Сингл (музика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Класична сингл плоча

Терминот сингл, најчесто се асоцира со музичката индустрија и означува комерцијално дело поместено на носач на звук (најчесто 1 песна) која цели да го промовира претстојниот албум на групата или пејачот. Синглот низ историјата е издаван на различни носачи на звук како што се: Винил, касета, компакт диск, ДВД и слично.

Во современата музичка терминологија се користи и терминот download single, кој се однесува на песна или мултимедијална содржина од одреден изведувач поставена на интернет, од кадешто корисниците можат да ја преземат содржината.