Влашци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Влашци
Влашци is located in Македонија
Влашци
Местоположба на Влашци во Македонија
Координати 41°20′54″N 21°1′33″E / 41.34833° N; 21.02583° E / 41.34833; 21.02583Координати: 41°20′54″N 21°1′33″E / 41.34833° N; 21.02583° E / 41.34833; 21.02583
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Горни Железник
Население нема жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО


Влашци — историско село на територијата на Општина Демир Хисар, денес во источниот атар на Велмевци.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Горни Железник, некаде меѓу Суво Поле и с. Велмевци.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1468 г. селото било мулк (имот) на извесен Мурат. Заведени се жителите Никола, син на Мано; Радоја, син на Боѓол; поп Петре; Томко (или Думко), зет на Васил; Јован, син на Томко; Дујко, сиромав; Димитри Приезда; Миле, син на Стале; Радан, сиромав; Радослав, Србин; Раде, сиромав; Никола, син на Мануил; Крајо, брат на Добре; Миле, син на Бојко; Петко, син на Ѓорго; Божик, сиромав; Драгош Петко; Пејо, син на Драгош; Дујко, син на Черп; Добре, син на Преспанчанецот; Раде, син на Калуќер; вдовица Рада; Димитри, син на Тодор; Димитри, син на Мартин; Никола, син на Димитри; Музак, син на Черп; Велко, син на Черп; Стајко, говедар; Бојко, син на Драго; Пројо, син на Пејо; Миле, син на Черп, зет на Димче; Никола, син на Димитри. Броело 33 семејства, 1 вдовица, па вкупно 169 жители, кои таа година платиле 3.788 акчиња данок — 1.200 само ушур за лозје и 825 акчиња за испенџе. Плаќале за лен, свилена буба, свињи и улишта, бостан, свадбарина и нијабет.

Влашци спаѓало во средно развиените селски населби. За последен пат се споменува во 1568 г. како населено место со 192 жители.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 93. ISBN 978-608-65616-4-2.