Албум во живо
Албум во живо, спротивно од студиски албум, е снимка што содржи материјал (најчесто музика) снимен за време на сценски изведби. Албумите во живо може да се снимаат на одделен концерт или да се комбинираат снимки направени на повеќе концерти. Главно служат за да доловат дел од атмосферата на концертот. Како такви, може да содржат аплаузи или други звуци од публиката, коментари од изведувачите помеѓу деловите, итн. Исто така, често се прават поправки и се додаваат ефекти за време на пост-продукцијата за да се подобри квалитетот на снимката.
Рок и поп
[уреди | уреди извор]Бројни успешни изведувачи издале барем еден албум во живо за време на нивната кариера. Некои албуми во живо се како додатни делови од каталозите на изведувачите и најчесто не се продаваат толку добро како студиските албуми. Сепак, постојат и такви поп и рок изведувачи чии албуми во живо се продаваат речиси исто или и подобро од нивните студиските албуми. Најдобро продаваниот албум во живо низ целиот свет е Double Live od Гарт Брукс, со преку 20 милиони примероци до јануари 2006. Други значајни албуми во живо се Frampton Comes Alive! на Питер Фремптон и Made in Japan на британската хард рок група Deep Purple.[1]
Албумите во живо станале популарни за рок-музичарите по издавањето на албумот Alive! (1975) на Kiss.
Џез
[уреди | уреди извор]Во џезот, албумите во живо се исто толку важни како и студиските, бидејќи импровизацијата е многу важен дел од овој жанр.