Сехово

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Идомени)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сехово
Ειδομένη
Сехово is located in Грција
Сехово
Сехово
Местоположба во областа
Сехово is located in Пајонија (општина)
Сехово
Местоположба на Сехово во општината Пајонија и областа Централна Македонија
Координати: 41°07.33′N 22°30.63′E / 41.12217° СГШ; 22.51050° ИГД / 41.12217; 22.51050Координати: 41°07.33′N 22°30.63′E / 41.12217° СГШ; 22.51050° ИГД / 41.12217; 22.51050
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно154
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.61400
Рег. таб.KI
Мреж. местоidomeni.gr

Сехово или Сеово (грчки: Ειδομένη, Идомени, до 1926 г. Σέχοβο, Сехово[2]) — гевгелиско село, кое денес територијално ѝ припаѓа на општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Сехово се наоѓа на границата со Република Македонија на 20 километри северно од реонскииот центар Бојмица (Аксиуполи). Во селото се наоѓа и железничкиот граничен премин од железничката линија на коридорот 10.

Историja[уреди | уреди извор]

По Илинденското востание во 1904 година целото село преминува под раководството на Бугарската егзархија.

Се до Втората балканска војна, Сехово се наоѓа во рамките на Отоманската империја, а по неа е доделено на Грција. По извесен период, македонското население насилно е истерано, а на негово место се населени бегалци Маџири (христијанско население од Турција). По 1926 година селото е прекрстено во „Идомени“ за да му се даде грчки карактер. Во 1928 година во Сехово се населени бегалци, 49 семејства, односно 173 луѓе.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Сехово е македонско село во областа Аврет Хисар на Отоманската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 година, Сехово (Sehovo) е опишано со 85 куќи и 394 жители Македонци, во тоа време попишани како Бугари.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Сехово е село в Гевгелиската област 800 жители Македонци.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]