Качество

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Квалитет)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Качество или квалитет — вродени или изразени карактеристки на една личност, објект, процес или нешто друго. Таквите карактеристики можат да ја направат личноста или нештото различна од сите други лица или нешта, или пак може да обележува одреден степен на достигнување или совршеност. Кога се користи во однос на луѓе, поимот исто така може да означува обична лична карактеристика или доблест.

Поимот некогаш се користи како спротивен на коцептот за количество. Во науката, делата на Аристотел се однесуваат на мерење качество, додека делата на Галилео Галилеј се резултат на изучување на квантитети.