Дет-метал
Дет-метал | |
---|---|
Стилско потекло: | Треш-метал |
Културно потекло: | Рана средина на 80-тите во САД, Англија и Шведска |
Типични инструменти: | Гитара - Бас - Тапани |
Мејнстрим популарност: | Андерграунд во раните 80-ти, средна во доцните 80-ти и раните 90-ти, зголемена популарност во последните години. |
Поджанрови | |
Мелодичен дет-метал - Технички дет-метал | |
Фузиски жанрови | |
Блекенд дет-метал - Детграјнд - Горграјнд - Порнограјнд - Дет/дум - Деткор - Детенрол | |
Регионални сцени | |
Флорида - Тексас - Њујорк - Скандинавија | |
Други теми | |
Екстремен метал - Бласт-бит |
Дет-метал (англиски: death metal) — поджанр на метал-музиката, создаден во раните осумдесетти од треш-металот. Ова е еден од најагресивните жанрови на металот и најчесто се врти околу теми за смртта и темната страна од животот, иако ова не е секогаш случајот. Структурата на песната е раскажувачка, и не постои еден циклус на повторување, туку песната се развива како цела процесија на теми и мотиви. Дет-металот се одликува со ненадејни промени во темпото, насилни и брутални гитарски рифови, тапани кои се брзи и динамични, и низок вокал кој најчесто се пее во вид на чудовишно врискање, познат во музиката како death grunt.[1][2]
Развој
[уреди | уреди извор]Дет-металот почнал да се развива во првата половина на осумдесеттите од треш-метал музиката. Околу 1983, почнале да се создаваат првите дет метал бендови, кои ги поставиле темелите на кои подоцна се развил и проширил дет-металот како сопствен жанр. Овие темели биле поставени од Американските бендови Possessed со нивниот албум Seven Churches и Death со Scream Bloody Gore. Но, многу луѓе ги класифицираат овие бендови како посттреш бидејќи, иако одговарале на дет-метал особините, не создале ништо ново, туку еден вид на поагресивен треш-метал. Но, сепак овие бендови не можат да се отфрлат како неважни, бидејќи тие почнуваат нешто што постепено ќе се одвои од другите жанрови на металот.
Првите вистински дет-метал бендови се појавиле во 1989 и 1990. Овие бендови ги вклучуваат Terrorizer, Morbid Angel, и доцниот период на Napalm Death, кои споиле елементи од треш-металот и хардкор-панк музиката. Во 1991, Death го издаваат албумот Human, кој содржи чисти докази за модерен дет-метал и така раниот развој на дет-металот е завршен.[3]
Поделба и поджанрови
[уреди | уреди извор]Во деведесеттите, дет-металот почнува да се развива во многу правци. Главна поделба на поджанрови на дет-металот е оваа:
- Мелодичен дет-метал е жанр кој ги спојува агресивноста на дет-металот со мелодиите на традиционалниот хеви метал. Во овој жанр може понекогаш да се најде и чисто пеење, како и акустични гитари. Овој жанр е главно присутен во Скандинавија, особено во Финска и Шведска, каде што се развива Гетебург стилот. Главни носители на мелодичниот дет-метал се Dark Tranquility, Children of Bodom, Amon Amarth, In Flames, Insomnium, At the Gates, Kalmah, Arch Enemy и други слични бендови.
- Брутален дет-метал е вториот поджанр на дет-металот. Овој жанр е екстремен, брутален и агресивен и се одликува со премногу брзи рифови и тапани и пеење ексклузивно во стилот на death grunt. Главни бендови од ова движење се Cannibal Corpse, Disgorge, Devourment и Wormed
- Технички дет-метал е жанр кој се одликува со брзи, комплицирани и темни рифови кои се придружувани од долги и темни врисоци кои тешко се разбираат.Обично во овој жанр се пее за митологија и темната страна,а во некои бендови како Најл (Америка, Калифорниа) се пее за темната страна на Египетската митологија.
Исто така, постојат и многу фузиски жанрови на дет-металот како:
- Блекенд дет-метал, или дет-метал со одлики на блек-металот, најчесто во вокалот или структурата на гитарските рифови. Бендови од овој правец се Emperor и Zyklon.
- Детенрол ги комбинира вокалниот стил на дет-метал со инстриментацијата на хард-рок.
Исто така, дет-метал жанрот често се спојува со одредени под-жанрови од правецот на фолк металот, особено ведик и викиншки метал.
Изведувачи и албуми типични за дет-металот
[уреди | уреди извор]- Arch Enemy «Doomsday Machine»
- Atheist «Elements»
- Bolt Thrower «Those Once Loyal»
- Carcass «Heartwork»
- Children Of Bodom «Follow The Reaper»
- Death «Human»
- Dismember «Indecent And Obscene»
- Entombed «Left Hand Path»
- In Flames «Soundtrack To Your Escape»
- Morbid Angel «Gateways To Annihilation»
- Napalm Death «Harmony Corruption»
- Opeth «Ghost Reveries»
- Paradise Lost «Paradise Lost»
- Therion «Symphony Masses/Ho Drakon Ho Megas»
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- DeathMetal.com
- Metal-observer.com Архивирано на 10 мај 2006 г.
- мкМетал Форуми Архивирано на 6 април 2007 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|