Xbox 360

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Xbox 360

Xbox 360 е втората конзола за видеоигри произведена од страна на Microsoft , а беше развивана во соработка со IBM , ATI и SiS. Неговиот Xbox Live сервис им овозожува на играчите да се натпреваруваат преку Интернет и да преземаат содржини од типот на : аркадни игри , демо игри , реклами за најнови игри (трејлери) , ТВ емисии и филмови. Xbox 360 е потомец на неговиот предок , конзолата Xbox и е во конкуренција со конзолите PlayStation 3 на Sony и Wii конзолата на Nintendo како дел од натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација. Xbox 360 за прв пат и беше претставен на јавноста на MTV на 12 мај 2005 , со детали за неговото лансирање во продажба , а првите видеоигри наменети за конзолата беа за прв пат прикажани на Electronic Entertainment Expo (E3). Тоа е првата конзола која што беше масовно купувана во три големи региони : Европа , Јапонија и Соединетите Американски Држави (САД). Првите примероци исфрлени во продажба беа купени до последен , со исклучок на Јапонија , па од неговото прво официјално лансирање во продажба на 22 ноември 2005 во САД се до 3 јануари 2008 продадени се повеќе од 17,7 милиони примероци во светски рамки !

Xbox 360 доаѓа во четири изданија : Xbox 360 Core , Xbox 360 Arcade , Xbox 360 Premium и Xbox 360 Elite , секоја со сопствени компоненти и предности .