Wii

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Wii
Логото на Wii
Wii со далечинско
Wii со далечинско
ИзработувачNintendo
ПроизводителFoxconn
ВидИграчка конзола
ГенерацијаСедма генерација
ИзлеголСА 19 ноември 2006
ЈАП 2 декември 2006
АВС 7 декември 2006
ЕВР 8 декември 2006
Продажна достапност19 ноември 2006
ПовлеченЈАП 2013
ЕВР 2013
ИспорачаниШирум светот: 86,01 милиони (30 март 2010)
Медиумиоптички диск Wii (12 см)
Nintendo GameCube Game Disc (8 см)
ЦПЕIBM на основа на PowerPC[1]Broadway
Складирањевнатрешна флеш 512 МБ
SD-картичка, SDHC-картичка
картичка за Nintendo GameCube
ГрафикаATIHollywood
УправувачиWii Remote (Plus), Wii Balance Board, Nintendo GameCube, Nintendo DS[2]
ПоврзувањеWi-Fi
Bluetooth
2 × USB 2.0[3]
LAN-адаптер (преку USB)
Семрежни услугиNintendo Wi-Fi Connection, WiiConnect24, Wii Shop Channel
Најпродавана играWii Sports (вградена, освен во Јапонија и Јужна Кореја) 67,71 милиони (30 септември 2010)[4]
Wii Play, 26,71 милиони (31 декември 2009)[5]
Обратна
соодветност
Nintendo GameCube
ПретходникNintendo GameCube
НаследникWii U

Wii (најчесто нарекувана по начинот на којшто се изговара на англиски јазик ВИ) е петтата конзола за видеоигри на Nintendo. Конзолата е потомец на нејзиниот предок Nintendo GameCube. Nintendo тврди дека конзолата е поинаква од конзолите PlayStation 3 на Sony и Xbox 360 на Microsoft иако им конкурира и на двете во натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација.[6] Конзолата беше развивана во соработка со IBM и ATI.

Неизбежна предност на оваа конзола што ја разликува од нејзините предци е нејзиниот нов безжичен контролер Wii Remote, што може да се користи како рачен покажувач и може да детектира брзина и ориентација во три димензии. Друга голема новина е нејзината WiiConnect24 Интернет платформа, што овозможува примање пораки и софтверски надоградувања додека конзолата е во standby mode.[7]

Nintendo прв пат ја информираше јавноста за оваа нова конзола на Electronic Entertainment Expo (Е3) прес конференцијата во 2004 година, а за прв пат и ја претстави конзолата на јавноста во 2005 година исто така на Е3. Сатору Ивата, претседателот на Nintendo и го претстави на јавноста безжичниот контролер во септември 2005 година на Токискиот саем на игри.[8] На Е3 2006 конзолата ја освои првата од неколку награди. До декември 2006 Wii беше лансиран во продажба на четири клучни пазари во светски рамки.[9]

Financial Times објави дека од 12 септември 2006, Wii е лидер во генерацијата конзоли на Nintendo според јапонскиот магазин Enterbrain, глобалната пазарна истражувачка компанија од Вашингтон NPD Group и најголемиот пазарен истражувачки институт од Германија GfK.[10]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. "Wii: The Total Story". IGN. конс. 20 ноември 2006. 
  2. Gantayat, Anoop (7 јуни 2006). "Connectivity Returns". IGN. конс. 7 јуни 2006. 
  3. McDonough, Amy. "Wii Get It Now: Technical Specs from 1UP.com". 1up.com. конс. 2 мај 2008. 
  4. "Consolidated Financial Highlights" (PDF). Nintendo. октомври 28, 2010. стр. 6. конс. октомври 29, 2010. 
  5. "Financial Results Briefing for the Six-Month Period ended December 2009" (PDF). Nintendo. 31 октомври 2009. стр. 11. конс. 29 јануари 2010. 
  6. USA Today
  7. Nintendo Corporation
  8. Iwata Speaks
  9. 2006 winners
  10. Wii takes lead