Џамија Михримах Султан
Изглед
Џамија Михримах Султан Mihrimah Sultan Camii | |
---|---|
Џамијата Михримах Султан | |
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°01′45″N 28°56′09″E / 41.02917° СГШ; 28.93583° ИГД |
Припадност | ислам |
Осветен | 1562 |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Синан |
Архитектонски тип | џамија |
Особености | |
Висина на куполата (надв.) | 37 метри |
Висина на куполата (внат.) | 20 метри |
Минариња | 1 |
Материјали | гранит мермер |
Џамијата Михримах Султан (турски: Mihrimah Sultan Camii) е џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Оваа џамија била изградена од страна на познатиот отомански архитект Мимар Синан и била посветена на ќерката на Сулејман Величествениот, принцезата Михримах. Џамијата се наоѓа на врвот од шестиот рид на стариот Цариград[1], правејќи ја една од главните обележја на градот.
Градбата на оваа џамија траела во периодот од 1562 до 1565 година[2]. Самиот комплекс бил на неколкупати разрушуван од страна на земјотреси и тоа во 1719, 1766, 1814 и 1894 година. Во текот на времето, џамијата била реконструирана постојано. Во 1999 година исто така бил разрушен дек од џамијата како и еден дел од минариња.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|