Пол Пот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Салот Сар
„Пол Пот“
Пол Пот

Пол Пот во 1978 година.


Генерален секретар на комунистичката партија на Кампучија
Мандат
1963 г. – 1979 г.
Претходник Ту Самут

Роден 19 мај 1928 г.
Француска Индокина
Починал 15 април, 1998 г.
(на возраст од 69 години)
Камбоџа
Партија Црвени Кмери
Сопружник 1. Кхиеу Понари (развед.)
2. Меа Сон
Религија Атеист, порано будист

Салот Сар или Мин Хаи (19 мај 192815 април 1998), нашироко познат како Пол Пот,[1] бил водачот на камбоџанското комунистичко движење познато како „Црвени Кмери“ и премиер на Демократска Кампучија од 19761979 година.[2]

Пол Пот станал де факто-водач на Камбоџа во средината на 1975 година. За текот на неговото време на власт, Пол Пот наметнал верзија на аграрна колективизација, принудувајќи ги граѓаните да се преселат на село за да работат во колективни фарми и на други проекти кои подразбирале принудна работа, кон целта за „рестартирање на цивилизацијата“ во „нулта година“.

Комбинираните ефекти од принудна работа, неисхранетост, лоша медицинска нега и егзекуции резултира со смртта на околу 1,7 до 2,5 милиони луѓе, што е приближно 21% од вкупното население на Камбоџа.

Во 1979 година, по инвазијата врз Камбоџа од страна на соседен Виетнам во Камбоџанско-виетнамската војна, Пол Пот избегал во џунглите на југозападна Камбоџа и режимот на Црвените Кмери се распаднала. Од 1979 до 1997 година тој и остаток од Црвените Кмери управувале од граничниот регионот помеѓу Камбоџа и Тајланд, каде што тие ја држеле власта со потврдување од Обединетите нации како легитимната влада на Камбоџа.

Пол Пот умрел во 1998 година од срцев напад додека бил во домашен притвор.[3]

Наводи[уреди]

  1. „BBC – History – Historic Figures: Pol Pot (1925–1998)“. BBC. http://www.bbc.co.uk/history/historic_figures/pot_pol.shtml. конс. 25 јануари, 2011. 
  2. Chandler, David. „Pol Pot“, „Time Magazine“, 23 август 1999 (конс. 4 февруари, 2011).
  3. Horn, Robert. „Putting a Permanent Lid on Pol Pot“, 25 март, 2002 (конс. 3 септември, 2008).