Мето Јовановски (глумец)
Изглед
Мето Јовановски | |
---|---|
Роден(а) | 17 јануари 1946 Панчарево, ДФ Македонија, ДФЈ |
Починал(а) | 16 ноември 2023 Скопје, Македонија | (возр. 77)
Националност | Македонец |
Занимање | глумец |
Активен период | 1970 - 2023 |
Познат(а) по | по улогата во: Најдолгиот пат Среќна Нова ’49 Опстанок Тетовирање Ругање со Христос Колнати сме, Ирина Оловна бригада Големата вода Црвениот коњ Деца на сонцето |
Мето Јовановски (роден на 17 јануари 1946 во с. Панчарево, Пехчевско - починал на 16 ноември 2023 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.[1]
Биографија
[уреди | уреди извор]Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.[2]
Театарски претстави
- Што виде собарот од Џо Ортон, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1971;
- Задржливиот подем на Артуро Уи од Бертолт Брехт, р. Мјечисчав Ѓуркиевич, Драмски театар - Скопје 1972;
- Човекот во бело - Ништо од Артур Копит, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1972;
- Скриената шапка и празникот на правдата од Теодор Мазлиу, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1972;
- Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан, р. Љупчо Тозија, Драмски театар - Скопје 1973;
- Јас, Клаудиј од Џон Мортимер, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1973;
- И бол и Бес од Славко Јаневски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1975;
- Јаков Палтев - Егор Боличов и другите од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров, Драмски театар - Скопје 1975;
- Директорот - Седмо, кради помалку од Дарио Фо, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1976;
- Цар Едип од Софокле, р. Миле Корун, Драмски театар - Скопје 1976;
- Хамлет - Хамлет од Вилијам Шекспир, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1977;
- Офицер - Ослободување на Скопје од Душко Јовановиќ, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1978;
- Стенли Ковалски - Транвај наречен желба од Тенеси Вилијамс, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1979;
- Симон - Диво месо од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1979;
- Еригон - Еригон од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1982;
- Бранко - Крамазови од Душко Јовановиќ, р. Паоло Маѓели, Драмски театар - Скопје 1984;
- Валентин - Ивона Кнекиња од Витолд Гомрович, р. Владимир Цветановски, Драмски театар - Скопје 1984;
- Марко Филиповиќ - Југословенска антитеза од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1985;
- Цибра - Тетовирани души од Горан Стефановски, р. Паоло Маѓели, Драмски театар - Скопје 1985;
- Патувачкиот театар Шопалович од Љубомир Симовиќ, р. Васил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1986;
- Робеслјер - Смртта на Дантон од Георг Бихнер, р. Петер Вечек, Драмски театар - Скопје 1987;
- Франц - Стапица од Тадеуш Ружевич, р. Богдан Хусаковски, Драмски театар - Скопје 1987;
- Ало Будење од Зафир Хаџиманов, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1990;
- Војдан - Крик од Блаже Миневски, р. Владимир Милчин, Македонски народен театар 1991;
- Актерот - Розенкранц и Гилдерстен се мртви од Том Стопард, р. Златко Славевски, Драмски театар - Скопје 1994;
- Порфириј Петрович - Злосторство и казна од Фјодор Достоевски, р. Егон Савин. Македонски народен театар 1994;
- Македонска крвава свадба од Војдан Чернодрински, р. Сашо Миленковски, Македонски народен театар 1995;
- Ни ќар ни зијан од Братислав Димитров, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1996;
- Вања - Вујко Вања од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1997;
- Арсе - Писание од Живко Чинго, р. Бранко Ставрев, Македонски народен театар 2002;
- Хамлет од Долго Гаштани од Иво Брешан. Р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004;
- Галеб од Антон Павлович Чехов, р. Дејан Пројковски, Театар Куманово 2005;
- Кајмакамот — Лет во место од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 2005;
- Кино љубов од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи, Драмски театар - Скопје 2007;
- Коза или која е Силвија од Едвард Олби, р. Владо Цветановски, Драмски театар - Скопје 2008;
- Комшилук наопаку од Нина Митровиќ, р. Нени Делместре, Драмски театар - Скопје 2008;
- Моето име е Горан Стефановски, од Горан Стефановски, р. Бранислав Миќуновиќ, Драмски театар - Скопје 2022.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога | |
1970-ти▲ | |||
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | Партизан | |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | ||
1973 | Колнати сме, Ирина ТВ-филм | Дамјан | |
1973 | Новогодишен карусел ТВ-филм | ||
1973 | Кукла ТВ-филм | ||
1975 | Илинка ТВ-филм | ||
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | ||
1977 | Нели ти реков ТВ-филм | ||
1977 | Сослушувањето на железничарот ТВ-филм | ||
1977 | Пресуда ТВ-филм | ||
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | Кадијата | |
1978 | Белиот ѕид ТВ-филм | ||
1979 | Курирот на Гоце ТВ-серија | Јонче | |
1980-ти▲ | |||
1980 | Време води ТВ-филм | ||
1980 | Учителот ТВ-филм | ||
1980 | Оловна бригада ТВ-филм | Петре | |
1981 | Доротеј ТВ-филм | ||
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | Вани Урумов | |
1982 | Јавачи на ветрот ТВ-филм | ||
1982 | Тумба, тумба, дивина ТВ-филм | ||
1982 | Илинден ТВ-серија | Чавче | |
1982 | Настојување ТВ-филм | ||
1982 | Веренирајска раја ТВ-филм | Професор | |
1982 | Полноќно сонце ТВ-филм | ||
1984 | Кратка средба ТВ-филм | Иван | |
1984 | Комедијанти ТВ-серија | Љубовникот | |
1984 | Диво месо ТВ-филм | ||
1984 | Нели ти реков ТВ-филм | ||
1984 | Опасен траг ТВ-филм | Нафијев Брат | |
1984 | Го мемираше мојот јастреб ТВ-филм | ||
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Муса | |
1985 | Од зад грб ТВ-филм | ||
1985 | Тетовирани души ТВ-филм | ||
1986 | Среќна нова '49 ТВ-филм | Драгослав | |
1986 | Сонце на дланка ТВ-филм | ||
1987 | На пат за Катанга ТВ-филм | ||
1987 | Хај-фај ТВ-филм | ||
1987 | Чекај ТВ-филм | Професор филозофија | |
1987 | Резервисти ТВ-филм | ||
1987-1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Штуц | |
1988 | За сега без добар наслов ТВ-филм | ||
1988 | Куќа покрај пругите ТВ-филм | ||
1989-1990 | Еурека ТВ-серија | ||
1990-ти▲ | |||
1990 | Опстанок ТВ-серија | Осамениот | |
1990 | Станица обични возови ТВ-филм | Нијеми | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | Илко | |
1992 | Јевреји долазе ТВ-филм | ||
1992 | Заминување од Пасквелија ТВ-филм | ||
1993 | Македонска сага ТВ-филм | Оџа | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | др. Сашо | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | ||
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | Атанасије | |
1996 | Нечиста крв ТВ-филм | ||
1996 | Бошо шпрајц ТВ-филм | ||
1996 | Феликс ТВ-филм | ||
1997 | Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм | ||
1997 | Истрели во сонот на Марија ТВ-филм | ||
1998 | Вујко Вања ТВ-филм | Иван Петровиќ | |
1998 | Ливада ТВ-филм | Доктор | |
1998 | Стршлен ТВ-филм | ||
2000-ти▲ | |||
2001 | Прашина ТВ-филм | ||
2004 | Големата вода ТВ-филм | Лем Никодиноски | |
2006 | Тајната книга ТВ-филм | Отец Андреј | |
2006 | Ужасот на Косово ТВ-филм | Стар србин | |
2008 | Убави ТВ-филм | ||
2008-2011 | Село гори, а баба се чешла ТВ-серија | Димче | |
2009 | Нормално ТВ-филм | Судија | |
2009 | Бели, бели свет ТВ-филм | Црни | |
2009 | Село гори и така ТВ-филм | ||
2010-ти▲ | |||
2010 | Напуштените ТВ-филм | Гаго | |
2010 | Мисија Лондон ТВ-филм | ||
2010 | Ран мраз ТВ-филм | Видрин Отач | |
2010 | Шесто чуло ТВ-серија | ||
2010 | Крајот на светот Краток филм | Вељо | |
2012 | Тајната на нечистата крв ТВ-филм | Агим | |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | Расси | |
2012 | Кога ќе осамне денот ТВ-филм | Митар | |
2013 | Цефурџи раус ТВ-филм | ||
2013 | Тиквешко востание ТВ-серија | Трајко | |
2014 | До балчак ТВ-филм | ||
2014 | Пресудата ТВ-филм | Доктор | |
2014 | Кум ТВ-серија | Владика | |
2014 | Деца на сонцето ТВ-филм | Крал | |
2014 | Index Zero ТВ-филм | ||
2015 | Енклава ТВ-филм | Милутин Арсич | |
2016 | Златна петорка ТВ-филм | Алавантие (глас) | |
2017 | Последните камбани на црквата ТВ-филм | ||
2017 | Љубов и Предавство ТВ-серија | Алавантие | |
2018 | Династијата на раѓањето на царството ТВ-филм | Манојло Комнин | |
2018 | Ругање со Христос ТВ-филм | Лазар | |
2020-ти▲ | |||
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Професорот | |
2023 | Божиќна елка ТВ-филм | проф. Сабин | |
2023 | Бранител ТВ-серија | Енри Аслани | |
2023 | Црвениот поет ТВ-серија | Свештеникот | |
2024 | Руски конзул ТВ-филм | ||
2024 | Павиљон ТВ-филм |
Награди
[уреди | уреди извор]- Пет пати прогласен за Глумец на годината според списанието „Екран“;
- Седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп;
- Четири пати Лауреат на наградата „Милтон Манаки“
- Награда на Град Скопје - „13 Ноември“
- Републичка Награда „11 Октомври“ за поединечно глумечко остварување (1980)
- Републичка награда „11 Октомври“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на државата (1982);
- Државна награда на Република Македонија - Награда „Св. Климент Охридски“
- Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС), двапати за улогите во „Еригон“ и „Карамазови“;
- Златна маска од весникот „Вечер“ за улогата на Порфирие во „Злосторство и казна“ (Охридско лето)
- Две Гран-при награди на Филмскиот фестивал во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова `49“ и „Тетовирање“
- Награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ“, на Филмскиот фестивал во Ниш;
- Златна значка во Филмскиот фестивал во Врњачка Бања
- Златна клапа во Белград, за придонес во филмската уметност
- Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот фестивал на експериментални сцени во Риека, за улогата на Бесемјонов во „Малограѓани“ од Горки, во режија на Паоло Маџели, работена во Црногорски народен театар;
- Награда „11 Октомври“ за особено за особено сначајни остварувања од областа на уметноста 2001 година
- Награда за најдобра машка улога за улогата на Момо во претставата „Комшилук наопаку“, на меѓународен театарскиот фестивал „Маруличеви денови“ – Сплит, 2008
- Мето Јовановски е почесен член на Црногорски народен театар;
- Награда на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“ - 2008, за најдобро глумечко остварување во претставата „Коза, или која е Силвија“ од Едвард Олби, во режија на Дино Мустафиќ, Драмски театар.
- Награда „Петре Прличко“ - 2010
- Награда „Св. Јоаким Осоговски“ - 2013
- Награда за животно дело Војдан Чернодрински 2015
- Награда „Омаж“ 2019
- Награда Киненова за особен придонес во филмската уметност 2021
- Награда за животно дело на осмиот Балкан панорама филм фестивал во Измир - „Златен чадор“ 2022
- Награда на фестивалот „Јоаким Фест“ за претставата „My name is Goran Stefanovski“ 2022
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Почина актерската легенда Мето Јовановски“. 16.11.2023. Посетено на 24 декември 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Мето Јовановски“. Посетено на 2012-09-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мето Јовановски (глумец) на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
„Мето Јовановски (глумец)“ на Ризницата ? |