Договор за воспоставување на Устав за Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Договор за воспоставување на Устав за Европа
Тип Нератификуван договор
Напишан јуни 2004
Потпишан 29 октомври 2004
Место Рим, Италија
Запечатен 8 ноември 2004
Потписници земји-членки на ЕУ
Договор за воспоставување на Устав за Европа at Wikisource

Шаблон:Историја на ЕУ

Договор за воспоставување на Устав за Европа (Европски Устав), (често се нарекува Европски Устав или Уставен Договор) е нератификуван меѓународен договор чија цел беше да создаде зацврстен Устав за Европската Унија (ЕУ). Тој требаше да ги замени постоечките договори на Европската Унија со едноставен текст, така што на Повелбата за основни права ќе и дадеше правна сила, а гласањето со квалификувано мнозинство ќе го проширеше во оние политички области за кои земјите-членkи претходно ги одредија едногласно. Договорот беше потпишан на 29 Октомври 2004 г. од претставници на тогашните 25 земји-членки на ЕУ. Подоцна 18 земји-членки го ратификуваа, а одржаните референдуми во Шпанија и Луксембург го одбрија. Меѓутоа, кога во мај и јуни 2005 г. Француските и Холандиските гласачи го одбија документот, процесот на ратификација заврши. По одреден период на размислување, Договорот од Лисабон беше склучен за да го замени Уставниот Договор. Овој Договор, содржеше многу од измените што првично беа дел од Уставниот Договор, а беше формулиран како еден вид амандмани на постоечките договори. Договорот од Лисабон беше потпишан на 13 декември 2007 г., а стапи на сила на 1 декември 2009 г.

Содржина

Историја[уреди | уреди извор]

Изготвување[уреди | уреди извор]

Изготвувањето на Европскиот Устав започна со свикување на нова дебата на Европскиот Совет во Лаекен во декември 2001 г. за иднината на Европа. По кратко време, беше основана Европската Конвенција со која претседаваше поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’естен. Таа беше составена од двајца членови на парламентот (воглавно еден од владејачкото мнозинство и еден од опозицијата) од секоја земја-членка и земја-апликант за членство, 16 европратеници, 2 членови на Европската Комисија [1] и по еден претставник од секоја влада. Тие се сретнаа јавно. Жискар Д’естен предложи да се изготви устав. Романо Проди, претседателот на Европската Комисија поддржа еден изготвен текст, наречен Проект Пенелопе, .[2] кој содржеше продлабочена интеграција на земјите и појасен институционален модел. По долготрајните преговори на Меѓувладината Конференција (ИГЦ) за време на Италијанското претседателство, се појавија спорови во врска со предложената рамка за гласањето со квалификувано мнозинство: конечниот текст за Европскиот Устав беше договорен во јуни 2004 г. за време на ирското претседателство.

Потпишување[уреди | уреди извор]

Договорот за воспоставување устав на Европа беше потпишан во Рим на 29 октомври 2004 г. од 53 постари важни политичари од 25 земји-членки на Европската Унија. Во повеќето случаи, шефовите на државите назначија овластени претставници за да го потпишат договорот, но некои од шефовите на државите потпишаа и во име на државите кои беа републики. Поголемиот дел од овластените претставници беа премиери и странски министри.

Ратификување[уреди | уреди извор]

Ratifications in member states and candidate countries
  Yes - Part of accession treaty
  Yes - Parliament vote
  Yes - Referendum
  No - Referendum
  Referendum postponed indefinitely
  No referendum proposed

На 12 јануари 2005 г. Европскиот Парламент ја изгласа правно необврзувачката резолуција во корист на Уставот со 500 гласа „за“ и 137 „против“ и 40 „воздржани“. [3]

Договорот од ЕУ мора да биде ратификуван од сите земји-членки пред да стапи на сила. Процесот на ратификација е различен во секоја земја. Тој зависи од нивните традиции, уставни аранжмани, и политички процеси. Повеќето земји-членки ги ратификуваат договорите од ЕУ на традиционалниот начин со парламентарни гласови, додека пак некои, особено Ирска и Данска, одржуваат и референдуми. Како реакција на она што беше сфатено како новата природа на Уставот, многумина адвокати и противници на Уставот, тврдат дека тој треба да подлежи на референдуми низ Европската Унија.[4] На 20 април 2004 г. тогашниот Премиер Тони Блер неочекувано вети дека ќе има референдум, предлог што претходно го одби. Дополнителни седум земји-членки објавија или веќе имаа објавено дека ќе има референдуми за Уставот. Овие се Данска, Франција, Ирска, Луксембург, Холандија, Шпанија и Португалија.

На 20 февруари 2005 г.[5] Шпанија прва го одржа референдумот за Устав. 76% од гласачите на референдумот го одобрија уставот, а учество зазедоа единствено околу 43%.

На 29 мај 2005 г. Француската јавност го одби Уставот со минимална предност во гласовите од 55% до 45% на излезеност од 69%. Само три дена подоцна, Холанѓаните го одбија Уставот со минимална предност во гласовите од 61% до 39% на излезеност од 62%.

Независно што Уставот беше отфрлен во Франција и Холандија, Луксембург одржа референдум на 10 јули 2005 г. со што го одобри Уставот со 57% до 43%. Тоа беше последниот одржан референдум за Уставот бидејќи сите други земји-членки кои предложија да се одржуваат референдуми, ги откажаа.

По одбивањето на Уставот[уреди | уреди извор]

По резултатите на Француските и Холанѓанските референдуми, Европските лидери одлучија да одржат „период на размислување“ за што да направат следно.[6] Како дел од овој период на раазмислување, беше составена група од „мудри луѓе“ за да ги разгледат можните насоки на дејствување.[7] Оваа група од Европски политичари на високо ниво, поранешни премиери, министри и членови на Европската Комисија, прво се сретнаа на 30 септември 2006 г. во Рим.[8]

На 4 јуни 2007 г., оваа група, позната како Групата Амато, го претстави својот извештај. Тие предложија да се воспостави нова меѓувладина конференција со цел да изготви нов договор кој би го преобработил Дговорот за Европската Унија, би го изменил Дговор за воспоставување на Европска заедница и би ѝ дала на Повелбата за основни права на Европската Унија правно задолжителен статус. Новиот договор би бил заснован на првиот и четвртиот дел од Уставот, а останатите уставни промени ќе се постигнат преку измени на Договорот од Рим. [9] На состанокот на Европскиот самит во јуни 2007 г. земјите-членки се согласија да ја напуштат идејата за устав и да ги изменат постоечките договори што би продолжиле да важат. Исто така, тие се согласија на детален мандат за нова меѓувладина конференција со цел да преговараат за нов договор што би ги содржал измените на постоечките договори (првично Договорот од Рим и Договорот од Мастрихт). Овие преговори завршија кон крајот на годината, а новиот договор кој претходно се нарекуваше „Договор за реформи“ стана Договорот од Лисабон кога беше потпишан во Лисабон на 13 декември 2007 г.

Националните постапки на прв поглед[уреди | уреди извор]

Земја-членка[10] Датум Резултати[11] Симнување на Италијанската влада[12]
Шаблон:Литванија 11 ноември 2004 г. „Да“. Seimas: 84 до 4 се за, 3 воздржани.[13] 17 декември 2004 г.
Шаблон:Унгарија 20 декември 2004 г. „Да“. Országgyűlés: 323 до 12 се за, 8 воздржани.[14] 30 декември 2004 г.
Шаблон:Дловенија 1 фебвруари 2005 г. „Да“. Državni zbor: 79 до 4 се за, 0 воздржани.[15] 9 мај 2005 г.
25 јануари 2005 г.
6 април 2005 г.
„Да“. Camera dei Deputati: 436 до 28 се за, 5 воздржани.[16]
„Да“. Senato della Repubblica: 217 до 16 се за, 0 воздржани.[17]
25 мај 2005 г.
Шаблон:Шпанија 20 фебруари 2005 г.
28 април 2005г.
18 мај 2005г.
20 мај 2005г.
„Да“. Consultative referendum: 76.73% до 17.24% се за, 6.03% празни гласови, 42.32% учество.[18][19]
Yes. Congreso de los Diputados: 311 до 19 се за, 0 воздржани.[20]
Yes. Senado: 225 до 6 се за, 1 воздржан.[21]
„Кралска согласност“. HM the King[22]
15 јуни 2005 г.
Шаблон:Австрија 11 мај 2005г.
25 мај 2005г.
„Да“. Nationalrat: Сите освен еден го подржаа.[23]
„Да“. Bundesrat: Го подржаа сите освен тројца.[24]
17 јуни 2005г.
Шаблон:Грција 19 април 2005 „Да“. Hellenic Parliament: 268 до 17 се за, 15 воздржани.[25] 28 јули 2005г.
Шаблон:Малта 6 јули 2005г. „Да“. Il-Kamra: Одобрен без division.[26] 2 авгууст 2005г.
Шаблон:Кипар 30 јуни 2005г. „Да“. Cyprus Parliament: 30 до 19 се за, еден е воздржан.[27] 6 октомври 2005г.
Шаблон:Латвија 2 јуни 2005 „Да“. Saeima: 71 до 5 се за, шест се воздржаниref>Izstrādātsmendo. „Latvijas Republikas Saeima - Arhīvs“. Saeima.lv. http://www.saeima.lv/steno/2002_8/st_050602/Balsoj/024.htm. конс. 28 октомври 2012 г. </ref> 3 јануари 2006г.
Шаблон:Луксембург 10 јули 2005г.
25 октомври 2005г.
„Да“. Consultative referendum: 56.52% до 43.48% се за, 87.77% земале учество.[28][29]
Yes. Châmber: 57 до 1 се за, без воздржани.[30]
30 јануари 2006г.
Шаблон:Белгија 28 април 2005г.
19 мај 2005г.
17 June 2005
20 June 2005
29 June 2005
19 July 2005
8 February 2006
„Да“. Senaat/Sénat: 54 до 9 се за, еден е воздржан.[31]
„Да“. Kamer/Chambre: 118 до 18 се за, еден е воздржан.[32]
„Да“. Parlement Bruxellois/Brussels Hoofdstedelijk Parlement: 70 до 10 се за, 0 воздржани.[33]
„Да“. Parlament der Deutschsprachigen Gemeinschaft: 21 до 2 се за, без воздржани.[34]
„Да“. Parlement wallon: 55 до 2 се за, 0 воздржани.[35]
„Да“. Parlement de la Communauté française: 79 до 0 се за, без воздржани.[36]
„Да“. Vlaams Parlement: 84 до 29 се за, еден воздржан.[37]
13 јуни 2006г.
Шаблон:Естонија 9 мај 2006г. „Да“. Riigikogu: 73 до 1 се за, без воздржани.[38] 26 септември 2006г.
Шаблон:Бугарија 1 јануари 2007г. „Да“. Поради одредбите од Договор за пристапување 2005г.
Шаблон:Романија 1 јануари 2007г. Yes. Due to the provisions of Договор за 2005г.
Шаблон:Словачка 11 мај 2005г. „Да“. Národná rada: 116 до 27 се за, четворица се против.ref>Slovak National Council results[мртва врска]</ref>
Шаблон:Германија 12 мај 2005г.
27 мај 2005г.
31 октомври 2006г.
„Да“. Bundestag: 569 до 23 се за, двајца воздржани.[39]
„Да“. Bundesrat: 66 до 0 се за, тројца се против.[40]

Frozen. Constitutional Court

Шаблон:Финска
incl.  Оланд[41]
5 December 2006
Cancelled
„Да“. Eduskunta/Riksdag: 125 до 39 се за, четворица се против.[42]
Lagting[43]
Шаблон:Франција 29 мај 2005г.
Откажан
Откажан
„Не“. Referendum: 54.68% до 45.32% се против, 69.34% зазеле учество.[44][45]
Assemblée Nationale:
Sénat:
Шаблон:Холандија 1 јуни 2005г.
Откажан
Откажан
„Не“. Consultative referendum: 61.54% до 38.46% се против, 63.30% зазеле учество.[46][47]
Tweede Kamer:
Eerste Kamer:
Шаблон:Република Чешка Откажан
Откажан
Откажан
Referendum:
Senát:
Poslanecká sněmovna:
Шаблон:Данска Откажан
Откажан
Referendum:
Folketinget:
Откажан
Откажан
Откажан
Referendum:
Dáil Éireann:
Seanad Éireann:
Шаблон:Полска Откажан
Откажан
Откажан
Referendum:
Sejm:
Senat:
Шаблон:Португалија Откажан
Откажан
Referendum:
Assembleia da Republica:
Шаблон:Шведска Откажан Riksdag:
Шаблон:Велика Британија Откажан
Откажан
Откажан
Откажан
Референдум:
Долниот Дом:
Горниот Дом:
Кралицата Елизабета Втора:

Содржина[уреди | уреди извор]

Институционална структура[уреди | уреди извор]

Според Уставот на ЕУ, the Советот на ЕУ формално ќе беше преименуван во „Советот на министри“, што веќе е неговиот неофицијален назив. „Советот за општи работи“ ќе беше формално одделен од „Советот за надворешни работи“ кој неформално и одвоено одржуваше состаноци од јуни 2002 г.

Уставот на ЕУ вклучуваше знаме, химна и мото, што претходно не беа признати со договор, иако ниту една од овие работи не е нова.

Пренесување, супсидијарност, пропорционалност[уреди | уреди извор]

Уставот на ЕУ ќе потврдеше неколку клучни принципи за функционирањето на Унијата:

  • принцип на пренесување: дека сите надлежности на ЕУ и се пренесуваат на волонтерска основа од земјите-членки;
  • принцип на супсидијарност: дека владините одлуки треба да се носат на што е можно пониско ниво, а сепак да останат ефективни;
  • принцип на пропорционалност: дека ЕУ може единствено да дејствува точно до оној степен кој е потребен за да ги постигне своите цели;
  • Предноста на законот во ЕУ: во области каде земјите-членки склучиле законско обврзувачки договори на ниво на ЕУ, тогаш тие може да не донесуваат државни закони кои не се во согласност со законите на ЕУ.

Уставот на ЕУ ќе прецизираше дека ЕУ е унија од земји-членки, и дека сите нејзини надлежности (одговорни области) и се пренесени на волонтерска основа од нејзините земји-членки според принципот на пренесување. ЕУ ќе немаше право на надлежности, и така која било недетално објаснета политичка област во Уставот ќе останеше област на суверените земји-членки (без оглед на „клаузата за флексибилност“ – види подолу).

Според Уставот на ЕУ, ЕУ може единствено да делува (т.е. да создава закони) кога нејзините земји-членки едногласно се согласуваат дека активностите од независни земји би биле недоволни. Ова е принципот на супсидијарност, кој се заоснова на законски и политички принцип дека владините одлуки треба да се носат што е можно поблизу до луѓето, а сепак да останат ефективни.Тврдењата дека Европа го ограничува националниот суверинитет е главен аргумент, но критичарите велат дека се работи за принцип кој оддава признание само на збор, и во пракса, создавањето на Европска Унија е поамбициозна работа.

Предноста на законот во Унијата[уреди | уреди извор]

Меѓу Европските земји, Европскиот суд за правда од 1964 г. постојано пресудуваше дека законот на ЕУ има предност над законите на земјите-членки во области каде земјите-членки одобруваат да биде донесен. Државниот закон што не соодветствува со договор кој веќе е склучен на европско ниво, се смета дека е „неприменлив“ кога во судовите се отвараат прашања на оваа тема. Овој контроверзен и основен принцип најпрво беше согледан во случајот од 1963 година „Van Gend en Loos“ по кој следеше „Costa v. ENEL'“ во 1964 година.

Заеднички вредности на земјите-членки од Унијата[уреди | уреди извор]

Имено, како што стои во Членови I-1 и I-2, Унијата е отворена за сите Европски држави што ги почитуваат заедничките вредности на земјите-членки:

Истоа така, земјите-членки изјавуваат дека следниве принципи, преовладуваат во нивното општество:

Некои од овие одредби се за прв пат кодифицирани во Уставот на ЕУ.

Цели на Унијата[уреди | уреди извор]

Според Уставот на ЕУ, нејзините цели се експлицитно дадени (Член I-3):

Целите на Унијата во поглед на своите односи со поширокиот свет се:

Обемот на унијата[уреди | уреди извор]

Надлежности[уреди | уреди извор]

ЕУ има шест „ексклузивни надлежности“, политички области во кои земјите-членки се согласија дека треба да делуваат исклучиво преку ЕУ, а не донесуваат закони на државно ниво. Листата на овие останува иста од претходните договори:

Има одреден број на „заеднички надлежности“. Тоа се области во кои земјите-членки се согласуваат да дејствуваат независно, но само ако тие веќе не дејствувале преку ЕУ, или ако ЕУ престанала да дејствува (иако ова се области каде земјите-членки можат да дејствуваат и на национално ниво и преку ЕУ доколку сакаат). На надлежностите од претходните договори им беа додадени три нови надлежности (види подолу).

Постои одреден број на области каде ЕУ може единствено да преземе „активности за поддршка, управување или дополнителни активности“. Во овие области, земјите-членки не и пренесуваат какви било надлежности на Унијата, туку се согласуваат да дејствуваат преку Унијата со цел да ја поддржат својата работа на национално ниво. Повторно, на надлежностите од претходните договори им беа додадени три нови надлежности (види подолу).


Клауза за флексибилност[уреди | уреди извор]

Клаузата за флексибилност на ТЦЕ и овозможува на ЕУ да дејствува во области што не се детално дадени во ТЦЕ, туку само:

  • доколку сите земји-членки се согласат;
  • со согласност на Европскиот Парламент; и
  • кога ова е потребно за да се постигне договорена цел според ТЦЕ

Оваа клауза е присутна во законот на ЕУ откако уште од оригиналниот Договор од Рим, со кој се воспостави ЕЕЗ во 1958 година.

Заедничка надворешна и безбедносна политика[уреди | уреди извор]

ЕУ во догледно време е задолжена за дефинирање и спроведување на заедничка надворешна и безбедносна политика. Текстот на овој член е преземен од постоечкиот Договор за Европска Унија.

Нови одредби[уреди | уреди извор]

Правно лице[уреди | уреди извор]

За прв пат, ЕУ има правно лице според ТЦЕ. Ова значи дека таа може да се претставува себеси како единствено тело во одредени околности според меѓународниот закон. Што е уште позначајно, таа може да потпишува договори како единствено телп, а сите членки да се согласуваат со тоа.

Нови надлежности[уреди | уреди извор]

ТЦЕ ќе и ги пренесеше на ЕУ областите од видот на територијално поврзување, енергија и вселена, како „нови надлежности“. Ова се области каде ЕУ може да дејствува заедно со своите независни земји-членки. ЕУ ги пренесува областите на туризам, спорт, или административна соработка области како нови области на „активности за поддршка, управување или дополнителни активности“.

Постапките за кривична правда[уреди | уреди извор]

Доколку се беа усогласиле, земјите-членки ќе продолжеа да соработуваат во некои од областите на постапките за кривична правда како што е случајот денес. Според ТЦЕ, седум нови области на соработка ќе беа додадени:

Клауза за солидарност[уреди | уреди извор]

Новата клауза за солидарност на ТЦЕ прецизира дека секоја земја-членка што е жртва на терористички напад или друга катастрофа, ќе добие помош од другите земји-членки доколку побара. Не е наведено каков вид на помош ќе добие. Наместо тоа, ако се појави таква состојба, за аранжманите ќе одлучи Советот на министри.[48]

Европско јавно обвинителство[уреди | уреди извор]

Доколку сите земји-членки и Европскиот парламент се согласат, ќе се создаде одредба за формирање на Европско јавно обвинителство.

Повелба за основни права на Европската Унија[уреди | уреди извор]

ТЦЕ во себе вклучува копија од Повелбата што веќе сите земји-членки на ЕУ ја склучија. Ова е вклучено во Уставот така што самите институции на ЕУ се должни да се усогласат со истите стандарди на основните права. Кога Повелбата беше првично склучена, Британската влада изјави дека Повелбата нема обврзувачки ефект. Повелбата ќе имаше несомнена важност доколку се вградеше во ТЦЕ.

Поедноставување[уреди | уреди извор]

Поедноставен жаргон и правни инструменти[уреди | уреди извор]

ТЦЕ прави напори да го поедностави жаргонот и да го намали бројот на правните инструменти на ЕУ (т.е. начините на кои земјите од ЕУ можат да дејствуваат). Меѓутоа, тоа е долг документ кој е формулиран со непознати и технички термини, што се покажа непопуларен кога им беше претставен (на пример) на Француските гласачи при нивниот референдум за ТЦЕ.

ТЦЕ ги обединува правните инструменти низ политичките области (наведени како столбови на ЕУ во претходните договори). Поточно:

Положбата на Министерот за надворешни работи[уреди | уреди извор]

Според ТЦЕ, улогата на Високиот претставник за Заедничка надворешна и безбедносна политика би била споена со улогата на Комесарот за надворешни работи. Со ова би се формирал нов Министер за Надворешни работи што ќе биде и Потпретседател на Комисијата. Оваа личност би била одговорна за соработката на надворешатата политика низ Унијата, и би ја претставувала ЕУ во странство, во области каде земјите-членки се согласуваат да зборуваат со еден глас.

Како функционираат институциите?[уреди | уреди извор]

Гласање со квалификувано мнозинство[уреди | уреди извор]

Повеќето секојдневни одлуки ќе се донесуваат со гласање со квалификувано мнозинство во Советот на министри со што ќе биде потребно 55% од мнозинството членови на Советот да застапуваат 65% од мнозинството граѓани. ( 55% би се покачиле на 72% кога Советот би дејствувал по своја сопствена иницијатива отколку кога би дејствувал според донесениот предлог од Комисијата или Министерот за надворешни работи.) Едногласната согласност на сите земји-членки единствено ќе се бара за одлуки поврзани со почувствителни проблеми, како што се: данок, социјална безбедност, надворешна политика, и одбрана.

Претседателот на Европскиот Совет[уреди | уреди извор]

Шестмесечното ротирачко претседателство на Европскиот Совет би се префрлило на претседавач што би бил избран од страна на шефовите на владите, за мандат од 2½ години што само еднаш би можел да се обнови. Самата таа улога би останала административна и неизвршна, но наместо како што денес претседателството го извршува само една земја-членка, тоа би го извршувала една членка избрана од Советот која нему би му поднесувала сметки.

Претседател на Советот за министри[уреди | уреди извор]

Шестмесечното ротирачко претседателство на Советот на министри, кое во моментов се поклопува со претседателството на Европскиот Совет, би се сменил на 18 месечно ротирачко претседателство кое три земји-членки ќе го делеа во обид да обезбедат повеќе континуитет. Исклучокот би бил конфигурацијата на Советот за надворешни работи, со кое би претседавал новоформираниот Министер за надворешни работи.

Помала комисија[уреди | уреди извор]

Бројот на членовите на Комисијата би бил намален од 27 на 18 до 2014 година. Би имало помалку комесари така што, една по една, земјите-членки два од три пати ќе номинираа комесари.

Моќта и транспарентноста на парламентот[уреди | уреди извор]

  • Претседател на Комисијата: Кандидат за Претседател на Европската комисија би бил предложен од Европскиот совет, по консултирање со Пратениците на Европскиот парламанет. Европскиот парламент би го избрал и тој би го имал последниот збор.
  • Парламентот како законодавно тело за соработка:Европскиот парламент заедно со Советот во речиси сите политички области, би се здобиле со еднаква законодавна моќ според постапката за заедничко донесување одлуки. Порано, тие ја имале оваа власт во повеќето случаи, но не во сите.
  • состанување со јавноста: Би било потребно Советот на Министри да се состанува во јавност кога ќе се разговара за сите нови закони. Денес, Советот на министри се состанува во јавност единствно за текстовите кои се опфатени според постапката за заедничко донесување одлуки.
  • Буџет: Европскиот парламент би го имал последниот збор за годишниот буџет на ЕУ. Замјоделското трошење повеќе не би било оградено и би било ставено под контрола на Парламентот.
  • Улогата на државните парламенти: На Државните парламенти на земјите-членки би им се доделила нова улога во анализирање на предложените закони од ЕУ, и тие би биле задолжени да се противат доколу чувствуваат дека еден предлог ја пречекорува границата на усогласените области за одговорност на Унијата. Ако Комисијата сака да го игнорира ваквото противење, таа би била присилена да поднесе објаснување до назначаниот парламент и до Советот на министри.
  • Народен мандат (т.е. иницијатива): Комисијата е добредојдана да разгледа секаков предлог „за работи за кои граѓаните сметаат дека е потребен правен акт на Унијата со цел да се примени Уставот“. Овој предлог ја има поддршката од еден милион граѓани. Се уште не е усогласен механизмот со кој ова би се реализирало. (Погледнете го Член I-46(4) за повеќе детали.)

Натамошна интеграција, изменувањ и повлекување[уреди | уреди извор]

Подобрена соработка[уреди | уреди извор]

Би постоело зацврстување на постоечките правила за „подобрена соработка“ онаму каде некои земји-членки би избрале поблиску да дејствуваат заедно, а некои не. Најмалку една третина од земјите-членки сега би биле присилени да учествуваат во каква била подобрена соработка, а би имало и потреба од договор за Европски парламент. Можноста за подобрена соработка би била и проширена кон сите усогласени политички области на ЕУ.

Ревизии на договорот[уреди | уреди извор]

Порано, за измената на договорите било одлучувано на приватен состанок со едногласен договор на Европскиот Совет. Поддржувачите на ТЦЕ тврдат дека какви било измени на Договорот за устав во себе ќе вклучуваат пренесување нова Конвенција, слична на онаа со која претседаваше Валери Жискар Д’естен при изготвувањето на ТЦЕ. Оваа пстапка може да се заобиколи доколку Европскиот парламент се согласи, а во тој случај, последниот збор за усвојување на предлози ќе го има Европскиот совет, кој мора едногласно да се согласи. Меѓутоа, Европскиот совет може да направи мали ревизии (префрлање од едногласно гласање на гласање со квалификувано мнозинство во одредени политички области) преку така наречената „Пасарелова клауза“ (Член IV-444) доколку секоја земја-членка се согласи.

Клауза за повлекување[уреди | уреди извор]

Нова клауза во ТЦЕ овозможува секоја земја-членка да се повлече без одново да преговара или без да ги прекрши обврските што ги наложува договорот (клауза I-60). Според оваа клауза, кога земјата ќе го извести Советот за нејзината намера да се повлече, во Советот се склучува спогодба со согласност на парламентот. Ако преговорите не се склучат за време од две години, земјата сепак ќе си замине. Опишаната постапка е формализирање на постапката кога Гренланд ја напушти ЕЗ во 1985 година.[49]

  1. „The European Convention“. European-convention.eu.int. архивирано од оригиналот на 11 јуни 2002. http://web.archive.org/20020611092605/european-convention.eu.int/Static.asp?lang=EN&Content=Composition. конс. 1 јануари 2012 г. 
  2. „Penelope project on constitution“ (на (италијански)) (PDF). архивирано од оригиналот на 19 август 2008. http://web.archive.org/web/20080819213438/http://www.politicainternazionale.it/file%20PDF/A&T%201.2003%20-%20en/2.pdf. конс. 1 јануари 2012 г. 
  3. cs - čeština (12 јануари 2005). „Daily Notebook - 12-01-2005“. Europarl.europa.eu. http://www.europarl.europa.eu/omk/sipade3?PUBREF=-//EP//TEXT+PRESS+DN-20050112-1+0+DOC+XML+V0//EN&LEVEL=4&NAV=S&L=EN#SECTION1. конс. 28 октомври 2012 г. 
  4. Honor Mahony (31 May 2003), "Ratification problems loom over Convention", EUObserver.com, конс. 27 February 2009 ; Sarah Hall (26 May 2003), "Giscard backs calls for referendum on EU constitution", The Guardian (London), конс. 27 February 2009 ; David Charter (21 October 2003), "Tories issue demand on Europe referendum", The Times (London), конс. 27 February 2009 
  5. Spain voters approve EU charter“, „BBC News“, 20 февруари 2005 (конс. 26 мај 2010 г).
  6. Patrick Wintour (17 June 2005), "EU scraps timetable for ratifying constitution", The Guardian (London), конс. 27 February 2009 
  7. Honor Mahony (28 септември 2006). „Select group of politicians to tackle EU constitution“. EUobserver.com. http://euobserver.com/9/22527. конс. 27 февруари 2009 г. 
  8. Beunderman, Mark. „/ Institutional Affairs / EU 'wise' group welcomes new debate on constitution“. Euobserver.com. http://euobserver.com/9/22576/?rk=1. конс. 1 јануари 2012 г. 
  9. A New Treaty and Supplementary Protocols - Explanatory Memorandum (PDF), Brussels: Action Committee for European Democracy, 4 June 2007, стр. 2, Архивирано од оригиналот (PDF) на 8 July 2007, конс. 27 February 2009 
  10. Article IV-447 of the Treaty requires that instruments of ratification be deposited with the Government of the Italian Republic in order for the Treaty to enter into force. Each country deposits the instrument of ratification after its internal ratification process is finalised by all required state bodies (parliament and the head of state). Countries are ordered according to the date of deposition of ratification documents. When two countries have deposited the necessary documents on the same date the order is alphabetical.
  11. Results refer to the final round of parliamentary vote when more than one vote is required.
  12. [1][мртва врска]
  13. „Lietuvos Respublikos Seimas - Balsavimo rezultatai“. 11 ноември 2004. http://www3.lrs.lt/pls/inter/w5_sale.bals?p_bals_id=14857. конс. 28 октомври 2012 г. 
  14. „Szavazás adatai“. Mkogy.hu. 20 декември 2004. http://www.mkogy.hu/internet/plsql/ogy_szav.szav_lap_egy?p_szavdatum=2004.12.20.16:03:39&p_szavkepv=I&p_szavkpvcsop=I&p_ckl=37. конс. 28 октомври 2012 г. 
  15. [2][мртва врска]
  16. „Camera dei Deputati - XV legislatura - Documenti - Progetti di legge - Progetto di legge numero 6194“. Legxiv.camera.it. http://legxiv.camera.it/chiosco.asp?position=Organi+Parlamentari%5cAssemblea&content=%2f_dati%2fleg14%2flavori%2fschedela%2ftrovaschedacamera.asp%3fpdl%3d6194. конс. 28 октомври 2012 г. 
  17. „Parlamento Italiano - Disegno di legge S. 3269 - 14ª Legislatura“. Senato.it. http://www.senato.it/leg/14/BGT/Schede/Ddliter/aula/22437_aula.htm. конс. 28 октомври 2012 г. 
  18. Participation in Spanish referendum is calculated based on the total number of votes. Results are calculated based on the valid votes only.
  19. Spanish referendum results[мртва врска]
  20. „Cortes Generales: Diario de Desiones del Congreso de los Diputados“. Congreso.es. http://www.congreso.es/public_oficiales/L8/CONG/DS/PL/PL_087.PDF. конс. 28 октомври 2012 г. 
  21. „SEN PLENO 40“ (PDF). http://www.senado.es/legis8/publicaciones/pdf/senado/ds/PS0040.PDF. конс. 1 јануари 2012 г. 
  22. Грешка: no |title= specified при употребата на {{Cite web}}“ (PDF). http://www.boe.es/boe/dias/2005/05/21/pdfs/A17260-17260.pdf. конс. 29 март 2013 г. 
  23. „Parlamentarische Materialien“ (PDF). http://www.parlinkom.gv.at/pls/portal/docs/page/PG/DE/XXII/NRSITZ/NRSITZ_00109/fname_046454.pdf. конс. 1 јануари 2012 г. 
  24. „Parlamentarische Materialien“ (PDF). http://www.parlinkom.gv.at/pls/portal/docs/page/PG/DE/BR/BRSITZ/BRSITZ_00721/fname_046904.pdf. конс. 1 јануари 2012 г. 
  25. Greek Parliament results[мртва врска]
  26. „Kamra tad-Deputati (Malta)“. Parliament.gov.mt. архивирано од оригиналот на 15 јуни 2007. http://web.archive.org/web/20070615134415/http://www.parliament.gov.mt/HorIndex/Leg10_2003/Debates/20050706_288d_par.doc. конс. 28 октомври 2012 г. 
  27. [3][мртва врска]
  28. Participation in Luxemburg referendum is calculated based on the total number of valid, non-blank votes. Results are calculated based on the valid, non-blank votes.
  29. „Verfassung fir Europa - Résultat du référendum“. Verfassung-fir-europa.lu. 22 јуни 2011. http://www.verfassung-fir-europa.lu/fr/referendum/resultat/index.html. конс. 28 октомври 2012 г. 
  30. Luxemburg Chamber of Deputies results[мртва врска]
  31. „Annales n° 3-110“. Senate.be. http://www.senate.be/www/?MIval=/publications/viewPubDoc&TID=50341834&LANG. конс. 28 октомври 2012 г. 
  32. „Compte Rendu Analytique : Beknopt Verslag“. Dekamer.be. http://www.dekamer.be/doc/PCRA/pdf/51/ap140.pdf. конс. 28 октомври 2012 г. 
  33. „Verenigde Vergadering van de Gemeenschappelijke Gemeenschapscommissie“. Weblex.irisnet.be. http://www.weblex.irisnet.be/data/arccc/Cri/2004-05/00020/images.pdf. конс. 28 октомври 2012 г. 
  34. „Ausfuhrlicher Bericht Vom 20 Juni 2005“. Dgparlament.be. http://www.dgparlament.be/PortalData/4/Resources//Datenbank/2004_2009/2004-2005_D_37__40510doc.pdf. конс. 28 октомври 2012 г. 
  35. „Parlement Wallon - Session 2004-2005“. Nautilus.parlement-wallon.be. http://nautilus.parlement-wallon.be/Archives/2004_2005/CRA/cra40.pdf. конс. 28 октомври 2012 г. 
  36. „Untitled“. Archive.pcf.be. http://archive.pcf.be/10000000009001a?action=view&page=75&width=1260. конс. 28 октомври 2012 г. 
  37. „Vlaams Parlement“. Jsp.vlaamsparlement.be. архивирано од оригиналот на 15 јуни 2007. http://web.archive.org/web/20070615134413/http://jsp.vlaamsparlement.be/docs/handelingen_plenaire/2005-2006/plen028-08022006.pdf. конс. 28 октомври 2012 г. 
  38. [4][мртва врска]
  39. „Plenarprotokoll 15/175“ (PDF). http://dipbt.bundestag.de/dip21/btp/15/15175.pdf. конс. 1 јануари 2012 г. 
  40. „Plenarprotokoll811“ (PDF). архивирано од оригиналот на 15 јуни 2007. http://web.archive.org/web/20070615134413/http://www.bundesrat.de/cln_050/nn_43984/SharedDocs/Downloads/DE/Plenarprotokolle/2005/Plenarprotokoll-811,templateId=raw,property=publicationFile.pdf/Plenarprotokoll-811.pdf. конс. 1 јануари 2012 г. 
  41. Åland is an autonomous province of Finland. It is part of European Union, but is subject of certain exemptions. Åland are not party in the Treaty to establish European constitution, but according to Article IV-440, Paragraph 5 the Treaty will apply on the territory but with derogation. So Åland Parliament ratification is not necessary for European Constitution to enter into force, but is needed for provisions of Article IV-440, Paragraph 5 to be applied.
  42. Finish Parliament results[мртва врска]
  43. Åland Parliament position on European constitution[мртва врска]
  44. Participation in French referendum is calculated based on the total number of votes(2.51% of votes were blank or invalid). Results are calculated based on the valid, non-blank votes.
  45. „Proclamation des résultats du référendum du 29 mai 2005“. Admi.net. http://www.admi.net/jo/20050604/CSCX0508486X.html. конс. 28 октомври 2012 г. 
  46. Participation in Dutch referendum is calculated based on the total number of votes (0.76% of votes were blank or invalid). Results are calculated based on the valid, non-blank votes.
  47. Dutch referendum results[мртва врска]
  48. Ondarza, Nicolai and Roderick Parkes. „Implementing the Lisbon Treaty's Solidarity Clause, SWP Comment, 2010; Ekengren, Markus et al. (2006) "Solidarity or Sovereignty? EU Cooperation in Civil Protection" in Journal of European Integration 28/5“]. Swp-berlin.org. стр. 457–476. http://www.swp-berlin.org/common/get_document.php?asset_id=6946. конс. 28 октомври 2012 г. 
  49. See further H. de Waele, 'The European Union on the Road to a New Legal Order - The Changing Legality of Member State Withdrawal', (2005) Tilburg Foreign Law Review, p. 169-189