Дани Алвеш
Дани Алвеш | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Даниел Алвеш да Силва[1] | ||
Роден на | 6 мај 1983[2] | ||
Роден во | Жуазеиро, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | м[2] | 1,72||
Позиција | десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Барселона | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
Баија | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001-2002 | Баија | 25 | (2) |
2002-2008 | Севиља | 175 | (11) |
2008-2016 | Барселона | 247 | (14) |
2016-2017 | Јувентус | 19 | (2) |
2017-2019 | Париз Сен Жермен | 48 | (2) |
2019-2021 | Саун Пауло | 76 | (8) |
2021- | Барселона | 6 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2003 | Бразил 20 | 7 | (0) |
2006- | Бразил | 121 | (8) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Даниел Алвеш да Силва, попознат само како Дани Алвеш (роден на 6 мај 1983 година, во Жуaзeиро) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Париз Сен Жермен и на бразилската репрезентација.
Биографија
[уреди | уреди извор]Алвеш е роден во Жуазеиро, град во бразилската држава Баија. Неговиот татко Домингош Алвеш да Силва е фармер и исто така голем љубител на фудбалот, па дури успеал во градот да организира и фудбалски клуб во кој Дани ја започнал својата кариера на возраст од десет години. Во почетокот Алвеш играл како крило, но поради недостатокот на постигнати голови, неговиот татко го ре-позиционирал како десен бек, позиција на која сè уште игра и денес.
Алвеш не е женет, а во моментов е во врска со шпанскиот модел Хоана Санс.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Покрај тоа што нема некоја импозантна фигура поседува значителна сила а меѓу неговите одлики се издвојуваат отпорноста, брзината, и, исто така, значителните технички квалитети за неговата позиција. Опремен е со добар центаршут, удар од далечина и способноста за пробивање на противничката одбрана. Алвес многу често учествува во акциите во нападот на својте екипи.[3]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Баија
[уреди | уреди извор]Алвеш израснал играјќи фудбал во екипата на Баија, а своето деби за првиот тим го направил во Кампеонато Бразилеиро Серија А 2001 против Парана. Во овој натпревар, Баија победила со 3-0, а тој направил две асистенција и бил фаулиран за пенал кај последниот гол. По ова, тренерот Еваристо де Маседо го утврдил во почетниот состав на тимот. Во средината на 2002 година, тој се преселил во Севиља на позајмица.[4]
Севиља
[уреди | уреди извор]Во летото 2002 Алвеш заминал на заем од една сезона во шпанската Севиља со право на постојан откуп. Своето деби во шпанското првенство го направил на 23 февруари 2003, влегувајќи во 77-мата минута во победата со 1-0 над Еспањол на домашен терен. Сезоната 2002-2003 ја завршил со 10 настапи за првиот тим во Примера Дивисион.
После сезоната 2002-2003 на заем во Севиља, Алвеш отпатувал на Светското првенство за млади играчи (под 20 години) каде одиграл одлично и неговата репрезентација го освоила тој турнир. Набрзо после тоа Севиља целосно го откупила договорот на играчот за 550.000 евра. Во сезоната 2003-2004 се утврдил како стартер на позицијата десен бек и од тој момент играл редовно во почетната постава на Андалусијците. Својот прв погодок во дресот на Севиља го постигнал на 11 септември 2003, во изненадувачката победа со 4-1 над Реал Мадрид на домашен терен.
По неколку одлични сезони во Севиља, во јуни 2006 Алвеш добил понуда од Ливерпул и Севиља се согласила да го продаде играчот меѓутоа клубовите неуспеале да се договорат околу сумата бидејќи шпаниците барале обесштетување од 8 милиони евра. Откако останал во клубот за сезоната 2006-2007, во декември истата година го продолжил договорот до 2012 година.
Вкупно за Севиља Алвеш одиграл 249 натпревари и постигнал 16 гола; со клубот освоил два Купа на УЕФА, еден Суперкуп на Европа, еден Куп на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија.
Барселона
[уреди | уреди извор]На 2 јули 2008, Барселона го купила бразилскиот дефанзивец за сума од 32 милиона евра плус разни бонуси врз основа на резултати кој би можеле да доведат до пораст на трансфер сумата до 40 милиони евра.[5] На 1 јули 2008 ја имал неговата проштална прес-конференција во Севиља, во која со солзи во очите се заблагодарил на сите во клубот кој му го овозможиле овој трансфер и рекол дека би сакал повторно да игра за Севиља.[6] Дебитирал во дресот на Барселона на 13 август 2008, против Висла Краков во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.[7] Своето деби во шпанската лигата за Блауграна го имал во првото коло од сезоната 2008-2009 против Нумансија на 31 август 2008, во поразот со 1-0 на гости.[8] Својот прв погодок за новиот клуб го постигнал на 25 октомври истата година, во победата со 5-0 над Алмерија на домашен терен. На 13 мај, тој го освоил својот втор трофеј во Кралскиот куп на Шпанија, а три дена подоцна математички ја освоил својата прва титула во лигашките натпреварувања, благодарение на поразот на Реал Мадрид на гости кај Вилјареал.[9] На крајот на неговата прва сезона во клубот, на 27 мај, Барселона станала европски шампион благодарение на победата над Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите на Стадионот Олимпико во Рим; Дани Алвес не играл во финалето поради жолти картони.
На почетокот на сезоната 2009-2010 Алвеш со Барселона ги освоил Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао и Европскиот Суперкуп против Шахтар Донецк. На 19 декември 2009 го освоил Светско клупско првенство за Естудијантес; оваа победа му овозможила на каталонскиот клуб да стане првиот и единствен во историјата на фудбалот кој ги освоил сите шест трофеи, односно кој победил во сите шест конкуренции во кој играле во текот на календарската година.[10] Сезоната ја завршил освојувајќи ја својата втора титула едноподруго во шпанската Примера Дивисион.[11]
Својата трета сезона во Барса ја започнал со освојување на Суперкупот на Шпанија со победа над неговиот поранешен клуб Севиља.[12] На 22 март 2011 го продолжил својот договор со Блауграна во трајнсот до 2015.[13] На крајот на оваа сезона, Барселона уште еднаш триумфирала во Лигата на шампионите, а Дани Алвеш со своите перформанси обилно придонел за освојувањето на својата втора титула во најелитното клупско фудаблско натпреварување во Европа; во финалето го совладале Манчестер Јунајтед (како и пред две години).
На 17 август 2011 година, го освоил својот четврти наслов во Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид.[14] На 25 јануари 2012 во натпреварот од Купот на Шпанија против Реал Мадрид постигнал гол за водство од 2-0 за Барселона, погодок, која му овозможил на неговиот тим да се квалификува за полуфиналето.[15]
На 29 септември 2015 го одиграл својот 350-ти натпревар во дресот на Барселона во победата со 2-1 над Баер Леверкузен во групната фаза од Лигата на шампионите.[16]
Јувентус
[уреди | уреди извор]На 27 јуни 2016, Алвеш потпишал двегодишен договор со Јувентус, со опција за продолжување на уште една година. Своето официјално деби за Јувентус го направил на 20 август, во победата на домашен терен со 2-1 над Фјорентина во Серија А.[17]
ПСЖ
[уреди | уреди извор]На 12 јули 2017, Алвеш со слободен трансфер му се приклучил на Париз Сен Жермен потпишувајќи двегодишен договор со францускиот клуб.[18]
Титули
[уреди | уреди извор]Баија
[уреди | уреди извор]- Кампеонато Бајано (1) : 2001
- Кампеонато Нордесте (2) : 2001, 2002
Севиља
[уреди | уреди извор]- Куп на Шпанија (1) : 2006-2007
- Суперкуп на Шпанија (1) : 2007
- Куп на УЕФА (2) : 2005-2006, 2006-2007
- Суперкуп на УЕФА (1) : 2006
Барселона
[уреди | уреди извор]- Примера Дивисион (6) : 2008-2009, 2009-2010, 2010-2011, 2012-2013, 2014-2015, 2015-2016
- Куп на Шпанија (4) : 2008-2009, 2011-2012, 2014-2015, 2015-2016
- Суперкуп на Шпанија (4) : 2009, 2010, 2011, 2013.
- Лига на шампиони (3) : 2008-2009, 2010-2011, 2014-2015
- Суперкуп на УЕФА (3) : 2009, 2011, 2015
- Светско клупско првенство (3) : 2009, 2011, 2015
Јувентус
[уреди | уреди извор]- Серија А (1) : 2016-2017
- Куп на Италија (1) : 2016-2017
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „FIFA Club World Cup UAE 2009 presented by Toyota: List of Players“ (PDF). FIFA. 1 December 2009. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-06-29. Посетено на 28 March 2014.
- ↑ 2,0 2,1 „Dani Alves - Daniel Alves da Silva - Profile“. fcbarcelona.com (англиски). Посетено на 10 јули 2015.
- ↑ fcbarcelona.com (уред.). „Daniel Alves da Silva“. Посетено на 20 февруари 2014.
- ↑ bahianoticias.com.br (уред.). „Daniel Alves: da Bahia para o sucesso“ (португалски). Архивирано од изворникот на 2011-07-06. Посетено на 18 февруари 2014.
- ↑ La Gazzetta dello Sport, уред. (1 јули 2008). „Daniel Alves è del Barça“ (шпански). Посетено на 4 јуни 2010.[мртва врска]
- ↑ Sevilla FC, уред. (1 јули 2008). „Daniel, en su despedida: "Soy lo que soy gracias al Sevilla"“ (шпански). Посетено на 18 февруари 2014.
- ↑ „Soccernet match stats“. ESPNsoccernet. 13 August 2008. Архивирано од изворникот на 2012-10-23. Посетено на 11 May 2009.
- ↑ „Soccernet match report“. ESPNsoccernet. 2 September 2008. Архивирано од изворникот на 2012-10-23. Посетено на 11 May 2009.
- ↑ „Barça campione di Spagna - Il Real cade a Villareal“. 16 мај 2009.
- ↑ „FC Barcelona Records“. Архивирано од изворникот на 2012-01-10. Посетено на 2016-07-31.
- ↑ „Messi da urlo, il Barcellona fa sua la Liga“. 16 мај 2010. Архивирано од изворникот на 2014-11-29.
- ↑ mediaset.it, уред. (21 август 2010). „Supercoppa di Spagna al Barcellona“.
- ↑ it.uefa.com, уред. (22 март 2011). „Daniel Alves rinnova con il Barcellona“.
- ↑ soccerway.com, уред. (17 август 2011). „Barcellona 3-2 Real Madrid“. Посетено на 21 февруари 2014.
- ↑ „Dani Alves rinnova fino al 2015“. 22 март 2'011. Посетено на 18 февруари 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Daniel Alves reveals that he “feels lucky” to play in Barcelona![мртва врска]
- ↑ „Juventus 2 Fiorentina 1: Super sub Higuain the hero on debut“. FourFourTwo. 20 August 2016. Посетено на 21 August 2016.
- ↑ „Dani Alves joins PSG“. theguardian.com. 12 July 2017. Посетено на 12 July 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дани Алвеш“ на Ризницата ? |
- Дани Алвеш на soccerway
- Дани Алвеш на transfermakt
- Дани Алвеш на whoscored
- Дани Алвеш на espn
- Дани Алвеш на Goal.com Архивирано на 19 октомври 2012 г.
|
|
|
|