Црвени Кмери

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црвени Кмери
Kmae Krɑhɑɑm
Водач Пол Пот
Основана 1960
Штаб Камбоџа
Идеологија Комунизам
Бои црвена

Црвените Кмери (кмерски: KMAE Krɑhɑɑm) биле владејачката политичка партија на Демократска Кампучија (претходничка на Камбоџа) од 1975 до 1979 година. Терминот Црвените Кмери бил создаден од камбоџанскиот водач Народом Сиханук. Името се однесувало на комунистичките партии во Камбоџа кои се претвориле во Комунистичка партија на Кампучија, а подоцна во Партијата за демократска Кампучија. Организацијата била познат како Кмерска комунистичка партија и Национална армија на Демократска Кампучија.

Организацијата е првенство запамтена во светски рамки поради нивната социјална политика, која завршила со геноцид.[1] Црвените Кмери тежнееле кон воведување на целосни аграрни реформи во државата, но тоа довело до голем глад меѓу народот. Покрај тоа, официјалната политика на партијата била самоиздржување на државата, вклучително и медицински препарати, но тоа довело до смрт на илјадници луѓе дури и од излечливи болести како што е маларијата на пример. Властите спроведувале режим на измачување и егзекуции за тие кои не се вклопувале во нивната политичка слика и таквите постапки се сметаат за геноцид.[2]

Во 1979 година, Црвените Кмери ја напуштиле земјата, и со тоа била основана Народна Република Кампучија.[3] Владата во азил некое време го задржала местото во ООН, но подоцна тоа било одземено. Во 1993 година било основано Кралството Камбоџа. Една година подоцна, илјадници припадници на Црвените Кмери самите се предале на камбоџанските власти. Во 1996 година била основана нова политичка партија под името Движење за демократски национален сојуз. Оваа партија била основана од Ленг Сари, кој се стекнал со амнестија од своите подвизи како водач на Црвените Кмери.[4] Организацијата се распаднала во декември 1999 година.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]