Здравствена заштита

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Здравствена заштита е дијагнозата, лекувањето и спречувањето на болест, повреда или други физички или умствени нарушувања кај луѓето. Таа е давана од луѓе кои практикуваат медицина, стоматологија, фармација и други. Здравствената заштита претставува работата која се прави во вршењето на примарна заштита, секундарна заштита и терциерна заштита, како и работата во јавното здравство.

Според Законот за здравствена заштита на Република Македонија, здравствената заштита опфаќа систем на општествени и индивидуални мерки, активности и постапки за зачувување и унапредување на здравјето, спречување, рано откривање и сузбивање на болести, повреди и други нарушувања на здравјето предизвикани од влијанието на работната и животната средина, навремено и ефикасно лекување и здравствена нега и рехабилитација.[1]

Пристапот до здравствена заштита е различен меѓу различни држави, групи и лица, главно под влијание на социјалните и економските услови, како и на здравствените политики кои се во дело. Различни држави и јурисдикции имаат различни политики и планови во врска со личните и општествените здравствени цели во нивните заедници. Со цел да се задоволат здравствените потребни на целните населенија, се формираат здравствени системи. Начинот на нивната организација се разликува од држава до држава. Во некои држави и јурисдикции здравственото планирање е распределено меѓу учесници на пазарот, додека во други земји планирањето е поцентрално, меѓу владини и други координирачки тела. Во сите случаи, според Светската здравствена организација (СЗО), доброфункционирачкиот здравствен систем бара цврст финансиски механизам; квалитетно обучена и соодветно платена работна сила; сигурни информации на кои ќе се основаат одлуките и политиките; и добро одржани простории и логистика за давање на квалитетни лекови и технологии.[2]

Здравствената заштита може да претставува значаен дел од економијата на една држава. Во 2008, здравствената индустрија потрошила просечно 9,0% од бруто домашниот производ (БДП) на најразвиените земји-членки на Организацијата за економска соработка и развој.[3] Соединетите Американски Држави (16,0%), Франција (11,2%) и Швајцарија(10,7%) биле најголемите тројца потрошувачи.

Здравствената заштита се смета за важна одредница во промоцијата на општото здравје и добростојба на луѓето ширум светот. Пример за ова е искоренувањето на големите сипаници ширум светот во 1980 година, што претставува првата болест во човековата болест која е комплетно елиминирана преку намерни здравствени интервенции.[4]

Поврзано[уреди]

Портал „Медицина

Наводи[уреди]

  1. Закон за здравствена заштита. Службен весник на РМ, бр. 43 од 29 март 2012 година.
  2. Светска здравствена организација. Health systems. (Здравствени системи) Женева. (англиски)
  3. Податоци од Организацијата за економска соработка и развој
  4. Светска здравствена организација. Anniversary of smallpox eradication. Женева, 18 јуни 2010. (англиски)

Надворешни врски[уреди]