првиот носач на звук издаден од групата.[1]

Демото било снимено само два месеци по Мастејновото заминување од Metallica, што е една од причините за кусиот материјал. Во тоа време, Megadeth го сочинувале единствено Мастејн, Дејвид Елефсон и Ли Роуч. Акустиката на песните е со доста слаб квалитет, што се должи на оскудниот финансиски буџет кој бил обезбеден за потребите на проектот.

Песните се многу брзи и абразивни, а нивните составни рифови се сметаат за основи на спид металот. Тие воедно биле и основа за подоцнежниот студиски албум Killing Is My Business... and Business Is Good!, на кој се нашле сите песни со ситни промени во нивната структура.[2] Според одредени мислења, овој мини албум бил повод и останатите хеви метал бендови да започнат да создаваат песни со побрз ритам и со нагласена улога на тапаните.

Список на песни[уреди | уреди извор]

Сите песни биле напишани и компонирани од страна на Дејв Мастејн.

Бр. Наслов Траење
1. „Last Rites/Loved to Deth“   4:16
2. Mechanix“   3:59
3. „The Skull Beneath the Skin“   3:11
Вк. траење:
11:26

Музички персонал[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]