Гарт Брукс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гарт Брукс
Брукс во април 2010
Биографски податоци
Родено име Тројал Гарт Брукс
Роден(а) 7 февруари 1962
Тулса, Оклахома, САД
Потекло Јукон, Оклахома, САД
Жанрови Кантри
Занимања Изведувач и текстописец
Инструменти Пејач, гитара, пијано, саксофон, хармоника
Период на активност 1984–2001
2005–сѐ уште
Издавачи Капитол Нешвил, Либерти, Перл/Биг Машин
Соработници Крис Гејнс, Триша Иервуд, Стив Воринер, Крис Ледукс, Тај Ингланд
Мреж. место garthbrooks.com

Гарт Брукс (роден на 7 февруари 1962) е американски пејач на кантри музика. Музичката кариера ја започнал во 1989 година со издавањето на неговиот прв студиски албум. Иако е кантри изведувач, Брукс останал запаметен како музичар кој вметнувал рок елементи во своите композиции, со тоа доближувајќи ја кантри музиката до поширока публика.[1]

Според наодите на американската музичка индустрија, Брукс е третиот најпродаван музичар на сите времиња во САД, веднаш позади Битлс и Елвис Пресли.[2] Официјалната статистика вели дека од 1991 година до ден денес, плочите на Брукс се продале во повеќе од 69 милиони оригинални примероци во неговата родна земја, правејќи го најпродаваниот музичар во изминатите 20 години.[3]

Кариерата ја прекинал во 2001 година поради семејни проблеми, но во 2009 повторно и се вратил на музиката.[4] Два пати бил награден со Греми, од вкупно 14 номинации. Во 2012 година бил примен во Куќата на славните кантри музичари.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Johnson, Kevin C. (2000-11-11), "Country music may survive A.G. (After Garth)", St. Louis Post-Dispatch, конс. 2007-04-03 
  2. „RIAA Top Selling Artists (only with the Albums)“. RIAA. http://www.riaa.com/goldandplatinumdata.php?table=tblTopArt. посет. 4 април 2010 г. 
  3. „The Nielsen Company & Billboard’s 2011 Music Industry Report“. Business Wire. 5 јануари, 2012. http://www.businesswire.com/news/home/20120105005547/en/Nielsen-Company-Billboard%E2%80%99s-2011-Music-Industry-Report. посет. 7 јануари, 2012 г. 
  4. „Garth Brooks Un-Retires; Signs 5-Year Deal with Wynn's Encore Casino in Las Vegas - Yahoo! Voices“. voices.yahoo.com. 11 декември 2009. http://voices.yahoo.com/garth-brooks-un-retires-signs-5-year-deal-wynns-4666577.html?cat=33. посет. 17 февруари 2013 г. 
  5. Talbort, Chris. „BROOKS HEADS FOR COUNTRY HALL OF FAME, LOOKS AHEAD“, „Associated Press“ (посет. 21 октомври 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: