Дебарца

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
За други значења на поимот Дебарца, видете на појаснителната страница
Дебарца на картата на Македонија (во црвено)

Дебарца (или: Дебрца) е етно-географска и историска област во Западна Македонија, северно од Охрид и југо-западно од Кичево. Областа Дебарца го опфаќа најголемиот дел од територијата на општина Дебарца.[1]

Содржина

[уреди] Географски карактеристики и поделба на Дебарца

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дебарца (котлина).

Дебарца е всушност котлински предел кој на запад е ограден со падините на планините Стогово и Караорман кои ја одделуваат од областите Струшка Малесија, Дримкол и Дебарска Жупа, на исток со падините на планините Славеј Планина, Илинска Планина и Плаќенска Планина кои ја одделуваат од областа Железник (Демир Хисар), додека пак на север е отворена кон Кичевската котлина и областа Копачка, а на југ е отворена кон Охридско-Струшката котлина. Областа Дебарца се дели на три под-области Горна Дебарца со главно место Сливово, Средна Дебарца со главно место Издеглавје и Долна Дебарца со главно место Белчишта[2]. Главна водена артерија низ областа која протекува низ средишниот и јужниот дел на областа е реката Сатеска, која е притока на Црн Дрим и е дел од јадранскиот слив.

[уреди] Население и села во Дебарца

Население низ историјата
Година Жители  %±
1948 12.264
1953 12.896 5.2%
1961 11.342 −12.1%
1971 8.570 −24.4%
1981 6.098 −28.8%
1991 4.098 −32.8%
1994 3.354 −18.2%
2002 2.940 −12.3%
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[3]

Во областа Дебарца живеат 2940 жители од кои повеќето се Македонци. Како и многуте македонски региони, така и Дебарца во втората половина на ХХ век беше зафатена од големите миграциони процеси па до денес има константно намалување на своето население. Населението на Дебарца од секогаш било чисто македонско и христијанско и не се забележани процеси на населување на муслиманско население или пак процеси на исламизација.[4]

Во составот на областа Дебарца влегуваат селата од северниот и средишниот дел на Општина Дебарца - Долна Дебарца (т.е. поранешната Општина Белчишта). Во областа Белчишта влегуваат следниве села: Арбиново, Лактиње, Годивје, Врбјани, Сливово, Турје, Мраморец (во Горна Дебарца), Сошани, Оздолени, Слатински Чифлик, Слатино, Издеглавје (во Средна Дебарца), Ботун, Црвена Вода, Песочани, Ново Село, Белчишта, Злести, Лешани, Брежани, Велмеј, Грко Поле, Горно Средоречие и Долно Средоречие (во Долна Дебарца)[5].

[уреди] Историја

Поглед кон село Брежани

Областа Дебарца е позната и под името Славна Дебарца поради своето славно минато исполнето со хероизам и борба за слобода на Македонија. Уште во периодот на турското ропство во Дебарца крстосувале многу ајдутски и комитски чети. Во времето на ајдутството, пред органзираниот вооружен и револуционерен отпор на македонскиот народ, во почетокот и средината на XIX век во оваа област живеел и дејствувал Кузман Капидан македонски народен јунак и војвода, опеан во народните песни, но и песните на Григор Прличев. Во времето на организираниот револуционерен отпор кон крајот на XIX и почетокот на ХХ век, во Дебарца многу често престојувал и охридскиот војвода, македонскиот револуционер Христо Узунов. Токму Дебарца, била најсилното жариште во Охридско, во времето на Илинденското востание во 1903 година. Многупати селата во Дебарца биле недостапни за турските арачлии поради што многу од селата повеќепати претрпувале палења и горења до темел (пр. Сливово).

Дебарца особено е прославена од периодот на Втората светска војна по неколку настани. На Славеј Планина на 18 август 1942 е формиран првиот македонски партизански баталјон „Мирче Ацев“, а во 1943 година неколку недели Дебарца ќе биде првата и единствена слободна територија во Македонија за време на Втората светска војна. Во с. Издеглавје бил одржан Првиот свештенички собир, на кој било иницирано формирањето на МПЦ. Во близина на селата Сошани и Велмеј работела и партизанската болница за време на Втората светска војна.

[уреди] Стопанство

Поради специфичноста на теренот и богатите тревни пасишта главна стопанска гранка со векови е сточарството. Покрај одгледувањето на овци и крави (во пониските делови) последниве години во подем е одгледувањето на кози. Дебарца покрај своето сирење е многу позната и по својот мед, а во голем подем е и пчеларството. Во близина на селото Песочани постои мала хидроцентрала, а работат и повеќе шумски стопанства, а во развој е и селскиот туризам со оглед дека Дебарца се наоѓа на патот кон Охрид.

[уреди] Наводи

  1. (на македонски) „Makedonski folklor“ (29-31 издание). Skopje: Institut za folklor. 1982. 
  2. Трифуноски, Ф. Јован. „Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања“. САНУ, 1980. стр.287
  3. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18. 
  4. М. Маџевиќ и Д. Василевски, Просторно-популациски карактеристики на населбите од Дебарца, „Годишен Зборник на Институтот за географија, при Дебарското Езеро (Шпилје) ПМФ“, кн. 35–36, Скопје, 2001
  5. Трифуноски, Ф. Јован. „Охридско-струшка област. Антропогеографска проучавања“. САНУ, 1980. стр.256

[уреди] Надворешни врски

Веб страница за Дебарца

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици