Лекари без граници

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лекари без граници
Лого на Лекари без граници
Основана 1971
Седиште Швајцарија Женева, Швајцарија

Лекари без граници (француски: Médecins Sans Frontières, англиски: Doctors Without Borders) е меѓународна, хуманитарна, невладина организација која им овозможува медицинска помош на жртвите на војни, епидемија или природни и вештачки катастрофи. Освен тоа таа им нуди помош на сите оние на кои медицинската помош им е ускратена или тешко достапна поради географската оддалеченост, сиромаштијата или етничка, политичка и било која друга маргинализација. Познати се по своите проекти во земји, во кои се водат војни и во земји во развој, кои се соочуваат со ендемски заболувања.

Организацијата ја основале група на француски лекари на 20 декември 1971 година. Ширум светот е позната под своето име на француски јазик, Médecins Sans Frontières или скратено - MSF. Седиштето на организацијата се наоѓа во Женева, а во 20 држави постојат нејзини претставништва.[1]

Секоја година околу 3000 лекари, медицински сестри, санитарни стручњаци и други медицински и немедицински личности одат на различни задачи ширум светот. Од друга страна пак 1000 луѓе со постојано работно место, работат на ангажирање на доброволци, обезбедување финансиски средства итн. Приватните донатори обезбедуваат приближно 80 % од финансискиот фонд на организацијата, додека другиот остаток го донира власта и корпорацијата. На тој начин се формира буџет кој годишно изнесува околу 400 милиони американски долари.[2]

Организацијата Лекари без граници делува во преку 70 земји, каде пружаат примарна здравствена заштита, обавуваат оперативни зафати, го вакцинираат населението, ги обучуваат болниците и амбулантите, спроведуваат разни санитарни и прехранбени програми, го обучуваат локалното население, и сл. Во 1999 година, добиле Нобелова награда за мир,[3][4] а три години порано и Награда за мир во Сеул.[5]

Формирање на организацијата[уреди]

Бијафра[уреди]

Неухрането дете во Нигерија

За време на граѓанската војна во Нигерија (1967—1970), војската направила блокада околу регионот во југоисточниот дел на земјата, попознат како Бијафра. Во тоа време, Франција била најголема држава која ја поддржувала Бијафра, додека Велика Британија, Сојузот на Советските Социјалистички Републики, и САД застанале на страна на нигерската влада. Тогаш голем број на француски лекари доброволно се пријавиле во Црвениот крст, со желба да работат во болници и во центарите за исхрана на населението во околниот регион. Црвениот крст барал од нив да потпишат согласност, односно договор, кој требало да обезбеди нетралност на оваа организација без разлика на околностите на теренот.

Откако влегле во Бијафра, доброволците биле изложени на постојани напади од нигерската војска и биле сведоци на изгладнувањето и убивањето на цивилното население кое се наоѓало во блокираното подрачје. Затоа лекарите јавно ја критикувале нигерската влада во Црвен крст. Исто така заклучиле дека е потребна нова организација за помош, која ќе ги игнорира политичките и религиските граници, и која ќе биде приоритет исклучиво за подобрување на животот на жртвите.[6] Сепак постојат тврдења дека големиот напор за да му се овозможи помош на населението на Бијафра, бил поради претпоставките дека тему се врши геноцид и дека продолжува војната, па притоа ќе имало и многи непотребни жртви. [7]

Формирање[уреди]

Француските лекари кои работеле во Бијафра во 1970 година формирале Групa за итнa медицинскa и хируршкa интервенцијa (фр. Groupe d'Intervention Médicale et Chirurgicale en Urgence), која за цел имала да обезбеди помош, но и да истакне дека правата на жртвите со важни. Во исто време, Ремон Борел, уредник на француското спсание „Тонус“, формирал група наречена Француска медицинска помош (фр. Secours Médical Français), поради циклонот кој таа година усмртил најмалку 500 000 луѓе во Источен Пакистан(денешен Бангладеш). Борел имал намера да ги регрутира лекарите кои ќе пружат помош на жртвите на природни катастрофи. На 20 декември, 1971 овие две групи се соединиле во една организација наречена, Лекари без граници (ЛБГ).[6]

Основачи на организацијата биле:[8][9]

  • др Марсел Делкур (фр.Marcel Delcourt), лекар на општа пракса
  • др Макс Рекамије (фр.Max Recamier), оториноларинголог
  • др Жерар Пижон (фр. Gérard Pigeon), лекар и пожарникар
  • др Бернар Кушнер (фр. Bernard Kouchner), лекар и политичар
  • др Савијер Емануели (фр. Xavier Emmanuelli), лекар и политичар.
  • др Жан Каброл (фр. Jean Cabrol), хирург
  • др Владан Радоман, хирург и книжевник
  • др Жан-Мишел Вил (фр. Jean-Michel Wild), хирург
  • др Паскал Грелети-Босвије (фр. Pascal Greletty-Bosviel), лекар на општа пракса
  • др Жак Бере (фр. Jacques Bérés), хирург ортопед
  • др Жерар Илиуз (фр. Gérard Illiouz), пластични хирург
  • Филип Берније (фр. Philippe Bernier), списание „Тонус“
  • Ремон Борел ( Raymond Borel), списание „Тонус“.

Прва мисија[уреди]

Држави во кои Лекарите без граници имаат мисии.

Првата мисија на оваа независна организација била во градот Манагва, во престолнината Никарагва, каде на 23 декември, 1972 година земјотрес уништил поголем дел од градот и усмртил помеѓу 10 000 до 30 000 луѓе. [10] Организацијата која денеска е позната по брзата реакција во вакви и слични ситуации, стигнала три дена откако Црвениот крст ја воспоставил својата мисија. Две години подоцна, ураганот Фифи помеѓу 18 и 19 септември, 1974 година предизвикал големи поплави во Хондурас и усмртил неколку илјади луѓе, а ЛБГ во таа прилика ја воспоставиле својата прва доготрајна мисија за пружање на медицинска помош.[11]

Помеѓу 1975 и 1979, откако Јужен Виетнам го нападнал Северен Виетнам милиони луѓе од Камбоџа, избегале во Тајланд, за да ја избегнат Црвената Кмера. Како одговор на тоа, ЛБГ организирале камп за бегалци во Тајланд.[6] Кога Виетнам во 1989 година се повлекол од Камбоџа, ЛБГ започнале долготрајна мисија со цел да им се пружи помош на преживеаните од масовните убивања и да се реконструира државниот здравствен систем.[12] Иако ова ангажирање во Југоисточна Азија било нивната прва мисија за време на војните, првата мисија во вистинска воена смисла која подразбирала и излагање на непријателскиот оган, почнала во 1976 година во Либан за време на Либанската граѓанска војна. ЛБГ девет години (19761984) им помагало на хирурзите и болниците во разни либански градови и тогаш стекнале добра репутација поради својата неутралност и спремност да работат за време на борби. Тие им помагале и на христијаните и на муслиманите, во зависност од тоа на која група ѝ е потребно помош во тој момент. Сепак организацијата во 1984 година ги повлекла своите доброволци бидејќи ситуацијата во Либан многу се влошила, а безбедноста на ЛБГ групата била сведена на минимум.[13]

Ново водство[уреди]

Во 1977 година за претседател на Лекари без граници е избран Клод Малуре, и набрзо после тоа почнале дебати за иднината на организацијата. Конкретно, Малуре и неговите соработници се противеле и го оспорувале концептот „сведочење“ (фр. témoignage), кој се однесувал на слободно кажување за мачењата кои членовите на организацијата ги виделе на теренот, за кои ако не ги кажеле следувал концепт „молчење“. [14] Малуре сметал дека ЛБГ треба да избегнуваат критикување на владите на државите во кои работеле, додека Бернар Кушнер верувал дека документирањето и објавувањето на нивните мачења во конкретните држави за да се решат проблемите.

Во текот на 1979, четири години по бранот на бегалци од Јужен Виетнам и околните држави, француските интелектуалци во новините Лемонд упатиле апел под името „Брод за Виетнам“ со намера да се покрене проект со кој би се обезбедила помош на бегалците. Иако проектот не добил поддршка од поголемиот дел на ЛБГ, некои членови изнајмиле брод под името „Остров на светлоста“ (фр. L’Île de Lumière) и заедно са новинарите и фотографите отпловиле до Кинеското мора и им пружиле медицинска помош на илегалните имигранти.

Развој на организацијата[уреди]

Во текот на 1982 година Клод Малуре и Рони Брауман, кој истата година станал претседател на организацијата, обезбедиле поголема финансиска независност на Лекари без граница со представување на концептот за собирање средства по пат на пошта.(анг. fundraising-by-mail). Тие године доаѓа до отварање на низа оперативни гранки во останатите држави: Белгија (1980), Швајцарија (1981), Холандија (1984) и Шпанија (1986). Во Луксембург во 1986 е основан први неоперативна гранка, а во текот на 1990-те во голем број на други земји: Грција, САД, Канада, Јапонија, Велика Британија, Италија, Австралија, Германија, Австрија, Данској, Шведска, Норвешка, Хонг Конг а нешто подоцна ва Соединетите Арапски Емирати.[6]

Во декември 1979 годинa, откако советската војска влегла во Авганистан, веднаш се поставени полски мисии за пружање на медицинске помош на муџахедини. Во текот на периодот на гладување во Етиопија (19841985) ЛБГ основале програми за хранење на населението, ама во 1985 биле истерани поради тужба за злупотреба на меѓународната помош и насилно раселување на луѓето. Организацијата исто така поставила опрема за произведување на чиста вода за пиење во Сан Салвадор, откако на 10 октомври, 1986 година земјотрес го разрушил овој град.[15][6]

Судан[уреди]

Во текот на 1979 година Лекари без граници воспоставиле мисија за помош на цивилите кои биле погодени од гладот и граѓанската војна која се одвивала. Доброволците објавиле голем број на извештаи за страшните работи што ги посведочиле, а двајца доброволци и загинале во 1989 година кога бил соборен нивниот авион.[15][6] ЛБГ продолжиле со своите напори во Судан околу 25 години, покрај апсењето на нивните доброволци, [16], речиси постојаните борби и и масакррањето на цивилите,[17] сушата и избивањето на туберкулоза, ебола, хепатитис, дечја парализа, колера и маларија. Организацијата непрестајно давала апел за помош преку медиумите, но за таа ситуација во Судан слабо се известувало воСАД и во Европа.[18]

Раните 1990-ти[уреди]

Во раните деведесетти години ЛБГ отвориле неколку нови национални секции пратиле неколку полски мисии во некои од најопасните жаришта со кои дотогаш се сретнале.

Во текот на 1990 ЛБГ прво отишле во Либерија со намера да им помогнат на тамошните цивили и бегалци погодени од граѓанската војна.[19] Постојаните борби во текот на 1990-тите и новата граѓанска војна ги држеле активните доброволци на Лекари без граници во програмите за обезбедување намирници, пружање на примарна здравствена заштита, масовни вакцинации, како и говорот против нападот на болниците(посебно во Монровија).[20]

Полската мисија се воспоставила и со цел за пружање на помош на (курди|курдските) бегалци која ја преживеале Операцијата Анфал, а за која веќе биле собрани докази за нејзините злочини.[21] Во текот на 1991 почнала војна во Сомалија која била проследена со глад и болест, па затоа ЛБГ ја поставиле таму својата мисија во 1992 година. По неуспешната интервенција на Обединетите Нации, насилството во тој регион се влошило и ЛБГ одлучиле да ја откажат операцијата во 1993 година, но доброволците сепак продолжиле да обезбедуваат медицинска нега и храна. По заминувањето на Обединетите Нации насилството во Сомалија било неспречиво, а ЛБГ биле една од ретките организации која им помагала на тамошното население со отварање на клиники и болници.[22]

Руанда[уреди]

Воздушна снимка на бегалскиот камп во Руанда
Бегалски камп во источен Заир

Кога во април 1994 година, почнал геноцидот во руанда, одделни членови на ЛБГ работеле во некои земји како дел на медициндкиот тим на Меѓународен комитет на Црвениот крст. Две хуманитарни групи успеале да ги одржат оперативни сите поголеми болници во руандската престолнина Кигали во текот на главниот дел на борбата. Лекари без граници, заедно со неколку други организации за пружање помош биле приморани да ја напуштат државата во 1995 година, иако доброволците на двете организации работеле заедно придружувајќи им се на начелата на работа на Црвен крст каде неутралноста била најважен принцип. Овие настани довеле до дебата во внатрешноста на организацијата околу концептот на неутралност на хуманитарните работници и нивната улога како сведоци. Тоа резултирало приближувањ на ставот на ЛБГ за почитување на начелото за неутралност кое го пропагирал Црвен крст, што представувало значајна промена во однос на времето кога организацијата била формирана.[23]

Црвениот крст изгубил 56, а Лекари без граници изгубиле близу 100 членови во Руанда, а француската екипа ЛБГ, кој одлучил да се евакуира (локалните членови морале да останат), ги пријавиле убиствата и барале француската војска да престане со геноцидот. Француската екипа ЛБГ во медиумите представил слоган наречен „Геноцид не може да се прекине без доктори “ (анг. One cannot stop a genocide with doctors), после што набрзо следела контроверзната Операција Туркуаз.[6] Оваа интервенција директно или индиректно довела до заминување на илјада руандски бегалци во Заир и Танзанија и подоцна предизвикала епидемија колера, глад и уште поголемо убивање на големи групи на цивилното население. ЛБГ се вратиле во регионот и им пружиле помош на бегалците во градот Гома и во Демократската Република Конго.[24]

За време на геноцидот постоело големо супарништво помеѓу мисиите на Црвен крст, Лекари без граници и другите групи за пружање на помош,[25] но ситуацијата во Руанди барала драстична промена во начинот на кој хуманитарнете организации им пристапувале на мисиите. Затоа Црвен крст објавил „Правилник за однесување за движењето на Црвениот крст, Црвената полумесечина и невладините организации кои пружаат помош за време на катастрофите“ за да се направи место за делување на хуманитарните мисии,[26], а организацијата ЛБГ била потписник на овој документ.[27] Правилникот препоручува само пружање на хуманитарна помош, додека групите се поттикнуваат да не се служат со било каков политички или религиозен интерес, или пак со интересите на владите на другите држави.[28] ЛБГ сеуште сметаат дека неопходно е да ја осудат владината акција, како што бил случајот со Чеченија во 1999[29], но никогаш повеќе не барале воена интервенција[6].

Сиера Леоне[уреди]

Кон крајот на 1990-тите, воспоставени се мисиите на ЛБГ кои имале за задача да го лечат населението на обалите на Арално море од туберкулоза и анемија и да се грижат за цивилите кои страдале од глад и епидемија на колера и сида.[30] Вакцинирале три милиони нигерци против менингитис за време на епидемијата во тек на 1996 година [31] и ги тужеле талибаните за негрижа спрема здравствената нега на жената во 1997 година.[32] Најзначајното присуство на организацијата во годините пред крајот на 20. век било во државата Сиера Леоне во која се одвивала граѓанска војна. Во текот на 1998 доброволците почнале да им асистираат на хирурзите во Фритаун со намера да помогнат на што поголем број на ампутации и собирање податоци за граѓаните (мажи, жени и деца) кои биле нападнати од група на мажи кои се изјаснувале како представници на Економската заедница на западноафричките земји (анг. ECOMOG). Тие групи патувале од села до села и систематски ги напаѓале припадниците на двете војски, ги силувале жените, убивале цели семејства, рушувале куќи и ги приморувале преживеаните да го напуштат тоа подрачје. .[33]

Активностите на земјите од поранешна Југославија[уреди]

Хрватска[уреди]

Лекари без граници почнале со работа во поранешна Југославија на 19 октомври 1991 година, со евакуација на 112 ранети од болницата во Вуковар.[34] Почетните програми настанале како одговор на основните потреби на луѓето погодени од воените напади. Подоцна се развиле долгорочни проекти, насочени пред сè на менталното здравје, семејната медицина и обновување на медицинските објекти.[35]

Босна и Херцеговина[уреди]

Организацијата работела и со ромското население во Сараево. Во 1996 година водела програм за унапредување на менталното здравје во Горажде, коj се огледал во образувањето на домашните стручњаци за помош на луѓето и организирање на психолошкиот рехабилитационен центар во овој крај. Во наредните години дошле голем број на бегалци од Косово, припадници на муслиманската етничка група. ЛБГ работеле во четири кампови, ги надгледувале транзитните центри и водели мобилна клиника за бегалци.[35]

Србија[уреди]

На подрачјето на Косово и Метохија ЛБГ биле активни 1993 година. Организацијата им пружила склониште, вода и здравствена нега за населението загозено од бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО,[36] а организирани се и советувалишта за жртвите од посттрауматски стрес. Во внатрешноста на ЛБГ избила внатрешна озбилна криза во врска со нивното делување на Косово, бидејќи грчкиот огранак бил исклучен, затоа што членовите на организацијата им пружале помош на албанските и српските цивили во Приштина за време на бомбардирањето, додека централата своите активности ги усмерила првенствено на Албанците.[37] Постоеле и оптужби дека НАТО го оправдал бомбардирањето на Југославија на основа на извештајот на ЛБГ, во кој немало збор за неделите за време на Ослободителната војска на Косово.[38] Грчкиот огранак на ЛБГ повторно е примен во 2005.

Во октомври 2000 година Патрис Парже, координатор на мисиите на ЛБГ, најавил престанок на активностите во областа на Косово, бидејќи меѓународнате војна и цивилнате мисија не биле во состојба да гарантираат безбедност за припадниците на етничките малцинства. Исто така е истакнато дека нејзините екипи секојдневно биле сведоци на малтретирањето на српското малцинство во Србица, Вучитрн, Суво Грло и Гојбуља како и на албанското малцинство во северниот дел на Косовска Митровица.[39] Слични оптужби на сметка КФОР и УНМИК изнел тогашниот претседател на организацијата, Џејмс Орбински.[40]

Доброволците на ЛБГ учествувале во акциите поврзани за поплавите во Поморавјето во 2002 година и земјотресот во јужниот дел на Косово.[35]

Мисии во тек[уреди]

Поплави на Хаити

Кампањата „Основни лекови на сите“ (анг. Campaign for Access to Essential Medicines) е покрената кон крајот на 1999, а имала за цел да го олесни пристапот на основните лекови во земјите во развој. Спрема дефиницијата на Светската здравствена организација, основни лекови се медикаменти потребни за спроведување на здравствена нега на поголемиот дел на населението на едно место, кои треба секогаш да бидат достапни и во доволни количини, кои одговараат на дозите и по цените кои населението може да ги плати. Во текот на 1999 година организацијата укажувала и на недостатоците на хуманитарната помош на Косово и Метохија и Чеченија.

Иако ЛБГ работеле на подрачјето на Косово од 1993 година, почетокот на војната довел до бегањее на десетина илјади бегалцу поради сè полошите услови за живот. Слична ситуација владеела и во Чеченија, чие население било протерувано од куќите, приморувано да живее во нездрави услови и изложувано на насилство за време на Втората чеченска војна.[41]

Колумбија е уште една земја во која цивилите директно биле погодени од војничките настани, а ЛБГ први покренале програми за помош во таа држава во 1985 година. После речиси непрестајни борби помеѓу владините герилици и паравоени формации, милиони граѓани биле принудени да ги напуштат своите домови, а насилството и киднапирањата станале вообичаена работа. Лекари без граници во голема мера биле активни на обезбедување на помош на жртвите на насилство, воспоставувале мисии во здравственте установи за голема група на раселени лица и користење на мобилните клиники за помош на изолованите групи на луѓе.[42]

Организацијате работела и на Хаитите, ама откога претседателот Жан Бертран Аристид насилно бил исфрлен од власта, во државата дошло до голем пораст на насилството над цивилите и силувања од страна на наоружаните групи. Покрај пружањето на хируршка и психолошка поддршка во постоечките болници, организацијата поставувала полски мисиии кои се бавеле со обнова на системот на водовод и канализација и лечењеа на преживеаните во големите поплави кои ги предизвикал ураган. Освен тоа, на пациентите со сида и маларија и другите болести кои вирееле во тие области, им бил пружен подобар третман и надгледување.[43]

За време на борбите во Кашмир во 1999 година, ЛБГ воспоставиле мисии кои им помагале на граѓаните од областите во Кашмир и Манипур во кои беснееле борби. Психолошката поддршка била основна цел на овие мисии, но тимовите организирале и програми за лечење на туберкулозата, сидата и маларијата.[44] Психолошката поддршка била важан аспект на делувањата на организацијата во Јужна Азија после земјотресот во Индискиот океан во 2004 година.[45]

Африка[уреди]

Бегалци во Конго
Камп на интерно раселените лица во Уганда

Лекари без граници со децении биле активни во многу афрички земји, каде понекогаш биле единствени кои на загрозеноте население му пружале медицинска нега, храна и вода. Иако тие упорно пробувале да ја зголемат медиумската покриеност на настаните во Африка за са се зголеми и меѓународната помош, долгорочната полска мисија таму сеуште биле неопходни. Главна задача на доброволците е лечењето и образувањето на јавноста за СИДА во субсахарското подрачје во Африка, каде се јавуваа најголем број на смртни случаи и заболувања во светот.[46] Само 4 % од Африканците со сида примаат антиретровирална терапија, а ЛБГ непрестајно апелира на владата и компаниите да го зголемат истражувањето и развојот на лечење на сидата во областа, да ги смалат цените и да овозможат полесен пристап на терапии на населението.[47]

Иако во регионот на Конго во Африка биле присутни уште од 1985 година, ЛБГ биле приморани да ги повлечат своите доброволци од посебните области, како што е Бунија, поради зголемен степен на насилство и нестабилност кои ги донеле првата и втората војна во Конго.[48] Организацијата продолжила да работи во другите области за да им обезебеди храна на десетина илјади иселени лица и им пружила помош на жртвите на масовни силувања и вооружани борби.[49] Исто така од голема важност биле терапијата и вакцините против болести како што се колера, мали сипаници, детска парализа, Марбургова грозница, болест на спиење, сида и куга,за да се спречат или забават нивните епидемии.[50]

ЛБГ биле присутни во Уганда од 1980 година и му пружале помош на населението за време на тамошната герилска војна. Во текот на 1986 почнала да делува побуненичка војна наречена Господари на Армијата на Отпорот (анг. Lord's Resistance Army), чиј состав го сочинувале главно малолетници кои командантите ги киднапирале и потоа ги присилувале да се борат . Оваа група е пример за кршење на човековите права на локалното население во северот на Уганда и југот на Судан вклучувајќи масовни стрељања, мачења, силувања, ограбувања, уништување на куќи и протерување на луѓето од нивните домови.[51] Соочени со повеќе од 1,5 милиони интерно раселени лица, ЛБГ воспоставиле програма во камповите за да би обезбедат чиста вода, храна и подобрување на здравствените услови. Болестите како што се туберкулоза, мали сипаници, детска парализа, колера, ебола и сида се јавувале во вид на епидемија, па доброволците спроведувале вакцинација и лечење на населението. Менталното здравје било важен аспект на здравствената помош која ја пружале тимовите на ЛБГ во Уганда, бидејќи многу луѓе одбивале да ги напуштат камповите за интерно раселување на лица поради стравот дека ќе бидат нападнати.[52][53]

ЛБГ ја воспставиле првата полска мисија во Обалата Слоноваче во 1990 година. Општото насилство и поделбата на земјата која во 2002 година ја извршила владата и побунениците, довела до уште поголем масакр, а тимовите ЛБГ почнале да се сомневаат дека се работи за етничко чистење.[54] Масовни вакцинации против малите сипаници,[55] лечење на туберкулозата и повторно отварање на болниците биле само дел од проетите покренати од страна на ЛБГ, кои биле единствената група за пружање на помош во поголемиот дел на земјата.[54]

Структура на полските мисии[уреди]

Пред да постави полска мисија во некоја држава, тимот Лекари без граници посетува регион за да може да ја одреди природата на хуманитарната криза, нивото на сигурноста и видкот на помош која е потребна. Медицинска помош е основна задача на најголем број мисии, иако некои од нив помагаат и во областите каде што има потрба од пречистување на водата и на исхраната.[56]

Тимот на полските мисии[уреди]

Тимот на полската мисија се состои од водач на мисијата и одреден број координатори кои се задолжени за одредени делови на мисиите. Водачот на мисијата обично има најголемо искуство во хуманитарната работа, а неговата (или нејзината) работа се односите со медиумите, националните влади и другите хуманитарни организации.

Медицинските доброволци ги сочинуваат лекари, хирурзи, медицински сестри и разни други специјалисти, кои имаат поминато обука за тропска медицина и епидемиологија. Покрај активностите во кругот на медицински и нутритивни компоненти полските мисии, доброволците се често вклучени и во работата со локалните медицински личности кои им помагаат и ги обучуваат.

Иако медицинските доброволци привлекуваат најголемо внимание од медиумите, постои и голем број на немедицински личности кои овозможуваат функционирање на мисијата. Логистичари често се најважнији членови на тимот, кои се одговорни за набавка на сè што им треба на медицинските работници. Тие можат да бидат инженери или да имаат некоја друга професија, но исто така се вклучени во поставување на центарот за лечење и надгледување на локалното население. Останатите немедицински личности го сочинуваат инженерите за прочистување на водата и подобрување на здравствените услови, финансиски и административни стручњаци итн.[57]

Медицинска компонента[уреди]

Вакцинација на дете во Чад

Спроведување на вакцинацијата е главен дел од медицинската нега која се спроведува за време на мисиите на Лекари без граници. На овој начин се врши превенција на многу болести непознати во развиените земји, како што се: дифтерија, мала сипаница, менингитис, тетанус, велики кашаљ, жолтица, детска парализа и колера. Некои од овие заболувања, како што се колерата и малата сипаница, се шират со голема брзина во големите, густо населени живеалишта како бегалските кампови. Затоа често е потребно да се вакцинираат стотици и илјадници луѓе за краток временски период.[58] Најдобар пример за тоа е градот Беира во Мозамбик, каде околу 50.000 луѓе два пати примиле вакцина против колера за речиси еден месец.[59]

Подеднако важан дел на медицинската нега представува и лечењето на сида со антиретровирални лекови, тестирања на оваа болест и образувањето на луѓето. ЛБГ се често единствените кои пружаат терапија во многу афрички земји, чие население го сочинува најголемиот дел на луѓе со сида и вирусот ХИВ.[46] Со оглед на тоа дека антиретровиралните лекови не се лесно достапни, ЛБГ главно обезбедува терапија за опортунистичка инфекција и ја едуцираат јавноста за тоа како да го забават пренесувањето на оваа болест.[60]

Во повеќето земји, ЛБГ го подигаат степенот на способноста на локалните болници со тоа што ги унапредуваат здравствените услови, со набавката на опреми и лекови и со обука на локалнито болнички личности.[61] Кога локалното население е згрижено, ЛБГ често отвараат специјализирани клиники за лечење на ендемските заболувања и операција на војничките жртви. Овие клиники ги гради меѓународното население, но ЛБГ се трудат по пат на обука и надгледувања да го оспособат локалното население сано да отвара клиники.[62] Во некои држави, како Никарагва, ЛБГ обезбедуваат јавно образување за да се зголеми известувањето за репродуктивното здравје и венеричните болести.[63]

Во областите погодени од природни катастрофи, граѓанските војни и ендемските заболувања, на населението често пати му е потребна и психолошка поддршка. Иако присуството на медицинските тимови на Лекари без граници може донекаде да го намали стресот меѓу жртвите, често тимовите на психолози и психијатри работат со жртвите на депресија, насилство и злоупотреба со опојни супстанции. Лекари исто така можат да го обучат локалното население во областа на менталното здравје.[64]

Исхрана[уреди]

Во областите каде што се воспоставуваат мисиите често постои умерен или озбилен облик на неухраненост како последица на војна, суша или лоша економска политика влада. Намерно изгладнување исто така се користи како средство за време на војната и ЛБГ, покрај обезбедувања со храна, известувањето на јавноста за настанатата ситуација бараат и интервенција од странските власт. Инфективните болести и дијареа, кои се последица на губење на тежината и исцрпеност на организмот (посебно кај децата) се лечат со медикаменти и одговарачка храна, за да се предупредат инфекциите и губењето на тежината во наредниот период. Во комбинација на овие фактори, каде грађанската војна се одвива за време на суша или избивање на инфективни заболувања, може да дојдее до озбилно гладување.[65]

Во ситуациите во кои постои недостаток на храна, но не во облик на вистинско гладување, протеинско-енергетската неухранетост е многу вообичаена меѓу помалите деца. Тешката енергетска неухранетост (лат. marasmus malnutritionalis) предизвикана од калориски дефицит во исхраната е чест облик на неухранетост во текот на детството и се карактеризира со сериозно опадање и слабеење на имунолошкиот систем. Тешката протеинско-енергетска неухранетост (лат. kwashiorkor marasmaticus) насталната после протеинскиот и калорискиот дефицит е сериозен тип на неухранетост кај помладите деца и може негативно да се одрази на физичкиот и менталниот развој. Двата типа на неухранетости можат да доведат до фатален исход во случај на инфекција.[66] Во вакви ситуации, ЛБГ воспоставуваат Терапевтски центри за хранење (анг. Therapeutic Feeding Centres) во кои се врши надгледување на децата и другите неухранети поединци.

Терапевтскиот центар за исхрана е отворен за лечење на сериозни случаи на неухранетост преку постепено воведување на специјални диети наменети за зголемување на тежината, а потоа поединците се лечат и од другите здравствени проблеми. Целата програма е поделена во две фази:[67]

  • Фаза I трае 24 часа и ја опфаќа основната здравствена нега и неклку помали нискокалорични и нископротеински оброци распоредени во текот на денот;
  • Фаза II опфаќа надгледување на пациентот и неколку помали висококалорични и вископротеински оброци распоредени во текот на денот, а трае сè додека тежината на поединецот не се приближи на нормалните вредности.

Лекари без граници користат храна специјално направена за лечење на разни облици на неухранетост. За време на првата фаза на пациентите им се дава еден вид на терапевтско млеко наречено F-75. Тоа е млеко во прав со мало количество на нутритивни материи, кое се меша со вода и се дава на пациентот за неговиот организам да се припреми за наредната фаза.[68] За време на втората фаза на пациентите им се дава млеко F-100, кое е богато со натриенси, и кое често се меша со путер од кикирики при што се добива мешавина наречена Plumpy'nut. Овие намирници имаат за цел да обезбедат голема количина на хранливи материи за пациентите ефикасно да се лечилат.[69][70] Останатата специјализирана храна која му се дава на населението на кое му се заканува глад е збогатена со брашно, овесна каша и високопротеински бисквити наречени BP-5. Тие бисквити се многу популарен вид на храна за лечење на населението, бидејќи лесно може да се дистрибуира и по потреба да се истроши и да се измеша со терапевтското млеко.[71]

Дехидратацијата, која понекогаш е предизвикана од колера или дијареа, исто така може да биде присутна меѓу населението, па ЛБГ поставуваат центри за рехидратација. Специјалниот раствор кој содржи глукоза и електролити им се дава на пациентите за да се надомести изгубената течност. На поединците исто така им се даваат антибиотици доколку се утврди дека имаат колера или дизентерија.[72]

Вода и санитација[уреди]

ЛБГ во бегалскиот камп во Чад

Чистата вода е неопходна за хигиена, конзумирање и за програмата на исхрана, како и за превенцијата на заболување која се шири преку водата.[73] Поради тоа, инженерите и доброволците на ЛБГ мора да обезбедат извор на чиста вода. То обично се постига со модификација на постоечките или со копање на нови бунари, или пак отпочнување на проекти за прочистување на водата. Прочистувањето се состои од таложење, филтрирање и евентуално хлорирање, во зависност од достапните ресурси.[74]

Санитацијата е неопходна компонента на полската мисија, а го опфаќа обучувањето на локалната медицинска екипа на техниките на правилна стерилизација, проектите за тргање на отпадните води, правилно фрлање на отпадот и образување на населението за лична хигиена. Правилен третман на отпадните води и санитацијата на водата се најдобар начин да се спречи ширењето на заболувања како што е колерата.[75] Фрлањето на ѓубрето може да подразбира јами за обичен отпад и палењење на медицинскиот отпад.[76] Сепак, најважната работа кај санитациите е образувањето на локалното население, дека правилниот третман на отпадот и водите може да продолжи и после заминувањето на ЛБГ од конкретното подрачје.

Статистики[уреди]

За цел прецизно да се изввестува остатокот на светот и владините тела за условите на хуманитарните кризи, за време на секоја полска мисија се собира голем број на податоци. Процената на неухранетоста кај децата се користи за одредување на степенот на неухранетост кај сето население, за се одредат потребните центри за хранење.[77] Различните типови на смртност се користат за извештаите за сериозноста хуманитарна криза, а една од вообичаените постапки за одредување на смртноста кај населението е постојаното следење на бројот на погреби.[78]Со собирањето на податоци за честостна на заболувања во болниците, ЛБГ можат да ги откријат појавите на болестите и локацијата на епидемиите, и да го спремат вакцините и останатите лекови. На пример, таканаречениот „појас на менингитис“ (супсахарска Африка во која се јавува најголем број случаи на менингитис светот) е „мапиран“ и утврдено е дека сезоната на менингитис се јавува помеѓу декември и јуни. Промените на на подрачјето на „појасите“ и времето на сезоните на епидемијата можат да се предвидат со користењето кумулативни податоци собрани во текот на годината.[79]

Како додаток на епидемиолошките испитувања, ЛБГ вршат и испитувања на населението за да ги утврдат размерите на насилството во различните региони. Со процена на обемот на масакрите и одредување на бројот на киднапирањате, силувањате и убиствате, можат да се имплементираат психолошките програми кои имаат за цел намалување на бројот на самоубиства и зголемување на чувството на сигурност кај населението.[80] Голем степен на насилни миграции, прекумерни цивилни загуби и масакри можат да бидат откриени со спроведување на истражувања, а ЛБГ можат да ги искористат нивните резултати за да извршат притисок на владата да обезбеди помош или барем да го обелодини геноцидот.[81]

Опасности по доброволците[уреди]

Покрај повредите и смртните случаи направени од залутаните метаци, мини и епидемиските болести, доброволците на Лекари без граници се понекогаш напаѓани и киднапирани од политички причини. Во некои земји погодени од граѓански војни, може да постои уверување дека хуманитарните организации им помагаат на непријателските страни и дека мисиите за помош се воспоставени поради жтвите на само една страна, па од таа причина тие можат да бидат предмет на напад. Војната противтероризмот произвел став меѓу поедините групи во државите кои су окупирани од страна на американската војска, дека невладините организации соработуваат или дури работат за Коалиционите сили. Кога Соединето=ите Американски Држави ја нарекле својата операција „хуманитарни акции“, многу независну организацију за помош биле приморане да ги бранат своите ставови или дури да ги повлечат своите тимови.[82] После американската операција во Авганистан и Ирак нагло пораснала несигурноста во градовите на овие држави и ЛБГ изјавиле дека пружањто на помош таму станало многу опасно.[83] Организацијата била приморана да ги евакуира своите тимови од Авганистан на 28 јули 2004 година[84] откако пет доброволци биле убиени на 2 јули од заседа од страна на неидентификувани војници близу селото Каир Кана во провинцијата Бадгис, 550 km западно од Кабул.[85]

Апсењата и киднапирањата од политички причини исто така можат да ги зафата доброволците, а во некои случаи полските мисии можат да бидат комплетно исфрлени од земјата. Арјан Еркел, шеф на мисиите во Дагестан бил киднапиран и држен на непозната локација од страна на непознати личности во периодот од 12 август 2002 до 11 април 2004 година. Пол Форман, шеф на холандскиот огранак на ЛБГ е уапсен во Судан во мај 2005 поради одбивање да ги открие документите користени за составување на извештаи за силувањата кои ги извршиле припадниците на провладините џанџавид полиции. Форман се залагал за право на приватност на жените кои биле вклучени во оваа афера, а ЛБГ тврделе дека суданската влада го уапсила поради лошиот публицитет кој го предизвикал објавувањето на извештајот.[86]

Слични имиња[уреди]

Голем број на невладини организации го презеле делот „без граници“, инспирирани од имете на оваа организација: Инженери без граници, Фармацевти без граници, Репортери без граници итн.

Наводи[уреди]

  1. Лекари без граници, проверено на 21. февруари 2008.
  2. Forsythe, David P. (2005) The Humanitarians: The International Committee of the Red Cross, Cambridge University Press. ISBN 0-521-61281-0.
  3. MSF-USA: Special Report: The 10 Most Underreported Humanitarian Crises of 2005
  4. Нобелова награда за мир, проверено 21. февруари 2008.
  5. The Seoul Peace Prize Cultural Foundation
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 Bortolotti, Dan (2004). Hope in Hell: Inside the World of Doctors Without Borders, Firefly Books. ISBN 1-55297-865-6.
  7. Alex de Waal, Famine Crimes: Politics & the Disaster Relief Industry in Africa, African Rights and the International African Institute, 1997.
  8. La création de Médecins Sans Frontières, octobre 2004., приступ 26. октобар 2007.
  9. Marie-Édith Alouf: Médecins sans frontières - une histoire d’aventures, проверено на 26 октомври 2007.
  10. Camilo, V (1974). The Earthquake in Managua, The Lancet (Correspondence) 303 (7845): 25–26
  11. Chronologies: Années 70, проверено на 10 јануари 2006
  12. Cambodia's second chance, проверено 10 јануари 2006.
  13. MSF in 1976: Lebanon, проверено на 10 јануари 2006.
  14. MSF's principles and identity - The challenges ahead, проверено на 10 јануари 2006.
  15. 15,0 15,1 Chronologie: Années 80, проверено на 10 јануари 2006.
  16. High Commissioner for Human Rights concerned over arrest of MSF head in Sudan, проверено на 10 јануари 2006.
  17. Brown V, Caron P, Ford N, Cabrol JC, Tremblay JP, and Lepec R (2002) Violence in southern Sudan, The Lancet 359 (9301): 161
  18. MSF Top-Ten under-reported humanitarian stories for 2002, проверено на 10 јануари 2006.
  19. Chronologie: Années 90, проверено на 11 јануари 2006.
  20. Liberia: War ends, but the crisis continues, проверено на 11 јануари 2006.
  21. Choo V (1993) Forensic evidence of Iraqi atrocities against Kurds, The Lancet 341 (8840): 299–300.
  22. Somalia - Saving lives in an abandoned land, проверено на 11 јануари 2006.
  23. Forsythe DP (2005). International humanitarianism in the contemporary world: forms and issues, Human Rights and Human Welfare Working Papers
  24. One cannot stop a genocide with doctors, проверено на 7 јануари 2006.
  25. Forsythe DP (1996). The International Committee of the Red Cross and humanitarian assistance - A policy analysis, International Review of the Red Cross (314): 512–531.
  26. Buchanan-Smith, M (2002) Interrelationships between humanitarian organisations, ICRC Forum: War and Accountability 40–45.
  27. Code of Conduct for the ICRC Movement and NGOs in Disaster Relief: List of signatories, проверено на 7 јануари 2006.
  28. Principles of Conduct for The ICRC Movement and NGOs in Disaster Response Programmes, проверено на 7 јануари 2006.
  29. Médecins Sans Frontières (James Orbinski) – Nobel Lecture Nobelprize.org.
  30. MSF 1998, проверено на 16 јануари 2006.
  31. Preventing meningitis, проверено на 16 јануари 2006.
  32. MSF and other aid organisations evicted from Kabul, проверено на 16 јануари 2006.
  33. Attacks as told by victims, проверено на 16 јануари 2006.
  34. Годишњица конвоја Лекара без граница, проверено на 25 февруари 2008
  35. 35,0 35,1 35,2 Утисци из мисија по свету, проверено на 24 февруари 2008.
  36. Kosovo: The physical and psychological consequences of war, проверено на 12 јануари 2006.
  37. Искључење грчког огранка, проверено на 25 февруари 2008.
  38. Solidaire - NATO used military operations data and assessments in Kosovo obtained by Medecins sans frontieres (MSF)
  39. Лекари без граница се повукли из енклава, проверено на 25 февруари 2008.
  40. Лекари без граница критикују Кушнера, проверено на 25 февруари 2008.
  41. No end in sight to the war in Chechnya, проверено на 12 јануари 2006.
  42. [http://www.msf.org/msfinternational/invoke.cfm?objectid=F7D40DA8-E018-0C72-09D63CFB9B3652D5&component=toolkit.article&method=full_html Colombia: Inescapable violence}, проверено на 15 јануари 2006.
  43. Haiti: Working amid intensifying violence, проверено на 15 јануари 2006.
  44. India: Bringing medical care, проверено на 15 јануари 2006.
  45. Post-tsunami mental health: 'We're still weak at the knees', проверено на 15 јануари 2006.
  46. 46,0 46,1 Introduction. AIDS epidemic update: December 2004.
  47. For AIDS treatment to reach millions, it needs to be free, проверено на 15 јануари 2006.
  48. Nothing new in Ituri: The violence continues, проверено на 15 јануари 2006.
  49. The tragedy of the other Congo - A forgotten war's victims, проверено на 12 јануари 2006.
  50. Democratic Republic of Congo (DRC): Complex emergency, human catastrophe, проверено на 12 јануари 2006.
  51. Истрага у сталном Кривичном суду у Хагу, проверено на 23 февруари 2008.
  52. Uganda: A neglected emergency, проверено на 15 јануари 2006.
  53. Uganda: Aiding civilians targeted by war, проверено на 12 јануари 2006.
  54. 54,0 54,1 Côte d'Ivoire: Renewed violence deepens crisis,проверено на 21 јануари 2006.
  55. MSF vaccinates thousands against measles in Ivory Coast, проверено на 15 јануари 2006.
  56. Field Operations: What Do We Do? , проверено на 28 декември 2005.
  57. Who is needed? , проверено на 28. декември 2005.
  58. The Vaccine Gap: NY Times editorial, проверено на 28 декември 2005.
  59. MSF Press Release (2003) MSF launches the first large-scale test of an oral vaccine against cholera in the city of Beira, Mozambique, проверно на 28 декември 2005.
  60. World AIDS Day MSF country profiles, проверено на 28 декември 2005.
  61. Once ill equipped and poorly manned - transforming a hospital in North Darfur, проверено на 28 декември 2005.
  62. Tajikistan: Aid to health system in shambles,проверено на 28 декември 2005.
  63. Nicaragua: Focusing care on women's health and Chagas disease, проверено на 28 декември 2005.
  64. MSF mental health activities: a brief overview, проверено на 28 декември 2005.
  65. Preventing malnutrition and famine,проверено на 28 декември 2005.
  66. Malnutrition definition and MSF treatment, проверено на 28 декември 2005.
  67. MSF Therapeutic Feeding Programmes, проверено на 28 декември 2005.
  68. Drugs and Medical Supplies Catalogue Vol. 1 (2005) 'F-75 Description
  69. Drugs and Medical Supplies Catalogue Vol. 1 (2005) F-100 Description
  70. Drugs and Medical Supplies Catalogue Vol. 1 (2005) Plumpy'nut Description
  71. Drugs and Medical Supplies Catalogue Vol. 1 (2005) BP5 Description
  72. Diarrhoea definition and MSF treatment, проверено на 28 декември 2005.
  73. MSF: Water and Health,проверено на 28 декември 2005.
  74. Simple water treatment, проверено на 28 декември 2005.
  75. Cholera definition and MSF treatment, проверено на 28 декември 2005.
  76. Refuse pit, проверено на 28 декември 2005.
  77. Malnutrition: rates and measures, проверено на 28 декември 2005.
  78. Mortality: rates and measures, проверено на 28 декември 2005.
  79. Meningococcal meningitis, проверено на 28 декември 2005.
  80. Mental health care crucial in emergency situations, проверено на 28 декември 2005.
  81. A scientific approach to "témoignage", проверено на 28 декември 2005.
  82. Military humanitarianism: A deadly confusion, проверено на 12 јануари 2006.
  83. Independent aid in Iraq virtually impossible, проверено на 12 јануари 2006.
  84. The real reasons MSF left Afghanistan, проверено на 12 јануари 2006.
  85. Aid workers die in Afghan ambush, проверено на 23 февруари 2008.
  86. MSF shocked by arrest of Head of Mission in Sudan - charged with crimes against the state, проверено на 11 јануари 2006.

Корисна литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Лекари без граници“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).