Разговор со корисник:Bjankuloski06: Разлика помеѓу преработките
с Undid edits by 102.67.203.94 (talk) to last version by Tumbuka Arch Ознаки: Отповикај SWViewer [1.4] |
|||
Ред 614: | Ред 614: | ||
:Sorry for repetitive calling. Can you protect [[Википедија:Огласна табла за администратори/Архива 2]], and block [[Специјална:Придонеси/139.135.53.20]]? They are changing IP continously, I guess. Thank you! [[User:LR0725|LR0725]] <small>([[User talk:LR0725|разговор]])</small> 10:09, 17 јули 2023 (CEST) |
:Sorry for repetitive calling. Can you protect [[Википедија:Огласна табла за администратори/Архива 2]], and block [[Специјална:Придонеси/139.135.53.20]]? They are changing IP continously, I guess. Thank you! [[User:LR0725|LR0725]] <small>([[User talk:LR0725|разговор]])</small> 10:09, 17 јули 2023 (CEST) |
||
::This user has many IPs. See their LTA case [[:en:WP:LTA/GRP|here]]. --[[User:Leonidlednev|Leonidlednev]] <small>([[User talk:Leonidlednev|разговор]])</small> 10:10, 17 јули 2023 (CEST) |
::This user has many IPs. See their LTA case [[:en:WP:LTA/GRP|here]]. --[[User:Leonidlednev|Leonidlednev]] <small>([[User talk:Leonidlednev|разговор]])</small> 10:10, 17 јули 2023 (CEST) |
||
== WHY TO AVOID WIKIPEDIA AKA TOTAL JOKE OF "ENCYCLOPEDIA" LIST OF ITS UTMOST NOBODODIES!!! == |
|||
antandrus (dav'd), javaHurricane, SHB2000, 1234qwer1234qwer4, mtarch11, XXblackburnXx, all are convicted stalkers & felons! [[Special:Contributions/102.67.203.94|102.67.203.94]] <small>([[User talk:102.67.203.94|разговор]])</small> 19:34, 17 јули 2023 (CEST) |
Преработка од 18:34, 17 јули 2023
Добре дојдовте на мојата разговорна страница. Потпишувајте си ги пораките ставајќи ~~~~ на крајот од нив. Отпочнете нова тема |
2006 |
Промени на наслови на статии
Здраво Бојан. Ако можеш смени ги насловите на неколку статии. Мене не ми дава да ги сменам поради премала разлика во насловот. Тие се: Малакал (остров), Источен Oстров (Ашмор и Картие), Дуги (археолошко наоѓалиште). Како што ги читаш во текстот, така да им гласи новиот наслов. Поздрав Dandarmkd (разговор) 23:17, 28 февруари 2021 (CET)
- @Dandarmkd: Готово Преместени и насекаде заманети. Извини за застојот, бев во друг град, без лептоп со мене. Ме чуди зошто не ти дава и како тоа биле премногу слични. Не сум го сретнал тоа. --Б. Јанкулоски (разговор) 08:21, 1 март 2021 (CET)
Промена на наслов
Здраво Бојан. Сакам да ја сменам статијата Македонска Радио Телевизија во Македонска радио-телевизија ама не ми дава. Пишува статијата веќе постои така нешто. Ќе може да помогнеш? Фака. Види тука број 70 под в. Така веројатно е најправилно да се пишува. Поздрав. Andrew012p (разговор) 18:32, 6 март 2021 (CET)
- @Andrew012p: Готово Секако. Го изменив насловот, како и пренасочувањата, за да водат до правилниот. Со алатката ги менувам и сите неисправни варијанти по страниците, за секаде да го има правописниот назив. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:32, 6 март 2021 (CET)
Супер. Инаку мислам статијата Воена болница да се смени во ГОБ „8 Септември" или ГОБ „8 Септември" - Слопје бидејќи Воена болница повеќе не постои. Еднаш сакав да ја сменам ама забранети се овие наслови. Ќе треба и сликата да се смени (иако логото на болницата е погрешно :) не е 8-ми туку 8) Ти што мислиш? Andrew012p (разговор) 09:24, 7 март 2021 (CET)
- @Andrew012p: Да, измената треба да биде одразена во насловот, каков што го предлагаш. Но треба да се напомене дека во таа зграда се сместени и градската општа болница и Военомедицинскиот центар на АРМ. Значи објектот е поделен на две болници, од кои едната цивилна, а другата останува воена (иако поскромна во однос на некогашната). Веројатно треба одделни статии за двете, бидејќи статијата не е за зградата туку за установата, т.е. установите. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:07, 7 март 2021 (CET)
Да во право си. Сега ми текна, сакав да ти пишам дека е поделена ама едниот дел е мал... Би требало посебни статии, да. Andrew012p (разговор) 10:13, 7 март 2021 (CET)
Исто така, информациите во статијата се стари. На пример пишува Скопски саем, а тпј повеќе не постои. Болницата има друг директор итн. Впрочем болницата нема ни мрежно место... Andrew012p (разговор) 10:18, 7 март 2021 (CET)
- @Andrew012p: Да, нема ни мрежно место, ниту информациите се тековни. Затоа реков дека бара преработка. Оттука велам, ако се смени насловот според предложеното, ќе треба промената колку-толку да има смисла во однос на најосновните напишани работи во неа, а и да се нагласи дека воената болница под поинакво име е во состав на зградата (врска кон посебна статија), но историјата на воената болница како таква ќе мора да оди во таа статија, бидејќи центарот е продолжеток на таа болница, а не на градскава. Малку посложен случај е. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:24, 7 март 2021 (CET)
--77.28.224.6 (разговор) 10:47, 12 март 2021 (CET)
- @77.28.224.6: Готово --Б. Јанкулоски (разговор) 10:55, 12 март 2021 (CET)
Промена
Здраво Бојан. Не ми дава да уредувам кај статијата Македонија. Ќе може да смениш кај демоним, наместо Македонец во Македонци (Македонец/Македонка) За пример види во статијата Србија. Така е правилно за демоним. Фала, поздрав. Andrew012p (разговор) 20:36, 12 март 2021 (CET)
- @Andrew012p: Сега би требало да е во ред. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:50, 12 март 2021 (CET)
Одлично. :) Andrew012p (разговор) 20:54, 12 март 2021 (CET)
Исто така, во статијата во предмет на википодатоци ако можеш да смениш во Југоисточна Европа. Мене не ми дава. Andrew012p (разговор) 21:16, 12 март 2021 (CET)
- @Andrew012p: Готово Сменето. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:12, 13 март 2021 (CET)
Здраво Бојан. Кај предлошката infobox television, кај делот last_aired не покажува ништо кога ќе пишам текст. Види кај статијата Самурај Џек. Ќе може да ја поправиш? Јас не знам како, Фала. Andrew012p (разговор) 19:18, 17 април 2021 (CEST)
Аа поправив, немало проблем. :) Andrew012p (разговор) 19:21, 17 април 2021 (CEST)
Здраво. Ќе може да смениш од хип хоп на хип-хоп кај Предмет на Википодатоци? Кај мене е заклучено. Фала. Andrew012p (разговор) 11:40, 7 мај 2021 (CEST)
- @Andrew012p: Сменето во сите предмети на Википодатоци кајшто се спомнува на македонски. Сега ќе видам дали сите примери на нашево вики се усогласени според правописот и, ако не се, ќе ги усогласам со алатка. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:52, 7 мај 2021 (CEST)
Здраво, сакам да создадам статија за Пипи Долгиот Чорап, но ликот. Ја создавам ама има пренасочување кон книгата со истото име. Ќе може да го избришеш пренасочувањето за да ја создадам статијата, и ако може да ми кажеш како да го променам и јас тоа во иднина. Благодарам. Andrew012p (разговор) 11:51, 11 мај 2021 (CEST)
- @Andrew012p: Ја избришав, сега не пренасочува. За во иднина, ако имаш право на бришење, тогаш се оди на јазичето „Повеќе“, па во него на „Избриши“. Треба прво да се провери кои сè статии водат кон насловот, за да се одигураме дека тие примери се исправни (на пр. сите врски што беа наречени вака, а беа за книгата, ги преправив). Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:26, 11 мај 2021 (CEST)
Здраво. Во Правописот од 2017 пишува дека голема почетна буква само на првиот дел од назимот има кај: Спортските натпреварувања, натпреварувачките лиги и спортските клубови: Прва макеɡонска фуɡбалска лига, Лига на шампиони, Светски куп, Примера, Серија А, Премиер лига; Варɡар, Металург, Работнички, Шкенɡија, Манчестер јунајтеɡ, Манчестер сити, Ливерпул, Астон вила, Реал Маɡриɡ, Лацио, Баерн Минхен, Борусија Дортмунɡ, Бешикташ, Фенербахче. Ова го пишува под бр. 80. А тука, кај сите статии за спортски клубови (сосе предлошки) се со голема буква на секој дел. Пр. Манчестер Сити (сити), Чикаго Булс (булс) или Лос Анџелес Лејкерс (лејкерс со мала) Andrew012p (разговор) 11:40, 12 јуни 2021 (CEST)
- @Andrew012p: Проблемот ми е познат веќе подолго време, и очигледно е дека авторот на тие статии не бил доволно правописно запознаен. Досега се немам зафатено да ги правам тие промени бидејќи сум немал опфатен список. Доколку некој може да ми даде список на имиња за исправка, тогаш ќе земам да ги исправам со алатка, за да не биде менувањето половично и спорадично. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:47, 12 јуни 2021 (CEST)
Здраво. Кај Подигни податотека пишува „било какво“, а правилно е какво било. (в. Правопис број 160) Andrew012p (разговор) 17:24, 19 јули 2021 (CEST)
- @Andrew012p: Готово Сменето и таму, и сега менувам во сите реченици на енциклопедијава. Интересно, отсекогаш сум мислел дека двете се подеднакво точни, и не знам по која основа го тврдат тоа. Но штом така вели правописот, така нека биде. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:44, 20 јули 2021 (CEST)
Здраво, тукушто дознав од П. Неделковски дека правилно било пр. н.е, а НЕ п.н.е. Ова ме изненади ама навистина е така. Види кај правописот стр. 161. Ова е голем проблем, зашто кај сите статии треба промена... И плус, на Гугл транслејт го превеедува како п.н.е, најверојатно сè уште не е ажуриран со новиот правопис од 2017. Andrew012p (разговор) 20:08, 25 јули 2021 (CEST)
- Здраво @Andrew012p:. Ова ми е познато уште одамна, и не сум зел да го менувам бидејќи до скоро немавме соодветни алатки, а и се надевав дека ќе излезе некое наредно издание на правописот кајшто ќе се поправи оваа нелогичност. Сепак, по сè се чини дека ќе мораме да го направиме тој зафат, кој вклучува не само голем број спомнувања, туку предлошки, синтакси, преместување голем број страници и сл. Ќе гледам да го отпочнам процесот ако успешно се согласиме со другите кои се занимаваат со техничката страна на енциклопедијата. --Б. Јанкулоски (разговор) 10:11, 26 јули 2021 (CEST)
Аха, е па добро тогаш. Патем, ќе може ли со алатка да смениш секаде каде што пишува теквондо? Правилно е таеквондо. Пробав рачно ама има многу страници. Andrew012p (разговор) 19:18, 27 јули 2021 (CEST)
- Теквондо несомнено треба да стои така. Самогласките една до друга во корејскиот (т.е. неговата латинизација) означуваат посебен глас кој не е во стандардната латиница (како кај францускиот и многу јазици), а не два гласа, или пак означува глас што нормално кај нас би бил една буква, ама им личел невообичаен за тие што ја вршеле транскрипцијата, па затоа му дале две (во овој пример во табелава се гледа дека ae е идентичен на македонскиот глас е). Во други ситуации, гласот го предаваме со нам најблискиот глас (на пр. eu со у). Seoul е Сеул, Baektu e Пекту (p/b и ch/j се друго правило, тука нерелевантно). Што и да напишале некои некаде, се гледа дека не го зеле ова предвид и дека не се разбираат, па затоа останува според претходно дадените правила. Во спротивно ќе биде Сеоул место Сеул и така натаму. Споменатите правила нека бидат водич. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:53, 28 јули 2021 (CEST)
Во право си. Ги вратив страниците во теквондо. Andrew012p (разговор) 18:47, 28 јули 2021 (CEST)
Здраво, мислам дека треба да биде „ABC-транспортер“ кај избраната статија. Што мислиш ти? Види број 123 и 124 од Правописот. Andrew012p (разговор) 22:16, 16 август 2021 (CEST)
- @Andrew012p: Да, апсолутно. Обично менувам кога ќе наидам на такви случаи, но секогаш остануваат работи. Добро забележано. Сега го сменив насекаде. Б. Јанкулоски (разговор) 05:11, 17 август 2021 (CEST)
Здраво, ќе можеш да ставиш тире (—) наместо цртичка (-) кај статијата Гоце Делчев? На почетокот кај кога е роден и починат. Кај мене е заклучено. Исто така кај МПЦ — Охридска архиепископија. Скоро кај сите статии за цркви ја има оваа грешка. На пример Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези. И дали да го користиме пократкото тире (–) или подолгото (—) бидејќи веќе го користиме тоа подолгото на почетокот на сите статии како кај Руската вики. Во Правописот е другото ама нема правило за должина. Andrew012p (разговор) 17:24, 9 септември 2021 (CEST)
- @Andrew012p: Некористењето на тире во такви ситуации е од практична причина. За разлика од некои други јазици, нашата тастатура нема тире како стандарден знак и нема навика за негово користење (за разлика од рускиот, на пример, бидејќи таму многу почеста синтаксна улога. Оттука, проблемот со користење на тирето е што ги прави статиите непребарливи, и попречува во ставањето на врски до постоечки статии. Од истата причина е и неговото некористење кај годишни/датумски опсези како роден-починат и сл. Од друга страна, користењето на тире на самиот почеток по поимот/одредницата е обичај во македонската лексикографија (на пр. Македонската енциклопедија), или пак кога велиме посочуваме нечие занимавање во список (на пр. во рубриката за денешен ден на Главната страница). Сè се сведува на тоа дали работата е изводлива од практичен поглед кон нам расположивата опремат и навиките. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:25, 9 септември 2021 (CEST)
Да, но правописно мора кај статијата Гоце Делчев и МПЦ — Охридска архиепископија да стои тире. Види стр. 137 под в. Дури има пример за едното — стр. 149 употребено е тире наместо цртичка. Ситница е ама сепак е правопис. Јас само се двоумам дали да употребам кратко тире (–) од Правописот или долго (—) како на Википедија, бидејќи нема правило за должина па би требало и двете да се точни. Andrew012p (разговор) 17:45, 10 септември 2021 (CEST)
- @Andrew012p: Може во самата статија, да. За краткото тире, дури и да го најдеме, ќе биде само збунително за луѓе, но можеш да ставиш внатре. Во самите имиња на статиите е приблематично од гореспоменатите причини. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:27, 11 септември 2021 (CEST)
Здраво, дали ќе може да ги смениш имињата на следниве статии? „Драган Ѓаконовски - Шпато“ не може да се премести на „Драган Ѓаконовски-Шпато“, бидејќи насловот „Драган Ѓаконовски-Шпато“ е забранет за создавање. Се совпаѓа со следнава ставка на црниот список: И: Веќе постои страница на Кузман Јосифоски-Питу и Јосип Броз-Тито, или името што го одбравте е неважечко. Изберете друго име. Види бр. 137 (стр. 67) од Правописот. Треба слеано со цртичка. Поздрав. Andrew012p (разговор) 19:51, 19 декември 2021 (CET)
- @Kiril Simeonovski: дали знаеш зошто системот го забранува ова? Знам дека имаше идеја да се регулираат можни наслови за да наметнеме правописно именување, па се прашувам ова да не е некој пропуст? --Б. Јанкулоски (разговор) 07:38, 20 декември 2021 (CET)
- Јас успеав да ја преименувам статијата во „Драган Ѓаконовски-Шпато“ и притоа немав никаков проблем. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 08:54, 20 декември 2021 (CET)
@Кирил, ако можеш и статиите Кузман Јосифовски-Питу и Јосип Броз-Тито да ги промениш (и двете треба со цртичка слеано да бидат, а сега се одвоени). Пробав јас, но ми пишува дека страницата веќе постои. Најверојатно треба да се избрише пренасочувањето, јас не знам како тоа треба. Andrew012p (разговор) 18:21, 20 декември 2021 (CET)
- Обете статии се преименувани.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:29, 20 декември 2021 (CET)
Здраво, кај Македонскиот викиречник на почетната страница има некои правописни грешки, но на мене не ми дава да ги сменам. Ако можеш те молам промени ги. Тие се: 30 ноември без точка и добре дојдовте одвоено. Благодарам, поздрав. :) Andrew012p (разговор) 20:26, 24 февруари 2022 (CET)
- @Andrew012p: Благодарам на укажувањето. Исправено. --Б. Јанкулоски (разговор) 22:30, 24 февруари 2022 (CET)
Здраво, има две статии за иста тема. „Земја на Франц Јосиф“ и „Земјата на Франц Јосиф“. Ако не ти е проблем едната да ја избришеш, но која? Според мене поправилно е со членување, но не сум сигурен. Благодарам, поздрав. Andrew012p (разговор) 14:46, 12 март 2022 (CET)
- @Andrew012p: Средено. Сеа е само една статија, адругата е пренасочување. Инаку, имињата земјите не се водат членувано во ниеден случај (оова важи и за Доминиканска Република, Брег на Слоновата Коска и било што друго), туку само при нивно соодветно спомнување во текст или говор. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:40, 12 март 2022 (CET)
Здраво, кај статијата Кантербери и Кантербериски приказни, зошто би било со „а“ наместо со „е“? Кентербери и Кентербериски приказни. Бидејќи во другите словенски јазици е со „е“, зошто кај нас обратно? Поздрав. Andrew012p (разговор) 13:12, 11 јуни 2022 (CEST)
- @Andrew012p: Здраво Андреј. Правилата за предавање на англиски самогласки во македонски обично се водат по околните согласки — најчесто според тоа дали фонемите пред и по согласката се звучни или безвучни. Ова особено важи за фонемата <æ> Други словенски јазици имаат свои правила на транскрипција (предавање) на англискиот. Ова подобро би се илустрирало од тековниот македонски Правопис со примерот со Алис и Мет на стр. 180 (и целиот тој пасус), како и со релевантните примери во табелата на стр. 187. Секако, сето ова поаѓа од стандардниот британски изговор (RP) како нормативен во Македонија, и од таа гледна точка американските веријанти каде тоа би звучело повеќе како е се сметаат за нестандардни и по нив не се води нашата официјална транскрипција. Од табелите можеш да видиш дека за нив постои извесна толеранција, кајшто а и е се прифатливи, но во практика и нив ги диктира македонската фонологија. --Б. Јанкулоски (разговор) 14:08, 11 јуни 2022 (CEST)
Благодарам за појаснувањето. Andrew012p (разговор) 18:30, 11 јуни 2022 (CEST)
Здраво, според мене страницата Големо стапало треба да се премести во Бигфут. Попознато е така и мислам дека кога е во оригинал се задржува автентичноста. Поздрав. Andrew012p (разговор) 13:34, 31 јули 2022 (CEST)
- @Andrew012p: Готово Преместено. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:43, 31 јули 2022 (CEST)
Здраво, гледам си го променил Зелениот фенер со мала буква. Ако го гледаме како псевдоним (Правопис бр. 59, стр. 43) или име на уметнички лик (бр. 63 под а, стр. 44) тогаш треба со голема буква да биде. Што мислиш ти? Поздрав. Andrew012p (разговор) 11:45, 1 август 2022 (CEST)
- @Andrew012p: Вратено. Самиот наслов не личеше на име, но моја грешка што не прочитав во текстот. --Б. Јанкулоски (разговор) 11:51, 1 август 2022 (CEST)
Здраво, кај предлошката Update и Ажурирање има англизам „рефлектира“. Треба да се промени, на пример, „одрази“? Што мислиш ти? Тука го има и „информации“, но мислам дека нема со што да се замени. И ако може да се промени статијата „Беретка“ во „Баретка“, затоа што баретка е поправилно. Кај мене пишува дека веќе постои. Поздрав. Andrew012p (разговор) 21:30, 27 септември 2022 (CEST)
- Не сум ја ни забележал, инаку сигурно ќе сум поправел. Сега е изменето. Исто така, ја сменив и „беретка“ во „баретка“. Б. Јанкулоски (разговор) 23:18, 27 септември 2022 (CEST)
Здраво, дали можеш да видиш што е со предлошката Инфокутија видеоигра и Infobox Video Game кај додавањето на слики? Ја подигам сликата, но никако не ми се појавува на предлошката. На пример кај „Halo: Combat Evolved“. Andrew012p (разговор) 16:58, 15 октомври 2022 (CEST)
- Решено. Направив преработки во инфокутијата и поврзаниот модул. Б. Јанкулоски (разговор) 01:47, 16 октомври 2022 (CEST)
- Пишува дека инфокутијата не постои? Andrew012p (разговор) 12:25, 17 октомври 2022 (CEST)
- Ја бев поправил работата, правејќи измени во Модул:Infobox, но гледам дека Carshalton ми ги вратил измените. Обрати се кај него и прашај го зошто го направил тоа, за да не испадне да си ги враќаме измените без да ги знаеме причините. Б. Јанкулоски (разговор) 09:55, 18 октомври 2022 (CEST)
- Причината беше што се беше изместено, гледам подолу дека и самиот си сватил. Пробав со неколку промени не сакаше да се намести и на крајот ја вратив. Потоа сум заборавил да ти пишам, се извинувам моја грешка. Инаку во вакви статии како оваа за видеоиграта каде што не ја дава сликата доволно е само напред да се додаде - Податотека: и потоа линкот од сликата. Еве сега работи. Поздрав Carshalton 11:21, 23 октомври 2022 (CEST)
- Ја бев поправил работата, правејќи измени во Модул:Infobox, но гледам дека Carshalton ми ги вратил измените. Обрати се кај него и прашај го зошто го направил тоа, за да не испадне да си ги враќаме измените без да ги знаеме причините. Б. Јанкулоски (разговор) 09:55, 18 октомври 2022 (CEST)
- Пишува дека инфокутијата не постои? Andrew012p (разговор) 12:25, 17 октомври 2022 (CEST)
Здраво, што се случи со инфокутијата за видеоигри? Му пишав на Carshalton пред неколку дена, но ми нема вратено, а треба да се врати таа инфокутија затоа што пишува дека не постои на ниту една статија. Andrew012p (разговор) 20:35, 21 октомври 2022 (CEST)
- Го вратив по мое, и сега инфокутијата е добра, а потоа Carshalton кога ќе може нека се изјасни во што била работата. Секоја нова на разговоров (нова констуалција или барање) ставај ги во посебен наслов/заглавие, во спротивно многу ми е тешко да се снајдам за да го најдам она што си ми го пишал. Ова сега е воред, ама инфокутијата требаше да биде еден поднаслов, а претходно јазичната идеја друг. Инаку системот е таков што не ми кажува што е напраевно. Така пишуваме сите. Поздрав. Б. Јанкулоски (разговор) 21:27, 21 октомври 2022 (CEST)
Сепак морав да ја вратам на верзијата на Carshalton, бидејќи самиот увидов во што е работата. Ги застранува сите слики на лево и прави сè многу грдо и исчашено. Пробав да најдам решение со некои поврзани модули, ама не ми успеа. Бидејќи проблемов ја засега само кутијата за видеоигри, ќе мора да ја жртвуваме неа за сметка на сите други безброј инфокутии каде сликата застранува. Засега нема друго решение, ќе мора да го избереме помалото зло додека не се побара помош од техничарите на Викимедија. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:13, 22 октомври 2022 (CEST)
Честота
Здраво, што мислиш за статијата „Фреквенција“ да се промени во „Честота“ (помакедонски) како што стои во Дигиталниот речник? Andrew012p (разговор) 14:22, 6 октомври 2022 (CEST)
- @Andrew012p: Ова уште одамна сме го разгледувале, ама се чини дека е премногу навлезено за да биде соодветно, за жал. Но, го повикувам @Инокентиј: како физичар и почитувач на јазикот да даде свое мислење. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:54, 6 октомври 2022 (CEST)
- @Andrew012p: и @Bjankuloski06: Како што укажа Бојан во литературата е секаде фреквенција, но тоа не спречува да се користи македонски јазик бидејќи во првиот превод на книга за средно физика од 1945 година превземени се руските именувања и стои честота за да се исфрли со текот на времето и замени со фреквенција најверојатно од подоцнежните автори на учебници.
- @Andrew012p: Ќе постапам така. Повеќе не треба да се користи тој неразумен странцизам. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:53, 7 октомври 2022 (CEST)
- @Bjankuloski06: Одлично. :) Andrew012p (разговор) 10:34, 7 октомври 2022 (CEST)
- @Bjankuloski06:, А за Античка Македонија да се промени во Древна Македонија или Стара Македонија? Знам дека во сите книги е Античка, но мислам дека имаме подобар избор тука. Патем, во Дигиталниот речник е наведено дека антички доаѓа од „антика (antiquity)“, а древно (старо) е „ancient“. Јас повеќе би одел со древно (Древна Македонија, Древен Рим итн.), но може и Стар(о/а) секако ако повеќето се согласат. На семрежјето ова пишува: „Разликите се помалку различни помеѓу древноста и античкото со примарната разлика што второто не се однесува на луѓето. Тоа е исто така „постаро“ од древноста, по степен. . . The differences are less distinct between ancient and antiquity with the primary difference being the latter doesn't apply to people. It is also “older” than ancient, as a matter of degree . . . Antiquate is strictly a verb which causes things to become obsolete while antique is things which are old but valued.“ Според ова, древно е општо за многу старо, а антички се конкретните древни времиња пред средниот век. Затоа најверојатно и треба да си остане Антички, не знам... Andrew012p (разговор) 20:47, 7 октомври 2022 (CEST)
- @Andrew012p: И јас сум на тоа мислење, да остане поради тоа што периодот се нарекува така. Сепак, кога пишувам придавки, често велам древномакедонски или старомакедонски, претпочитајќи го првото. Тоа е аномалија, ама делува поприфатливо од „античкомакедонски“. Но самат аименка би си останала каква што е. (Англискиот, од своја страна, прави дополнителна збунка што нема одделни зборови за древност и антика, но за среќа тој проблем не е присутен кај нас.) --Б. Јанкулоски (разговор) 01:01, 8 октомври 2022 (CEST)
- @Bjankuloski06:, А за Античка Македонија да се промени во Древна Македонија или Стара Македонија? Знам дека во сите книги е Античка, но мислам дека имаме подобар избор тука. Патем, во Дигиталниот речник е наведено дека антички доаѓа од „антика (antiquity)“, а древно (старо) е „ancient“. Јас повеќе би одел со древно (Древна Македонија, Древен Рим итн.), но може и Стар(о/а) секако ако повеќето се согласат. На семрежјето ова пишува: „Разликите се помалку различни помеѓу древноста и античкото со примарната разлика што второто не се однесува на луѓето. Тоа е исто така „постаро“ од древноста, по степен. . . The differences are less distinct between ancient and antiquity with the primary difference being the latter doesn't apply to people. It is also “older” than ancient, as a matter of degree . . . Antiquate is strictly a verb which causes things to become obsolete while antique is things which are old but valued.“ Според ова, древно е општо за многу старо, а антички се конкретните древни времиња пред средниот век. Затоа најверојатно и треба да си остане Антички, не знам... Andrew012p (разговор) 20:47, 7 октомври 2022 (CEST)
- @Bjankuloski06: Одлично. :) Andrew012p (разговор) 10:34, 7 октомври 2022 (CEST)
- @Andrew012p: Ќе постапам така. Повеќе не треба да се користи тој неразумен странцизам. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:53, 7 октомври 2022 (CEST)
Не викајте ме Торбеш
Здраво! Дали има можност на mk-wikisource да ја ставите песната на македонскиот поет Саме Лимани - Жарноски — „Не викајте ме Торбеш“? Целата верзија ја има на [1], a има и видеорецитал на [2]. Поздрав, --Горец (разговор) 00:44, 16 март 2021 (CET)
- Здраво @Горец:. За жал, не смееме да го објавиме таму бидејќи немаат одминато 70 години од смртта на авторот и не е народна умотворба. Тоа се строги правила. Ја избришав страницата за песната овде бидејќи е пренасочување. Секако, може да има статија која ја обработува песната и цитира елементи од неа (и во надворешни врски дава страница кајшто целата е објавена), но на Викиизвор, за жал, не може да стои. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:57, 16 март 2021 (CET)
Switch button
Здраво Bjankuloski06, дали ќе можеш да создадеш en:MediaWiki:Gadget-switcher.js, за да се појавува switch button инфокутиите со повеќе карти (пр. en:London, Лондон). Поздрав.--Buli (разговор) 14:18, 16 март 2021 (CET)
- Здраво @Buli:. Ја направив страницата, но не ми се верува дека ќе работи, бидејќи има некакви прилагодувања во инфокутиите и можеби на трети места кои досега не сум успеал да ги воведам и се проблематични. Види дали работи од твоја страна. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:41, 16 март 2021 (CET)
Blocked
[2] He did a mistake and delete this and only to know that he was blocked by you.-
- Готово If I understood correctly, it's done. --Б. Јанкулоски (разговор) 03:03, 26 март 2021 (CET)
I apologize and thank you it was never my intention to do that my edit was a mistake then I realized it was full of hate speech.
Институтот за македонска литература
Здраво Bjankuloski06, ти пишувам во врска со именувањето на Институтот за македонска литература, којшто е променет во Институт за македонска книжевност. Според основните статутарни одредби, при формирањето го добива името -за литература и како таков е носител на високо-образовна функција. Поздрав Sandanjane (разговор) 20:23, 2 април 2021 (CEST)
- @Sandanjane: Добро забележано, благодарам. Промените ги правев со алатка за да се користи поимот книжевност секаде каде што е прикладно, и таа го сменила и овде, каде не треба да се менува бидејќи е официјално име. Сега го поправив. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 21:13, 2 април 2021 (CEST)
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)
Hello Bjankuloski06, When you have the time, could you take a look at this article en: Stefania Turkewich? I have been trying to get it into Wikipediaes other than English and have had some success during the Wiki Gap project. If it interests you, could you do a version of it for the Macedonian Wikipedia for the „СИЕ Пролет 2021“ project? Stefania was the first woman composer of classical music in Ukraine. Nicola Mitchell (разговор) 21:48, 11 април 2021 (CEST)
- Hello Bjankuloski06, Can you take a look at this article Стефанија Туркевич and when you have time, and improve its grammar? You have helped with language on my other articles. Thank you. Nicola Mitchell (разговор) 17:05, 21 август 2021 (CEST)
- @Nicola Mitchell: Certainly. The machine-helped translation is not very good, so one has to go to another language version in order to get a proper sense whether the thing was translated well enough or not, quite apart from simply correcting grammar. But it is my own time and priorities that prevented me from making this article earlier. I shall correct it whenever I have the convenient moment. Thank you. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:58, 22 август 2021 (CEST)
- Thank you for this! Nicola Mitchell (разговор) 12:37, 22 август 2021 (CEST)
Термини во астрологијата
Бојан здраво, во астрологијата не се користи терминот „неподвижни“ ѕвезди, туку фиксни. Гледам си менувал со Автовики, ама треба да ги вратиш тие промени. Поздрав - Виолетова (разговор) 12:02, 28 април 2021 (CEST)
- @Виолетова: Не сум знаел. Мислам дека сега се вратени во сите астролошки контексти по статиите. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:24, 28 април 2021 (CEST)
- Во ред. Поздрав - Виолетова (разговор) 12:51, 28 април 2021 (CEST)
Тајната вечера
Здраво! Моментално Тајната вечера пренасочува на Тајната вечера (слика). Може ли да создадете објаснувачка страница Тајната вечера каде што би имало и линк до христијанскиот термин Тајна вечера? Поздрав, --Горец (разговор) 21:49, 30 април 2021 (CEST)
- Здраво @Горец:. ја средив да пренасочува кон „Тајна велчера“ како поим за настанот. Нема потреба од врска до појаснувања, бидејќи главната одредница треба да е резервирана за библискиот настан — и таква и е. Оваа членувана страница просто ја пренасочив кон нечленуаната, која е за библискиот настан. Не е дека е непожелно да има појаснителна страница, но таа треба да е со наставка (појаснување) место само наслов, и треба да содржи повеќе дела. Сакам да речам дека е вон делокругот на овој проблем кој ми се посочува. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:03, 1 мај 2021 (CEST)
- Одлично! Така е најсоодветно. Поздрав, --Горец (разговор) 15:42, 1 мај 2021 (CEST)
Замолба
Е, можеш ли избрисати и заштитити ову страницу тако да је могу стварати само администратори? Ријеч је о дугогодишњој кампањи самопромоције на малом милиону викија. Хвала унапријед. – Srđan (разговор) 13:30, 11 мај 2021 (CEST)
- @Srđan: Здраво Срђане. Видим каква је ситуација, и да је ово заправо препоручио Бенце. Избрисали смо је раније, али неко је опет створио. Сада требало би да има пуну заштиту од стварања. Види се да је самопромоција, чак и кад се претражи име овој момка на Гуглу. Хвала за напомену. --Б. Јанкулоски (разговор) 13:52, 11 мај 2021 (CEST)
Поградец
Здравей! Видя, че търсиш информация за селата около Поградец, мога да ти пратя каквото имам. Дай имейл. Видях, че на някой места за селата си се позовавал на Бранислав Русич. Ако имаш някои отт ези материали може ли да ми ги пратиш? Архив на МАНУ, к-2, АЕ 87/I-III; Преспа и градчето Ресен.
Архив на МАНУ, к-5, АЕ 97/I-II; областта Железник (Демир Хисар)
Архив на МАНУ, к-4, АЕ 95/ 1Б, 1-296.; област Славище;
Архив на МАНУ, к-5, АЕ 9 6 /1 В, 1-236; област Пиянец и Делчевска Осоговия.
Архив на МАНУ, к-9, AE 116/ II I, 1-161; Радивишко
Архив на МАНУ ф. Бранислав Русиќ, к- 3, АЕ 88/1, 44; Стружко.
- @Kanalcek: А да, благодарам многу. Многу ме интересира тој крај. Одлично е што имаш материјали. Пиши ми тука. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 11:13, 31 мај 2021 (CEST)
Река Луда Мара
Добар ден пријатели. - - Јас пишувам статии за Македонија на еовики. Јас преведувам скоро суштински од mkwiki. Во исто време, овде наидов на некои недоследности. На пр. напис „Паљурци (езеро)“. Овде пишувате дека браната е изградена на реката Луда Мара, која можеби тече околу градот Богданци. Сепак, написот „Луда Мара“ кажува нешто друго. Па, како е тоа правилно? Ви благодариме за објаснувањето и за исправката. Со почит. --JaKoRa (разговор) 13:38, 2 јуни 2021 (CEST)
- Добар ден @JaKoRa:. Направив истражување по сите наши извори (книги за реките во Македонија, енциклопедии, лексикон и детални топографски карти), и насекаде пишува дека реката на која лежи Паљурци навистина се вика Луда Мара. Иако е очигледно дека тие две реки се неповрзани (а имаат исто име), ниеден извор не дава информации за двете реки одделно. Го повикувам @Ehrlich91: да каже дали има некои сознанија. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 06:27, 3 јуни 2021 (CEST)
- @JaKoRa:Најверојатно реката во Богданци е доста мала и затоа ја немаме со посебна статија или е на ниво на поток или непостојан водотек, па оттаму и недоразбирањето. --Ehrlich91 (разговор) 21:15, 4 јуни 2021 (CEST)
- Добар ден. Го разбирам твоето објаснување. Во написот „Паљурци (езеро)“ ја изменив врската до „Луда Мара (Богданци)“. Имајте убав ден.--JaKoRa (разговор) 07:04, 6 јуни 2021 (CEST)
- @JaKoRa:Најверојатно реката во Богданци е доста мала и затоа ја немаме со посебна статија или е на ниво на поток или непостојан водотек, па оттаму и недоразбирањето. --Ehrlich91 (разговор) 21:15, 4 јуни 2021 (CEST)
Категории
Бојан, која е поентата од додавање на Категорија:Општини во Долна Саксонија во статиите, кога сите статии согласно параметрите во рамките на направената инфокутија ја добиваат таа категорија стандардно? --Ehrlich91 (разговор) 18:08, 16 август 2021 (CEST)
Бидејќи утврдив дека тоа во инфокутијата не работи како што треба, во спротивно немаше да, ми ги даде како отсутни. Лесно ќе се отстранат кога тоа ќе поработи. Тоа ми беше размислувањето. Б. Јанкулоски (разговор) 20:22, 16 август 2021 (CEST)
Request writing about Isabelle de Charrière (Q123386)
Hello Bjankuloski06 Would you like to write about Isabelle de Charrière (Q123386) for the MK Wikipedia? Maurice Quentin de la Tour made two pastels of her. That would be appreciated. Boss-well63 (разговор) 16:24, 17 септември 2021 (CEST)
Статија Данијела Костадиновиќ
Ве молам можете ли да ја решите заплетката на страната Данијела Костадиновиќ? Здраво! 109.92.158.1 (разговор) 00:14, 9 ноември 2021 (CET)
- Благодарам, Бојан 109.92.158.1 (разговор) 00:50, 9 ноември 2021 (CET)
- @109.92.158.1: Нема проблем. Подоцна ќе се обидам ја поправам инфокутијата, бидејќи не прикажува податоци. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:51, 9 ноември 2021 (CET)
Бришење на 5 статии за македонски хералди и персеванти
Поздрав, Ehrlich9 има избиршано 5 статии за македонски хералди и персеванти (Главен хералд, Вардарски хералд, Еригонски хералд, Брегалнички персевант, Пчински персевант) кои се спомнуваат во статиите хералд, грбовен службеник, македонско грбословно друштво и на други...) Дадениот коментар е дека станува збор за: Очигледно рекламирање/спам. Се обидов неколку пати да стапам во контакт со Ehrlich9 барем да ми ги врати текстовите за да се вклучат во страницата на Македонското грбословно друштво ако не се достојни да стојат посебно но без успех. Jonovski (разговор) 21:51, 10 ноември 2021 (CET)
- Здраво Јован. По википедиските правила, треба да стојат во главната статија за здружението, и да бидат напишани со неутрален јазик. Ќе ги извадам текстовите и ќе посочам од каде да се прекопираат. На оваа страница се избришаните статии. Пред секоја од нив има „Измени видливост“ и до него датум и време. Кога ќе сте стисне на секој од тие датуми, се покажува статијата каква што била. Тоа се текстовите што би се прекопирале. Поздрав. Б. Јанкулоски (разговор) 23:31, 10 ноември 2021 (CET)
- Посочената страница е достапна само за администратори Jonovski (разговор) 01:07, 11 ноември 2021 (CET)
- @Jonovski: Не знаев. Ајде да пробаме тогаш дали ќе бидат достапни ако ставам непосредни врски:
- Посочената страница е достапна само за администратори Jonovski (разговор) 01:07, 11 ноември 2021 (CET)
Се надевам дека вака ќе биде во ред. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:24, 11 ноември 2021 (CET)
- Не сака, вели само за администратори. Ако не некако да ми го пратис текстот? или да ги ставиш на страната на МГД на соодветни места? Jonovski (разговор) 12:49, 11 ноември 2021 (CET)
- Ова би требало да работи. Ги ископирав содржините од сите статии во оваа моја потстраница. Прекопирај го кодот од секој дел каков што е (на секој имам ставено наслов). Б. Јанкулоски (разговор) 13:03, 11 ноември 2021 (CET)
delete these
How we will see unregistered users
Hi!
You get this message because you are an admin on a Wikimedia wiki.
When someone edits a Wikimedia wiki without being logged in today, we show their IP address. As you may already know, we will not be able to do this in the future. This is a decision by the Wikimedia Foundation Legal department, because norms and regulations for privacy online have changed.
Instead of the IP we will show a masked identity. You as an admin will still be able to access the IP. There will also be a new user right for those who need to see the full IPs of unregistered users to fight vandalism, harassment and spam without being admins. Patrollers will also see part of the IP even without this user right. We are also working on better tools to help.
If you have not seen it before, you can read more on Meta. If you want to make sure you don’t miss technical changes on the Wikimedia wikis, you can subscribe to the weekly technical newsletter.
We have two suggested ways this identity could work. We would appreciate your feedback on which way you think would work best for you and your wiki, now and in the future. You can let us know on the talk page. You can write in your language. The suggestions were posted in October and we will decide after 17 January.
Thank you. /Johan (WMF)
19:18, 4 јануари 2022 (CET)
Помош
Здраво Бојан. Итно ми треба помош. Во Српската википедија пишуваат северномакедонски наместо македонски. Јас секако не го дозволив тоа, и ги заклучија статиите со промени. Им објаснив дека според Преспанскиот договор само името на државата се смени, а не и придавките и националноста. Те молам оди кај статијата 2bona на српската статија и види во „разговор“ и „историја на уредувања“. Администраторите одлучија да направат дискусија и ќе видат што ќе направат на нивната Википедија. Помогни :) Поздрав. Andrew012p (разговор) 20:42, 8 јануари 2022 (CET)
- @Andrew012p: Извини за задоцнувањето, сега гледам дека Тони веќе интервенирал на истиот начин како и јас. Мислам дека тоа е засега доволно, и би се вклучувал само ако работите се усложнат до степен да треба дополнителен човек. Поздрав. --Б. Јанкулоски (разговор) 06:47, 9 јануари 2022 (CET)
- @Andrew012p и Bjankuloski06: На Wiktionary на сите јазици додаваат северномакедонски/North Macedonian, па дури и на самата македонска статија. Мислам дека е редно некои повисоки институции да почнат да реагираат, во спротивно само губиме време со разни пропагандисти на Wikipedia/Wiktionary. Што се однесува до придавката на Wiktionary, ако ништо друго, треба да биде означена како derogatory, како што е означен, на пример, терминот шиптарски. Горец (разговор) 22:13, 10 јануари 2022 (CET)
- @Горец: Го обележав зборот за бришење и ја наведов причината, а го опоменав и корисникот кој го создал на неговата корисничка страница за разговор. Во врска со англискиот збор, мислам дека не можеме многу да направиме затоа што е доста навлезен во англискиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:47, 10 јануари 2022 (CET)
- @Kiril Simeonovski: Како придавка зборот може и да стои, на пример, имаме северномакедонско наречје (кое не е придавка изведена од името на државата, како што таму го претставиле во дефиницијата, туку означува регионална дијалектна или фолклорна особеност на македонскиот јазик и/или Македонците од северните краеви). Како што има источномакедонски, западномакедонски. Проблемот на Wiktionary е тоа што на англиската статија North Macedonian во одделот Translations свесно и намерно додаваат термини за превод на останати јазици, за придавка и националност, изведени од името на државата „Северна Македонија“. Истиот корисник таму додал Северномакедонец и Северномакедонка. Придавката ја додал и на статијата за Северна Македонија. Горец (разговор) 23:37, 10 јануари 2022 (CET)
- @Горец: Некако успеавме да се спогодиме да се промени значењето на зборот и да се создадат страници за придавките „источномакедонски“, „јужномакедонски“ и „западномакедонски“. Во врска со изведените зборови „северномакедонски“ и „Северномакедонци“ на другите јазици, тоа е само логична последица на промената на името затоа што еден обичен правен договор не може да го попречи природниот развој на јазикот. Јасно беше уште од самиот почеток дека цементирањето на македонскиот идентитет со Преспанскиот договор е флоскула наменета за прости луѓе и јасно е дека од ден во ден сè почесто на другите јазици сме ословувани како „Северномакедонци“, а нашата култура како „северномакедонска“. Ова е работа којашто не можеме да ја спречиме. Единствено што ни преостанува е да се бориме овие изведенки да не се употребуваат во македонскиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:59, 11 јануари 2022 (CET)
- @Kiril Simeonovski: Како придавка зборот може и да стои, на пример, имаме северномакедонско наречје (кое не е придавка изведена од името на државата, како што таму го претставиле во дефиницијата, туку означува регионална дијалектна или фолклорна особеност на македонскиот јазик и/или Македонците од северните краеви). Како што има источномакедонски, западномакедонски. Проблемот на Wiktionary е тоа што на англиската статија North Macedonian во одделот Translations свесно и намерно додаваат термини за превод на останати јазици, за придавка и националност, изведени од името на државата „Северна Македонија“. Истиот корисник таму додал Северномакедонец и Северномакедонка. Придавката ја додал и на статијата за Северна Македонија. Горец (разговор) 23:37, 10 јануари 2022 (CET)
- @Горец: Го обележав зборот за бришење и ја наведов причината, а го опоменав и корисникот кој го создал на неговата корисничка страница за разговор. Во врска со англискиот збор, мислам дека не можеме многу да направиме затоа што е доста навлезен во англискиот јазик.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:47, 10 јануари 2022 (CET)
- @Andrew012p и Bjankuloski06: На Wiktionary на сите јазици додаваат северномакедонски/North Macedonian, па дури и на самата македонска статија. Мислам дека е редно некои повисоки институции да почнат да реагираат, во спротивно само губиме време со разни пропагандисти на Wikipedia/Wiktionary. Што се однесува до придавката на Wiktionary, ако ништо друго, треба да биде означена како derogatory, како што е означен, на пример, терминот шиптарски. Горец (разговор) 22:13, 10 јануари 2022 (CET)
Грешка во Lua во Модул
Здраво! На неколку статии за украински градови забележав порака со грешка под самата мапа, како на Луганск, Лавов, Одеса, Липовец, Луцк, Пирjатин, а има една грешка и на Харков. Поздрав. --Горец (разговор) 22:02, 10 јануари 2022 (CET)
- А, да. Треба да го направам модулот за украинската карта. Откако наметнаа нов начин на приказ, проблемов се јавува и досега не сум нашол решение. Некаде и покрај модулот, пак не сака да прикаже. Ќе го направам, и ќе видиме дали ќе биде во ред. Б. Јанкулоски (разговор) 00:57, 11 јануари 2022 (CET)
- @Горец: Средено. Мислам дека сега сите статии се во ред. --Б. Јанкулоски (разговор) 09:48, 11 јануари 2022 (CET)
Калевала
Претпоставувам дека преводот на Википедија е направен од српски јазик, користејќи го издането на РАД од 1964 год, каде што преводот е направен директно од фински јазик (јас го имам изданието на РАД од 1980 год.). Имам забелешка кон „преводот“ на името на главниот јунак Väinämöinen, чие што име е можеби „слепо“ преземено од српскиот превод. Сметам дека при „превод" на Väinämöinen, нема место за „ј" во преводот. Јас би го напишал како Ваинамеинен. Јас си го изговарам како Väinämöinen; сум престојувал во Финска како студент, често патувам таму и добро ми е познат изговорот на финскиот јазик. 77.28.26.161 (разговор) 08:56, 30 јануари 2022 (CET)
- Здраво. Македонскиот правопис (стр. 266-267) има правила за продавање финските во кои се пропишува употребата на 'ј' наместо 'и'. При прилагодувањето на имиња меѓу два јазика, фактичкиот изворен изговор е само еден од факторите кои го одредуваат предавањето. На што почива и самата разлика помеѓу транскрипција и транслитерација, но и меѓу факторите се и други работи како особеностите на јазикот на кој се транскрибира, како на пр. јазичната фонетика, следствено специфичните правописни законитости и сл). Оттука, јас би застанал зад правописот во употребата на буквата 'ј'. Б. Јанкулоски (разговор) 11:05, 30 јануари 2022 (CET)
- Благодарам за одговорот и за појаснувањето. Devko967 (разговор) 19:28, 31 јануари 2022 (CET)
Совет за илустрирање
Здраво Бојан. Ве молам за совет во врска со илустрирањето на некои статии. Конкретно, имам намера во повеќе статии на македонската Википедија да ставам фотографии на кориците на разни книги. Се разбира, јас не сум автор на кориците, па не сакам да ги кршам правилата. Претходно, во неколку наврати ми беа бришени ваквите обиди поради кршење на авторските права. Меѓутоа, гледам дека такви фотографии има на поголем број статии, т.е. ако моите активности се кршење на авторските права, тогаш тоа се однесува и на другите. На пример, на страницата за книгата „Малиот принц“ веќе има податотека и видов дека кај неа е наведена лиценцата „праведна употреба“. Меѓутоа, кога јас ќе се обидам да ставам податотека, воопшто не гледам таква лиценца, туку ми се нудат други линценци, како: Creative Comons 4 и слично. Оттука, за да ја скратам приказнава, ве молам за совет како да постапам во иднина, т.е. кога ќе подигнам податотека каде што јас не сум авторот, како да го направам тоа повикувајќи се на „праведна употреба“? Однапред благодарам.ГП (разговор) 00:50, 7 февруари 2022 (CET)
- @ГП: Здраво. Вистина е дека не постои лиценца за праведна употреба бидејќи тоа е правна категорија, и самата лиценца ќе зависи од случајот. Кога се оди на Википедија:Подигни податотека (во алатникот лево), следното на што се стиска е „Неслободно дело“. Во изборот на лиценци долу, би рекол отприлика долната половина од наведените лиценци се однесуваат на вакви случаи, и треба да се избере најблиската, а во поисните полиња да се стават бараните информации. Ако имаш веќе видено вакви примери, ќе знаеш што се внесува во нив. Се надевам дека ова помогна. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:18, 7 февруари 2022 (CET)
помегу - помеѓу
[4] --USzhDR2B6adwggg (разговор) 20:50, 25 февруари 2022 (CET)
- @USzhDR2B6adwggg: Готово
Акцент/изговор
Здраво Бојан. Имам предлог — дали се согласуваш на почетокот на статија (кај задебеленото) да ставаме акцент над буквата за ознака на изговорот? Не мора кај сите статии, само онаму каде што е покомплицирано или каде што повеќе се греши. На пример кај Македонци. Повеќето го ставаат акцентот кај „о“, а всушност треба кај „е“. Маке́донци. Веќе постапив вака кај некои статии (види Македонија), но сепак морав да прашам за согласност. Вака да почнеме сите да правиме, мислам многу ќе помогне. Andrew012p (разговор) 19:15, 28 февруари 2022 (CET)
- @Andrew012p: Ова е малку посложено прашање и би требало да ги вклучи и другите уредници. Јас во принцип сум за ставање на акцент врз сосема странски поими, каде не е очигледно каде паѓа, но и тоа треба да се користи штедливо и само за поегзотични имиња. Значи, јас мислам дека не треба да ја консултираме пошироката заедница. Б. Јанкулоски (разговор) 07:05, 1 март 2022 (CET)
Супер. А како да ја ставам буквата „р“ со апостроф? Andrew012p (разговор) 11:42, 1 март 2022 (CET)
- @Andrew012p: Апострофот пред р се става со Shift+4 (при кирилична тастатура, секако). Тоа е правилниот македонски апостроф. А што се однесува на акцентирањето (кое нема врска со буквите [è, ѝ], кои се видоизменети графеми за појаснување и имаат обратна коса цртичка, на пр. è наспроти акцентираното е́), тоа се прави вака врз било која самогласка: во Microsoft Word, буквата, па 0301 веднаш до неа без празен простор, па Alt+X (на пр. акцентираното погоре се добива е0301, па се стиска Alt+X), и тогаш буквата ќе стане акцентирана. Потоа добиената буква ја копираш тука; во викикод изгледа необично, ама кога ќе ја зачуваш ќе си биде токму. Се надевам дека ова помогна. --Б. Јанкулоски (разговор) 12:19, 1 март 2022 (CET)
Благодарам. Успеа, но цртичката над „р“ е погоре од другите букви. Види кај Македонија (кај „о“ како изгледа, и види кај Србија (кај „р“). А на мобилен е во ред. Како да се поправи ова? Andrew012p (разговор) 13:03, 1 март 2022 (CET)
- @Andrew012p Не би рекол дека треба да се акцентираат имиња освен егзотични. Како што спомнав, ќе треба поопширно да се разговара. Исто така, акценти не одат врз согласки, тука вклучувајќи ја и р бидејќи тоа е слоготворен глас кој сам по себе има озвучување. Б. Јанкулоски (разговор) 13:15, 1 март 2022 (CET)
Извини. Го отстранувам. :) Andrew012p (разговор) 13:17, 1 март 2022 (CET)
- @Andrew012p: Никако акцентирање, нема никаква потреба и целосно е јасно правилото кај нас. --Ehrlich91 (разговор) 09:50, 2 март 2022 (CET)
- @Andrew012p: Се согласувам со Тони дека нема потреба од акцентирање. Освен тоа, не постои критериум според кој би се утврдило кај кои зборови повеќе се греши и изборот би бил субјективен.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:49, 2 март 2022 (CET)
@Andrew012p: Здраво! И јас го покренав ова прашање пред извесно време (види: Разговор_со_корисник:Ehrlich91#Акцент_и_изговор; Разговор:Андора; Разговор:Еквадор), но добив негативен одговор, а и немав време да отворам дискусии како што ми предложи Ehrlich91. Инаку, ако за некаде ти притребаат македонските акцентирани кирилични букви, еве ги на едно место: А́ а́ Е́ е́ И́ и́ О́ о́ У́ у́ Л́ л́ Р́ р́ (изгледот може да варира во зависност од фонтот; на англиската Wiktionary изгледаат одлично). Исто така, ако те интересира македонскиот јазик би те поканил да ни се придружиш на англиската верзија на Wiktionary и да придонесеш за македонските статии. Би било добро да живне и македонската верзија на Wiktionary, но таму кодот е стар, покомплициран и различен од англиската верзија, и морам да признам дека и јас тешко се снаоѓам. Поздрав! --Горец (разговор) 21:39, 6 април 2022 (CEST)
Лив и Мади
Hello, can you translate what I wrote about Лив и Мади at Википедија:Песок? It came from sr:Лив и Меди. 2600:1700:53F0:AD70:48DC:DE73:3234:75C8 (разговор) 02:30, 19 март 2022 (CET)
- I approved the changes you made in the article Лив и Мади, if that's what you mean. But I don't know where the 'Песок' article is, I'm afraid. Б. Јанкулоски (разговор) 04:37, 19 март 2022 (CET)
- I meant that at Википедија:Песок (Wikipedia:Sandbox), I added text from sr:Лив и Меди that I was hoping someone here (you or anyone else) could translate. Meanwhile, the changes at Победничка have not been approved yet, but can they be? Both these articles are missing large amounts of information and I was hoping that someone (again, anyone here) could expand them from articles in English, Serbian, or any other language. With the article Лив и Мади, I wanted to say the following (but translated from English to Macedonian):
Liv and Maddie is an American teen sitcom created by John D. Beck and Ron Hart that originally aired on Disney Channel from July 19, 2013 to March 24, 2017. The series stars Dove Cameron in a dual role as identical twin sisters with entirely different personalities who are best friends, with Liv being an actress who has returned to her home after four years of living in Hollywood staring in a popular television series called Sing It Loud!, and Maddie being a basketball prodigy. The series revolves around Liv readjusting to normal family life after production on Sing It Loud! ended, as well as the two sisters being best friends despite their opposing personalities and different interests. The series also stars Joey Bragg, Tenzing Norgay Trainor, Kali Rocha, and Benjamin King, who portray Joey Rooney, Parker Rooney, Karen Rooney, and Pete Rooney, respectively. Joey and Parker are Liv and Maddie's younger brothers while Karen and Pete are their mother and father. The final season was called Liv and Maddie: Cali Style, as it took place in California. In that season, Lauren Lindsey Donzis joined the cast as Liv and Maddie's younger cousin Ruby, who becomes their "sorta-sister". Her character replaced Pete, who was absent from the entire fourth season.
As for Победничка, again, I would request a translation of the English or any other article. I think that the actors and actresses from these series should have articles in this Wikipedia, at least for Dove Cameron and Victoria Justice. Meanwhile, from the sandbox page, it has the list of episodes by season, but then it says that the airings in Serbia haven't happened yet. I guess that they haven't happened yet in Macedonian either. Therefore, that part is probably irrelevant. But I will bring in the relevant part, the airings in English. However, I'm afraid I might mess it up, so it'll have to be copied exactly and then remove the irrelevant part by an expect such as yourself. But thank you for approving the changes on the page meanwhile. 2600:1700:53F0:AD70:F9F9:2811:88BE:33D2 (разговор) 04:44, 20 март 2022 (CET)
Предлог за Љ. Коцарев на Анг. Вики
Здраво Бојан,
Те молам, види некој од наши мк. Википедијанци на англиската Вики да му направи статијата за Љупчо Коцарев. Јас од моја страна го ставив во листа на познати Македонци [5].
Поздрав.178.148.119.189 (разговор) 01:44, 23 март 2022 (CET)
- Добра идеја. Ваквите барања се поставуваат на Селската чешма, бидејќи треба да ги видат што повеќе луѓе, за некој да се нафати.
- ok,ставено на Селската чешма.178.148.119.189 (разговор) 00:59, 25 март 2022 (CET)
- Добра идеја. Ваквите барања се поставуваат на Селската чешма, бидејќи треба да ги видат што повеќе луѓе, за некој да се нафати.
- See here [6]Academician.NYAS (разговор) 19:01, 24 март 2022 (CET)
- Еве го ставив Lj. Kocarev на Simple.Eng.Wiki.178.148.119.189 (разговор) 15:35, 26 март 2022 (CET)
Аренес
В Нестрамско пишеш: Називите „Акритес“ и „Аренес“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место. За Актирес е верно, но Аренес е от двата върха Като и Пано Арена [7]. Мико (разговор) 20:00, 4 април 2022 (CEST)
- @Мико: Исправено. А што велиш за река Порос кај Хрупишта? Не може ли да се најде словенското име? Б. Јанкулоски (разговор) 20:40, 4 април 2022 (CEST)
- Лошница е погърчено вече към средата на 19 век и Порос е единственото име по картите - на австрийската нема име, американците дават Порос, руснаците - Порос. Ако имаше наше име, щеше да е запазено - хидронимите са стабилни. Вероятно са й викали Лошничката река. Виж на американската карта - по-горният приток е Луца, по-долният Пикос. (Лошничкият поп е от Горенци, а попадията от Загоричани - требва да го питаме, но едва ли и той ще знае. :) ). Мико (разговор) 09:02, 5 април 2022 (CEST)
- Гледах в „Хрупищко“ и в Спомените на Лев Адамов - нема. Тук има некакъв мнооооого малък шанс да е спомената реката [8]. Мико (разговор) 09:07, 5 април 2022 (CEST)
Your welcome greeting on my page(I don't know Macedonian!)
Hi, I received a greeting from you for my "First Edit" in my Macedonian a while back, but I don't know Macedonian and never edited in this language. Could you tell me what happened? Please see what's on my contribution page. Thank you! https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0:%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B8/Mistakefinder Mistakefinder (разговор) 17:48, 16 мај 2022 (CEST)
- @Mistakefinder Hello. It's an automated message. Every wiki does that. It's meant to greet newcomers and give them more instructions and help with how to edit and what the rules are. Б. Јанкулоски (разговор) 20:37, 16 мај 2022 (CEST)
Nuke
Hello. Kindly nuke TS smierdziel. Thanks. Minorax (разговор) 17:56, 30 мај 2022 (CEST)
Промена на наслов
Не можам да го сменам насловот на страната „Македонска банка за поддршка на развојот“ во „Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје“. Ве молам за помош. Благодарам. Razvojnabanka (разговор) 14:22, 21 септември 2022 (CEST)
- @Razvojnabanka: Готово Сменето. Би напоменал дека статијата треба да се среди според нормите на Википедија (погледајте други статии) за да биде претставителна. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:43, 21 септември 2022 (CEST)
Hi, could you take a look at these deletion requests? Rschen7754 01:33, 3 октомври 2022 (CEST)
Белград
Здраво. Може ли да создадете објаснувачка страница или некакво објаснувачко линкување на страниците Белград (Србија) и Белград (Албанија), а можеби и за Белград (област) и Белград (округ)? Поздрав. Горец (разговор) 22:58, 26 октомври 2022 (CEST)
- Направено. Еве ја. Б. Јанкулоски (разговор) 00:42, 27 октомври 2022 (CEST)
Главонози
Здраво, ќе можеш ли да ја смениш статијата Главоноги во Главонози и категоријата и предлошките со алатката? Така е правилно (в. во Дигиталниот речник). Види овде. Поздрав. Andrew012p (разговор) 00:36, 1 ноември 2022 (CET)
- Сменето насекаде. Иако е официјално, сепак мислам дека имаат направено грешка. Главоноги е придавно, додека „главонози“ е направено непромислено по аналогија на „носорози“, со таа разлика што второспомеанатово е множина од постоечко име на животно - носорог. Сепак поправилно би било главоноги или главоношци. Еве аналогија: правилно е четириношци или четириноги (од „четириноги животни“); би било бесмислено да речеме четиринози бидејќи не постои животно наречено „четириног“. Евем, ако веќе има правило, нека биде по нивно, но ова не би го применувал во други вакви случаи, освен ако нема офоцијално пропишано и за нив. Б. Јанкулоски (разговор) 10:45, 1 ноември 2022 (CET)
- Не сакам да одлучувам кое е исправно, само сакам да дадам свое мислење. „Главоноги“ е елипса (испуштање на елементи познати од контекстот на зборување, како што се и − види повеќе) од „главоноги животни“. Првиот збор е придавка: главоног → главонога → главоного → главоноги. Колку е навлезен во употреба терминот главоног (именка едн.) → главонози (именка мн.), не знам. Горец (разговор) 16:18, 2 ноември 2022 (CET)
Избришена Страница
Здраво @Bjankuloski06 имам едно прашанје страницава Xsoundbeatz (продуцент) ја имало но сега не ја глеам Више можеби е избришена ќе можете ли да проверете да ја вратите страницава назад или да се создава пак страницава и да биде од вас проверена после ?
гала многу Martinpetrushevski (разговор) 12:44, 10 ноември 2022 (CET)
- Здраво. По внимателна проверка на и консултација во врска сите околности под кои ова е направено, решив да ја вратам статијата (избришана од друг), а притоа самиот ги направив потребните измени за да биде добра. Стилот е во ред, а темата го преминува прагот на значајност. Насловот го променив во „Xsoundbeatz“ бидејќи додаваме појаснување во загради само кога има поими што би збунииле, но во овој случај ова е негово оригинално име. Б. Јанкулоски (разговор) 13:20, 10 ноември 2022 (CET)
- фала ви многу @Bjankuloski06
- Сте најдобар администратор и нај културен од сите овде
- фала Martinpetrushevski (разговор) 15:12, 10 ноември 2022 (CET)
Hi Bjankuloski06, sorry for writing in English. Why did you recreate Xsoundbeatz? This article was identified as crosswiki spam (and partially fake), certainly not notable. --Johannnes89 (разговор) 11:53, 14 ноември 2022 (CET)
- Hello Johannes. I will translate verbatim the relevant part my above-given rationale and then add a little more. (The square brackets are my notes within the translation).
„ | Hi. After careful checking and consultation on all the circumstances under which this was done, I decided to restore the article (deleted by another), while making myself the necessary changes to improve it. The style is fine, and the theme crosses the notability threshold [at least for our wiki, in the given context of a local person]. | “ |
He may be up-and-coming, but not only is he featured on IMDb, buy also present on Spotify and Apple Music. Again, this may not be enough for such and artist in large countries, but it seems to satify the criteria for this wiki. I would like to re-emphasise that I have reworked the article to be encyclopaedic and non-promotional in tone. That was my reasoning. Б. Јанкулоски (разговор) 12:07, 14 ноември 2022 (CET)
- ok thanks for explaining, I understand your reasoning, sorry for the wrong speedy deletion request. Best regards --Johannnes89 (разговор) 17:39, 14 ноември 2022 (CET)
- Please note that IMDb is user generated. Unless I'm misreading something, your notability guideline still requires multiple reliable, independent and significant sources, which none of the things you mentioned are. Styyx (разговор) 23:47, 24 ноември 2022 (CET)
- Thank you. I will look into it. I had no idea that IMDB isn't an authoritative source, given how widely it's cited. I'll check it for notability within our country/language area. Б. Јанкулоски (разговор) 01:46, 25 ноември 2022 (CET)
Дискографија
Здраво @Bjankuloski06 ќе може ли дискографијата од страницава Xsoundbeatz да ја променам и после од вас да се провери
фала Martinpetrushevski (разговор) 12:25, 14 ноември 2022 (CET)
- @Martinpetrushevski Нема проблем. Б. Јанкулоски (разговор) 12:28, 14 ноември 2022 (CET)
- Дискографијата е променета само ве молам проверете ја
- и страницава е пак создадена да се избрише ќе можете и тој спам да го избришете
- фала Martinpetrushevski (разговор) 12:35, 14 ноември 2022 (CET)
- @Bjankuloski06 Дискографијата е промена само да ја проверете. Martinpetrushevski (разговор) 14:02, 14 ноември 2022 (CET)
- Готово, одобрено. Б. Јанкулоски (разговор) 06:58, 15 ноември 2022 (CET)
здраво, имам понуда за вас
здраво, дали знаевте за нашата хумористична вики mk.neciklopedija.org/wiki/, здраво, јас сум МК01, препорачувам да помогнете на оваа вики 212.35.169.233 (разговор) 09:21, 26 ноември 2022 (CET)
- Да, позната ми е. Можеби треба некој да напише статија за неа (но на озбилен енциклопедиски стил, секако). Б. Јанкулоски (разговор) 09:25, 26 ноември 2022 (CET)
Надреден знак
Здраво, кај статијата „Се што беше убаво“, не ми дава да го сменам насловот, вели дека е забрането. А сакам да ставам надреден знак кај „се“. Ќе можеш ли да го поправиш? Ти благодарам, поздрав. Andrew012p (разговор) 23:05, 19 декември 2022 (CET)
- Го сменив. Поздрав. Б. Јанкулоски (разговор) 07:01, 20 декември 2022 (CET)
Vandalism
Hello. Please protect Јосиф Сталин and Википедија:Огласна табла за администратори due to vandalism by a a long-term abuser. The external link added as an archive is nonsense. He is known for doing this. Thanks. Styyx (разговор) 22:02, 23 декември 2022 (CET)
- Thanks for pointing in out, Styxx. As a first measure, I have blocked both IPs that have madr the edits and have protected "Јосиф Сталин" only to be edited by established editors. I cannot however, protext the "Википедија:Огласна табла за администратори", as it is an Admin noticeboard. In the latter case, we will have to deal with offenders on a case-by-case basis. Б. Јанкулоски (разговор) 00:23, 24 декември 2022 (CET)
Груби грешки во денешни настани 12 јануари
Мoлам некој администратор веднаш да направи поправки на текстот што се однесува на денешниот настан за 1945 Втора светска војна. Имено, таму се вели дека во текот на жестоките борби во Ардените, советските сили тргнаа во голема офанзива, што е голема грешка, зашто Советите никогаш не се бореле на Ардените (кои се наоѓаат на запад од Германија, а Советите напаѓаа од исток). Значи, на Ардените се воделе тешки борби меѓу сојузничките сили (американските и англиските) и германската војска, а Советите немаат никаква врска со тоа. Втората голема грешка е: на 3 февруари, првите советски тенкови стигнаа до Франкфурт (тоа не се случило никогаш и не можело да се случи, зашто Франфурт е во западна Германија, а Советите напаѓаа од исток). Значи, сојузничките сили стигнале во Франкфурт, а не Советите. Третата грешка е: ...Франкфурт, само 80 километри од Берлин. Франкфурт е оддалечен околу 350-400 километри од Берлин. Поздрав, ГП (разговор) 20:21, 12 јануари 2023 (CET)
- Чудна грешка. Сега ја исправив. Поздрав. Б. Јанкулоски (разговор) 23:49, 12 јануари 2023 (CET)
Хорор
Здраво Бојан, дали се согласуваш статијата Хорор да се промени во „Филм на ужасите“ или пак нешто слично? За да биде повеќе македонски, а „хорор-филм“ како синоним. Поздрав. Andrew012p (разговор) 19:16, 24 јануари 2023 (CET)
- Начелно да, секако дека би било пожелно. Но ова треба малку да го проучам пред да се донесе одлука бидејќи поимот е премногу навлезен. Б. Јанкулоски (разговор) 00:35, 25 јануари 2023 (CET)
- Во ред. Да, ќе треба проучување, на пример и за хорор (литература). Предлог: ужаси. Andrew012p (разговор) 14:49, 25 јануари 2023 (CET)
Дијалект
Здраво Бојан, зборот „вртлог“ е означен како дијалект во Дигиталниот речник, а во Официјалниот дигитален речник (Толковникот) го нема зборот, а тука има статија „Вртлог“. Најверојатно треба да се замени со „Вител“. Andrew012p (разговор) 17:35, 31 јануари 2023 (CET)
- Сменето, и ќе го заменам насекаде. Благодарам на забелешката. Б. Јанкулоски (разговор) 00:29, 1 февруари 2023 (CET)
Подигни податотеки
Здраво, како да подигнам податотеки во новиот излед на Википедија? Тогаш на левата страна пишуваше „Подигни податотека“, а сега ја нема? Andrew012p (разговор) 12:48, 15 февруари 2023 (CET)
- Подигањето во овој изглед се врши од самите статии. Кога си во статија, горе во алатникот имаш „Вметни“, потоа стискаш на „Слики, снимки и др.“ и потоа на „Подигни“ во лентата горе. Таму е. Нема општо подигање. Јас начелно не го користам новиот изглед. Ако така претпочиташ, можеш да го вратиш по старо во корисничките нагодувања, под „Изглед“ можеш да се одбереш „Старо векторско 2010“. Б. Јанкулоски (разговор) 22:24, 15 февруари 2023 (CET)
- Благодарам. Ја немаше опцијата „Вметни“, па го вратив на стариот изглед. Инаку, приметив дека од „пр. н. е.“ ги враќаш во „п.н.е“. Во Правописот од 2017 е пр. н. е. (знам, чудно е). Види стр. 161, бр. 349. Поздрав. Andrew012p (разговор) 00:26, 16 февруари 2023 (CET)
- Да, по ново е „пр.“, но не се согласувам со таа измена бидејќи ја сметам за сосема непотребна. Можеби терба да гласаме за тоа дали ќе го следиеме правилото. А отсуството на „Вметни“ е крајно чудна работа. Можеби треба да се пријави. Б. Јанкулоски (разговор) 07:29, 16 февруари 2023 (CET)
- Благодарам. Ја немаше опцијата „Вметни“, па го вратив на стариот изглед. Инаку, приметив дека од „пр. н. е.“ ги враќаш во „п.н.е“. Во Правописот од 2017 е пр. н. е. (знам, чудно е). Види стр. 161, бр. 349. Поздрав. Andrew012p (разговор) 00:26, 16 февруари 2023 (CET)
New Development
Нова книга на Јанев излезе во Србија. Поставена е на статијата за Игор Јанев и чека проверка. Заведена е во регистерот на Срп. библиотеки Кобис: https://plus.cobiss.net/cobiss/sr/en/bib/85646857 79.101.69.164 (разговор) 02:39, 20 февруари 2023 (CET)
- Одобрено. Благодарам. Б. Јанкулоски (разговор) 03:19, 20 февруари 2023 (CET)
- Благодарам! 79.101.69.164 (разговор) 12:50, 20 февруари 2023 (CET)
Инфокутија Археолошко наоѓалиште
Здраво, кај Инфокутијата Археолошко наоѓалиште не се преведени поимите докрај. Види кај статијата „Ѓобекли Тепе“ — пишува Region. И ако може мислење за транскрипција на турскиот град Şanlıurfa. Шанлурфа или Шанларфа? Во Правописот (стр. 259 за буквата ı) пишува „а“ или ', но не сум сигурен за овој град. Поздрав. Andrew012p (разговор) 14:30, 24 февруари 2023 (CET)
- Не беше проблемот во инфокутијата, туку тој збор беше слободен параметар (види уредување). Şanlıurfa по мое би било Шанлаурфа. Изборот зависи од околните букви. Има и исклучоци каде се предава и со „и“, ама ова не мора да биде меѓу нив. Б. Јанкулоски (разговор) 16:41, 24 февруари 2023 (CET)
- Благодарам. И ако не ти е проблем да потврдиш и за Nevalı Çori, за да го ставам на Wiki Data. Невала Чори или исклучок „Невали“? Благодарам. Andrew012p (разговор) 11:59, 25 февруари 2023 (CET)
- Тука ќе биде Невала. Исклучоците се повеќе историски, оти така се тогаш легитимно навлезени кај нас низ вековите, т.е. асимилирани. Ама вакви ситуации кајшто нема очигледна асимилациска турско-македонска шема, би одел по правописот. Треба да напоменам (неврзано со конкретново име) дека апострофот би го задржил за меѓу тврди согласки (а и тогаш треба да се разгледа), иако правописот ги даа сите употреби на А и апостроф како рамноправни алтернативи. Тоа би бил мој приод. Б. Јанкулоски (разговор) 12:09, 25 февруари 2023 (CET)
- Се согласувам. Така и го ставив. Andrew012p (разговор) 21:00, 25 февруари 2023 (CET)
- Тука ќе биде Невала. Исклучоците се повеќе историски, оти така се тогаш легитимно навлезени кај нас низ вековите, т.е. асимилирани. Ама вакви ситуации кајшто нема очигледна асимилациска турско-македонска шема, би одел по правописот. Треба да напоменам (неврзано со конкретново име) дека апострофот би го задржил за меѓу тврди согласки (а и тогаш треба да се разгледа), иако правописот ги даа сите употреби на А и апостроф како рамноправни алтернативи. Тоа би бил мој приод. Б. Јанкулоски (разговор) 12:09, 25 февруари 2023 (CET)
- Благодарам. И ако не ти е проблем да потврдиш и за Nevalı Çori, за да го ставам на Wiki Data. Невала Чори или исклучок „Невали“? Благодарам. Andrew012p (разговор) 11:59, 25 февруари 2023 (CET)
Исправка на име
- Здраво, ќе можеш да го смениш насловот во The Last of Us (ТВ-серија)? Погрешно е: The Las of Us (ТВ серија). Пробав јас, но ми пишува дека е забранет за преместување. Благодарам. Andrew012p (разговор) 01:24, 26 февруари 2023 (CET)
- Заборави да ставиш нов наслов на ова барање, па го ставив јас. Ова е задолжително бидејќи инаку станува хаос. Го поправив насловот, ги сменив местата кајшто се користеше и го избришав погрешниот наслов. Патем, пожелно е делата како книги, поеми, серии, филмови итн. да имаат преведен наслов. Б. Јанкулоски (разговор) 01:31, 26 февруари 2023 (CET)
- Да, знам, не ја создадов јас статијата. Но ова е серија направена од видеоигра, па затоа не е преведена (и кај сите балкански земји). Вчера ја имаше на HBO кај нас, и беше оставена во оригинал. Ама повторно треба да се смени насловот — „ТВ-серија“ (со цртичка, согласно правописот). Andrew012p (разговор) 16:26, 26 февруари 2023 (CET)
- Здраво, ќе можеш со алатката да промениш секаде од Кока-Кола на „Кока-кола“, согласно правописот? Ако го направам рачно, ќе биде предолго. Благодарам. Andrew012p (разговор) 23:50, 6 март 2023 (CET)
- Знам дека е вообичаено само првата буква да биде голема во имиња на марки, но во правописот на стр. 48 е името се води како Кока-Кола. Покрај тоа, има друга навидум противречна појава - тоа што други места во правописот (стр. VIII и стр. 53) сите марки се пропишуваат со мала почетна буква (дури и да се составени еден збор), но сигурно тоа се однесува на бројно изразување (на пр. „дајте ми два амстела“). Како што реков, начелно се согласувам дека марките не би требало да се држат со сите големи букви, ама правописот изречно ја посочува оваа марка со обете големи. Б. Јанкулоски (разговор) 08:13, 7 март 2023 (CET)
- Здраво, ќе можеш со алатката да промениш секаде од Кока-Кола на „Кока-кола“, согласно правописот? Ако го направам рачно, ќе биде предолго. Благодарам. Andrew012p (разговор) 23:50, 6 март 2023 (CET)
- Да, знам, не ја создадов јас статијата. Но ова е серија направена од видеоигра, па затоа не е преведена (и кај сите балкански земји). Вчера ја имаше на HBO кај нас, и беше оставена во оригинал. Ама повторно треба да се смени насловот — „ТВ-серија“ (со цртичка, согласно правописот). Andrew012p (разговор) 16:26, 26 февруари 2023 (CET)
- Заборави да ставиш нов наслов на ова барање, па го ставив јас. Ова е задолжително бидејќи инаку станува хаос. Го поправив насловот, ги сменив местата кајшто се користеше и го избришав погрешниот наслов. Патем, пожелно е делата како книги, поеми, серии, филмови итн. да имаат преведен наслов. Б. Јанкулоски (разговор) 01:31, 26 февруари 2023 (CET)
- Здраво, некој корисник направил две статии за ист филм. „Опасен лет (филм)“ и „Опасен лет“. Ќе можеш ли едната да ја избришеш? Едната статија веќе е сврзана со англиската. Исто така, кај англиската статија „Wonder Woman“ кога ќе стиснеш на македонски, се пренасочува кон „DC Comics“. Благодарам. --Andrew012p (разговор) 16:46, 14 март 2023 (CET)
- Ги средив двете работи. Да не заборавам да спомнам, обичајот е кога се спомнува статија да се става врска наместо само име; така можам само да стиснам место да ја пребарувам. Поздрав. Б. Јанкулоски (разговор) 23:31, 14 март 2023 (CET)
Нуклеарна фисија
@Инокентиј и Bjankuloski06: здраво, што мислите за статијата „Нуклеарна фисија“ да се промени во „Јадрено делење“ и „Нуклеарна фузија“ во „Јадрено соединување“? Andrew012p (разговор) 15:58, 28 февруари 2023 (CET)
- Ова е случај кој треба да се продискутира со @Инокентиј, кого го повикувам тука бидејќи воедно е физичар и почитувач на јазикот. Б. Јанкулоски (разговор) 00:37, 1 март 2023 (CET)
- Почитувани Andrew012p, и Б. Јанкулоски во литературата се среќава како цепење на јадрото за нуклеарна фисија, а за јадрена фузија е јадрено соединување. Инокентиј (разговор) 11:43, 1 март 2023 (CET)
- @Andrew012p Значи, така и претпоставував, само не бев сигурен за точните поими. Ќе ги сменам насекаде. Благодарам на укажаното. Б. Јанкулоски (разговор) 11:51, 1 март 2023 (CET)
@Инокентиј и Bjankuloski06: одлично, ви благодарам. Мислам дека и Нуклеарно оружје може да се смени во Јадрено оружје. Andrew012p (разговор) 12:20, 1 март 2023 (CET)
- Да, секако. Тоа веќе го менував, ама треба да го довршам. Потоа преоѓам на „јадрено цепење“ и „јадрено соедонување“ Б. Јанкулоски (разговор) 12:25, 1 март 2023 (CET)
Промена на статија
Здраво, Бојан. Не сакајќи додека ја создавав статијата Осил, наместо во Awn (botany), сум ја сврзал само со Awn. Ако не ти е проблем да ја преместиш во Awn (botany)? Извини. Поздрав. Andrew012p (разговор) 22:02, 13 април 2023 (CEST)
- Ја преместив. Оваа работа е проста. Одиш на тој предмет на Википодатоци (погрешниот) и ја бришеш од таму (долу во списокот на википедиски статии) кога ќе стиснеш уреди/edit и на иконката со корпа. Потоа влегуваш во правилниот предмет и на истото место ја додаваш - mk во едното поле (или македонски со збор) и името на статијата во второто. Побрз начин е и просто да ја превчиташ статијата и да го повториш тоа што си го направил, овојпат поврзувајќи со исправниот предмет на Википодатоци. Б. Јанкулоски (разговор) 00:44, 14 април 2023 (CEST)
Лажен цитат
Во врска со вашата желба во статијата Просечен цитатот од Атанас Шопов да се фалсификува, Ве молам имајте предвид дека е добро да го направите ова по разговор. Ако некој автор напишал нешто и тоа е дадено како цитат во статијава од која причина, вие решавате да напишете нешто друго и зошто го враќате без да објасните ништо. Нели моите зборови во резимето заслужуваат некој коментар? Поздрав, Simin (разговор) 13:37, 7 мај 2023 (CEST)
- @MacedonianBoy @Dandarmkd @Kiril Simeonovski @Ehrlich91 Желбата не е да се лаже или фалсификува — зошто тогаш би ставил фуснота дека жителите со свои зборови тој ги именува како „Бугари“? Не етикетирајте непотребно. Враќањето е бидејќи правевте промени од IP-адреса без претходна консултација со уредници. Ова што јас го правам се должи на фактот што кај нас е таква практиката, од причина што (кај нас во) се подразбира дека станува збор за Македонци. Јас правам пресадан по тоа што воопшто ставам белешка за оригиналните зборови на авторот. Но, кога станува збор за цитати, ги молам колегите да се произнесат дали сметаат дека оваа практика на ставање фуснота за оригиналните зборови треба да се смени во, на пример, ставање квадратни на загради во самиот текст како појаснување на кажаното во цитираниот текст. Нека дадат свое мислење. Поздрав. Б. Јанкулоски (разговор) 13:44, 7 мај 2023 (CEST)
- @Bjankuloski06 и @Simin,
- Според мене, нема проблем да се цитира тогашно современ бугарски извор, макар и кој е субјективен. Се додека се наведува дека е цитат, односно мислење/став на некој тогашен Бугарин, не докажува дека населението во Просечен е етничко бугарско. Dandarmkd (разговор) 00:17, 24 мај 2023 (CEST)
Пренасочување
Здраво, сакам да создадам статија за „Warship“, на нашки е „Воен брод“, но „воен брод“ веќе има пренасочување кон „Борбен брод“ (Battleship). Не знам како да го тргнам пренасочувањето. Ќе можеш ли да го тргнеш? Благодарам. Поздрав. --Andrew012p (разговор) 16:55, 17 мај 2023 (CEST)
- Готово Направено. Б. Јанкулоски (разговор) 01:03, 18 мај 2023 (CEST)
- Ако може и пренасочувањето „Воени бродови“ да се премести во „Воен брод“. Исто така, кога сакам да ја сврзам страницата кон „Warship“, ми пишува „Се појави непозната грешка“ и не дава да се сврзе. Кој би бил проблемот? --Andrew012p (разговор) 22:06, 19 мај 2023 (CEST)
- Готово Двете работи се средени. Во случајот на втората, го отворив предметот и од таму рачно ја додадов статијата. (Не ми е јасно зошто прави така). Б. Јанкулоски (разговор) 02:20, 20 мај 2023 (CEST)
- Ако може и пренасочувањето „Воени бродови“ да се премести во „Воен брод“. Исто така, кога сакам да ја сврзам страницата кон „Warship“, ми пишува „Се појави непозната грешка“ и не дава да се сврзе. Кој би бил проблемот? --Andrew012p (разговор) 22:06, 19 мај 2023 (CEST)
(en) Your archives
Hi, sorry for writing in English. I’m not sure if you’re aware but there’s disruption in your user talk page archives. Tropicalkitty (разговор) 06:08, 24 мај 2023 (CEST)
- Thanks a lot for letting me know! Б. Јанкулоски (разговор) 07:47, 24 мај 2023 (CEST)
Помош 2
Можеш ли да го погледнеш ова? Потребна е помош со изворниот код: не се прикажуваат главните групи „Реки“ и „Езера“. Благодарам однапред. Поздрав с БС Вики. KWiki (разговор) 08:17, 2 јуни 2023 (CEST)
- Многу чудна појава. Се сретнав со ова пред некоја недела. Сè е исто како во другите примери, ама сепак не сака да работи. Потрошив доста врмеме внимателно разгледувајќи го кодот, ама не можам да утврдам. За жал, на нашево вики немаме некои потемелни познавачи на кодови. Како последен обид, би го повикал @Ehrlich91 да види дали има нешто што јас сум го превидел. Б. Јанкулоски (разговор) 11:07, 2 јуни 2023 (CEST)
- Секако, слободно дополнете предлошката (има неколку реки по име Мала или Стара). Само, сега таа за езерата ќе биде вишок. П. С.: Сметајте предлошката како мал подарок. :-) KWiki (разговор) 14:20, 2 јуни 2023 (CEST)
Долгатрајна уредничка војна
Здраво јас сум Gurther, ве контактирам заради тоа што има долга трајна уредничка војна со различни видови на вандализам во различни страници но се претежно во две страни, оваа и оваа но исто и се појави и во оваа, како што гледам сите овие напади се организирани од еден уредник со повеќе сметки. Ве молам ако можете донесете решение на оваа ситуација и санкционирај или блокирај го вандалот. Gurther (разговор) 23:22, 4 јули 2023 (CEST)
please delet my talk page..
and other vandalism.-WikiBayer (разговор) 06:38, 8 јули 2023 (CEST)
- Готово Done. Б. Јанкулоски (разговор) 06:44, 8 јули 2023 (CEST)
Need your input on a policy impacting gadgets and UserJS
Dear interface administrator,
This is Samuel from the Security team and I hope my message finds you well.
There is an ongoing discussion on a proposed policy governing the use of external resources in gadgets and UserJS. The proposed Third-party resources policy aims at making the UserJS and Gadgets landscape a bit safer by encouraging best practices around external resources. After an initial non-public conversation with a small number of interface admins and staff, we've launched a much larger, public consultation to get a wider pool of feedback for improving the policy proposal. Based on the ideas received so far, the proposed policy now includes some of the risks related to user scripts and gadgets loading third-party resources, best practices for gadgets and UserJS developers, and exemptions requirements such as code transparency and inspectability.
As an interface administrator, your feedback and suggestions are warmly welcome until July 17, 2023 on the policy talk page.
Have a great day!Samuel (WMF), on behalf of the Foundation's Security team 14:08, 10 јули 2023 (CEST)
Оценувачки статус
Пред околу една недела јас самиот себеси се номинирав за оценувачки статус ваму и ваму, според пораката што добив гласањето заврши во Јули 16, 2023 во 10.47ч. Но помина времето и ниту еден гласаше против, за или воздржан, не сум сигурен што треба да правам, дали треба пак да се номинирам за оценувачки статус? или дали треба да гласате сега? Те контактирав надевајќи дека ќе можеш да ја објасниш ситуацијата бидејќи вие сте администратор за долку време и знаете како работи македонската википедија, позрав. Г'ртјер (разговор) 17:19, 16 јули 2023 (CEST)
- Кога се поставаат такви барања, правилото е да се обратиш кај администратор за да има на ум, и за да стави разглас најгоре за другите да знаат да учествуваат. Вака никому не му се појавува на ниеден начин. Сега ќе му пренесам на Кирил, и можеби ќе даде нови рокови и ќе стави во разглас. Б. Јанкулоски (разговор) 08:54, 17 јули 2023 (CEST)
Repeated vandalism in Википедија:Огласна табла за администратори/Архива 1
Apologies for writing in English. There has been repeated vandalism to above-mentioned page, maybe semi-protection for a while would curb the vandal's enthusiasm. Count Count (разговор) 09:25, 17 јули 2023 (CEST)
Request block
Sorry for I cannot speak Macedonian. Please block this IP: Специјална:Придонеси/176.79.228.185.
Also, please protect frequent vandalized pages. Thank you! LR0725 (разговор) 09:57, 17 јули 2023 (CEST)
- Sorry for repetitive calling. Can you protect Википедија:Огласна табла за администратори/Архива 2, and block Специјална:Придонеси/139.135.53.20? They are changing IP continously, I guess. Thank you! LR0725 (разговор) 10:09, 17 јули 2023 (CEST)
- This user has many IPs. See their LTA case here. --Leonidlednev (разговор) 10:10, 17 јули 2023 (CEST)