Прејди на содржината

Глам-метал

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Глам метал)
Глам-метал
Стилско потекло: Хеви метал, глам рок, хард рок
Културно потекло: Рани 80-ти во Sunset strip, Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Типични инструменти: Електрична гитара - Бас - Тапани - Клавијатури
Мејнстрим популарност: 1983-1992 во САД; светска популарност 1986-1992
Регионални сцени
Лос Анџелес - Њујорк - Велика Британија - Скандинавија
Други теми
Историја - Групи

Глам-метал (познат и како хер-метал, англиски: hair metal) е под-жанр на хеви метал музиката кој настанал во доцните 70-ти и раните 80-ти години во САД. Глам-металот бил доминантен жанр во рок музиката во 80-тите години и за момент во 90-тите.[1]

Глам-металот исто така е нарекуван и хер метал изведуван од таканаречените хер бендови. Овој поим бил популаризиран од страна на MTV во 90-тите и доаѓа од чудниот изглед на изведувачите кој имале долги виткани коси и носеле тесни и стегнати панталони.[2]

Особености

[уреди | уреди извор]

Песните во глам-металот најчесто се следени со дисторзирани гитарски рифови кој се засноваат на таканаречените моќни акорди. Повеќето од песните содржат виртуозно шред трзачко соло. Звукот е покомерциален и повеќе студиски за разлика од раните стилови на металот. Пејачите најчесто при пеењето вадат чист тон за разлика од другите видови на метал каде што се користи потежок вокален стил.[3]

Twisted Sister се типичен пример за глам-метал изглед со долги виткани коси и стегнати панталони и користење на шминка за време на настапите.

Потекло - доцните 70-ти

[уреди | уреди извор]

Жанрот има големо влијание од глам рокот од 70-тите и од многуте хеви метал бендови. Според некои тврдења првиот глам-метал бенд од 80-тите бил финскиот бенд Hanoi Rocks. Но во САД многу обожаватели тврдат дека движењето на Сансет стрип започнало од страна на Мотли Кру и претходниот бенд на Ники Сикс - Лондон. Други тврдат дека глам-металот бил започнат со Metal Health - албумот на Quiet Riot кој стигнал дури и на првото место на ранг листите во раните 80-ти.[4]

  1. Auslander, P., Performing Glam Rock: Gender and Theatricality in Popular Music (Ann Arbor, MI: University of Michigan Press, 2006), ISBN 0-7546-4057-4.
  2. Batchelor, R., and Stoddart, S., The 1980s (London: Greenwood Publishing Group, 2007), ISBN 0-313-33000-X.
  3. Bogdanov, V., Woodstra, C., and Erlewine, S. T., All Music Guide to Rock: the Definitive Guide to Rock, Pop, and Soul (Milwaukee, WI: Backbeat Books, 3rd edn., 2002), ISBN 0-87930-653-X.
  4. Bukszpan, D., The Encyclopedia of Heavy Metal (London: Barnes & Noble Publishing, 2003), ISBN 0-7607-4218-9.

Поврзано

[уреди | уреди извор]