Прејди на содржината

Летна универзијада - 2009

Од Википедија — слободната енциклопедија
XXV Летна универзијада
Град домаќин Белград, Србија
Број на држави 145
Број на спортисти околу 6.300
Број на спортови 15
Број на натпревари 461
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 12 јули
Стадион Белградска арена

XXV Летна универзијадауниверзијада одржана од 1 до 12 јули 2009 во Белград, Србија. Церемонијата на свеченото отворање се одржа во Белградска арена, а настанот официјално беше отворен од страна на премиерот на Србија, Мирко Цветковиќ.

На Универзијадата учествуваа околу 9.000 учесници од 145 земји, од кои околу 6.300 спортисти, кои настапија во 15 спортови во 461 дисциплина.

Избор на град-домаќин

[уреди | уреди извор]
Кандидати
Град Земја
Белград Србија
Монтереј Мексико
Познањ Полска

Процесот за избор на град-домаќин за Летната универзијада во 2009 започна во 2004. Белград, заедно со уште Монтереј во Мексико и Познањ во Полска беа кандидати за град-домаќин на настанот. Предност на Белград му даваа настаните, кои во градот беа организирани во тековните неклку години, како европското првенство во кошарка во 2005, европското првенство во ватерполо во 2006 и европскиот малдински олимписки фестивал во 2007. Пред оваа успешна кандидатура, градот беше и кандидат за град-домаќин на Летните олимписки игри во 1992, кога беше елиминиран во третото коло од изборот и кандидатурата за нардените Летни олимписки игри во 1996, кога отпадна уште во првото коло од изборот.[1][2]

Промотивен плакат со логот на Летната универзијада 2009 во Белград

Маскота на Летната универзијада во 2009 е врабец, бидејќи оваа птица е симбол на Белград. На конкурсот за име на врабецот, победи предлогот „Срба“, пред предлозите „Цврле“ и „Џивџан“.[3]

Собиралишта

[уреди | уреди извор]

Летна универзијада во 2009 се одржа на 59 собиралишта во Белград, Земун, Панчево, Обреновац, Нови Сад, Смедерево и Вршац. Церемониите на отворање и затворање се одржаа во Белградска арена. Планот беше овие церемонии да се одржат на стадионот Црвена ѕвезда, но ова идеја не се оствари поради големите трошоци.

Во Обреновац се одржаа натпреварите во ватерполо и одбојка, а во Панчево и Вршац во кошарка. Нови Сад и Инѓија, исто така беа домаќини на натпреварите во одбојка.[4]

Универзитетско село

[уреди | уреди извор]

Универзитетското село, во кое беа сместени спортистите се наоѓа во Нов Белград, на 15 км од аеродромот Никола Тесла и 6 км од центарот на градот и е изградена специјално за овој настан. „Селото“ го сочинуваат 14 објекти со 1.858 модерни станови, деловни и административни згради на површина од 15 ha. Секоја зграда во станбен простор е наречена по еден цвет. По заврѓшувањето на Универзијадата, становите веќе се во продажба.

Во рамките на подготовките за Универзијада, беше раселено и нехигиенското население, од околината на кое се наоѓа Универзитетското село, само за да им се овозможат подобри услови на спортистите.

Универзитетското село беше официјално отворено на 24 јуни 2009 година.

Спортови

[уреди | уреди извор]

Календар

[уреди | уреди извор]

Во продолжение е даден календарот со распоредот на натпревари на 25. Летна универзијада.

 ● Церемонија на отворање ● Квалификациски натпревари ● Финални натпревари ● Церемонија на затворање
јуни/јули300102030405060708 09101112Вкупно
Церемонии
Стреличарство 2 8 10
Атлетика 2 6 10 9 9 10 46
Кошарка 2 2
Скокови во вода 2 1 1 2 1 1 4 12
Мечување 2 2 2 2 2 2 12
Фудбал 2 2
Спортска гимнастика 1 1 2 10 14
Ритмичка гимнастика 2 6 8
Џудо 4 4 4 4 2 18
Пливање 4 5 5 7 4 7 8 40
Пинг-понг 2 1 2 2 7
Теквондо 5 4 4 4 4 21
Тенис 2 5 7
Одбојка 1 1 2
Ватерполо 1 1 2
Вкупно златно медали87102112171921354211203

Освојувачи на медали

[уреди | уреди извор]
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Русија27222776
2Народна Република Кина НР Кина22211558
3Јужна Кореја Република Кореја21111547
4 Јапонија20213273
5 САД13131339
6 Украина7111331
7 Кинески Тајпеј75517
8 Италија6141131
9 Полска610824
10 Србија (домаќин)55919
11Австралија Австралија5218
11 Ирска5218
13 Франција48921
14 Белорусија42511
15 Шпанија40610
16 Мексико35513
17 Германија331117
18Обединето Кралство Обединето Кралство3137
19 Швајцарија3115
20 Холандија3025
20 Португалија3025
22 Канада27615
23Јужна Африка ЈАР2259
23 Турција2259
25 Бразил2226
26 Куба2125
27 Словенија2024
28 Азербејџан2002
28 Хонгконг2002
30Северна Кореја ДНР Кореја1348
31 Унгарија1258
32 Казахстан1247
33Нов Зеланд Нов Зеланд1214
33 Романија1214
35 Чешка1146
36Кенија Кенија1113
36 Литванија1113
36 Молдавија1113
36Сенегал Сенегал1113
40 Бугарија1012
41Хондурас Хондурас1001
41 Латвија1001
41 Шведска1001
44Египет Египет0246
45 Хрватска0213
45Монголија Монголија0213
45Виетнам Виетнам0213
48 Тајланд0167
49 Словачка0134
50 Ерменија0123
50 Белгија0123
52Израел Израел0112
53 Алжир0101
53 Австрија0101
53 Еквадор0101
56 Данска0011
Вкупно204203262669
  1. „History of the Olympic Committee of Serbia“. Olympic Committee of Serbia. Архивирано од изворникот на 2009-01-10. Посетено на 2007-05-19.
  2. „Atlanta 1996“. Official Website of the Olympic Movement. Посетено на 2007-05-19.
  3. „Maskota Univerzijade - Srba“. Na Dlanu. Архивирано од изворникот на 2009-04-06. Посетено на 2009-07-26.
  4. Список на објекти за Летната универзијада во Белград во 2009[мртва врска](српски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]