Марија Падикова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марија Падикова — македонска поетеса, родена е на 28 февруари 1968 година, во Кавадарци.

Животопис[уреди | уреди извор]

Марија Падикова завршила гимназија во Кавадарци, потоа завршила Вишо земјоделско училипте во Струмица. Падикова живее и работи во Кавадарци каде што била иницијатор за основање на литературно-поетски клуб „Тиквешки цветови“, со кој успешно ги претставува современите автори од својот крај, но и македонските оисатели и други уметници преку организирање на различни културни настани. Член е на Друштво на писатели на Македонија од 2001 година.[1]

Дела[уреди | уреди извор]

  • Меѓу двата брега, поезија, 1999 година;
  • Ѕвезди над ноќната ливада, поезија, 1999 година;
  • Палета, поезија, 2002 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004