Freur

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Freur
Потекло Кардиф, Велс, Велика Британија
Жанрови Синтпоп
Период на активност 1983–1986
Издавачи CBS Records
Соработници The Screen Gemz, Underworld
Поранешни членови
Карл Хајд
Рик Смит
Алфи Томас
Џон Ворвикер
Брин Бороус

Freur е името на втората група на Карл Хајд и Рик Смит од сегашната група Underworld.

Историја[уреди | уреди извор]

Симболот што го дал името „Freur“.

Групата била формирана во почетокот на 1980-тите во Кардиф, Велс од страна на Карл Хајд, Рик Смит и Алфи Томас. Наместо име, групата имала слика со крива линија. Во 1983, откако Џон Ворвикер и тапанарот Брин Бороус се приклучиле на групата, склучиле договор со CBS Records и морале да смислат име. Името било изведено од кривата линија на логото, којашто ја изговориле „Freur“.

Нивниот прв и единствен хит (број 59 на британските листи) е „Doot Doot“.

Групата издала уште пет песни по „Doot Doot“, помеѓу 1983 и 1985: „Matters of the Heart“, „Runaway“, „Riders in the Night“, „Devil and the Darkness“ и „Look in the Back for Answers“. Ниедна не се пласирала на британските листи.

Имале и два албуми: Doot Doot (1983) и Get Us Out of Here! (1985). Вториот бил издаден само во Германија и Холандија и сега е реткост.

Ворвикер ја напуштил групата во 1986 и Freur почнала да се распаѓа. Во 1987, Хајд, Смит, Томас и Бароус, заедно со басистот Баз Ален, потпишале со Sire Records под ново име, Underworld, и достигнале мал успех со синглот „Underneath the Radar“ (1988), пред распадот во 1990. Групата од овој период сега е позната како „Underworld Mk.1“, во сенката на подоцнежната светски позната група - Underworld.

Членови[уреди | уреди извор]

Разно[уреди | уреди извор]

  • Џон Ворвикер е видео уметник во графичкиот колектив Tomato, чии основачи се и Хајд и Смит.
  • Doot Doot“ била искористена во филмот на Камерон Кроу Vanillia Sky (2001)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • Doot Doot (1983) (Реиздаден 1994)
  • Get Us Out of Here! (1985) (Неиздаден во Британија)
  • Transmutations (Underworld) (1985) (Филмски саундтрак; неиздаден)

Синглови[уреди | уреди извор]

  • Doot Doot (1983)
  • Matters of the Heart (1983)
  • Runaway (1983)
  • Riders in the Night (1984)
  • The Devil and Darkness (1984)
  • Look in Back for Answers (1984)
  • The Piano Song (1986)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]