Централна обработувачка единица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плочка на микрообработувач Intel 80486DX2 (големина: 12×6.75 мм) во пакување.

Централната обработувачка единица (ЦОЕ) (англ. Central Processing Unit) или едноставно обработувач, е дел од сметачкиот систем кој ги обработува наредбите на сметачките програми, ја има главната задача во сметачот. ЦПЕ се состои од голем број електронски кола поврзани во функционални целини и спакувани во еден чип. Основни делови на ЦПЕ се аритметичко–логичка единица, управувачка единица и регистри.

Името на аритметичко-логичката единица кажува која е нејзината намена - да ги извршува сите аритметички операции и сите логички операции при обработка на податоците.

Управувачката единица врши контрола и усогласување на работата на обработувачот со работата на другите единици на личниот сметач.

Регистрите претставуваат електронски склопови кои можат да паметат повеќе битови. Тие служат за привремено чување на меѓурезултатите при извршување на програмите.

При работата ЦOE користи посебни електрични импулси што се создаваат со голема брзина од т.н. такт-генератор.

Брзината на создавањето на импулсите се нарекува фреквенција. Фреквенцијата се изразува во единицата херци (Hertz)

Најчесто се користат поголеми единици од херц и тоа:

килохерц (1KHz=1000Hz)
мегахерц (1MHz=1000000Hz)
гигахерц (1GHz=1000000000Hz)

На пример, фреквенција на обработувачот од 2 GHz претставува брзина на создавање два милиона импулси во една секунда.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • Д-р. Марјан Гушев "Архитектура и организација на компјутери" - ПМФ Скопје, УКИМ, 2004