Beaucoup Fish
без наслов |
---|
Beaucoup Fish е албум на Underworld од 1999 година. Грубо преведено, името на албумот значи „Многу риби“. Ова е нивното најфорсирано издание, а спотот за „Push Upstairs“ бил редовно пуштан на MTV и MTV2. Ова се должи на огромниот успех на нивниот сингл „Born Slippy“ од саундтракот за „Trainspotting“. „Push Upstairs“ и вториот сингл, „Jumbo“, биле хитови на денс листите и во дискотеките. Албумот исто така е добро прифатен и од критичарите и останува најдобро продаваниот албум на Underworld.
Првичниот наслов на албумот бил „Tonight Matthew, I'm Going to be Underworld“, позната фраза од британската ТВ програма „Stars in Their Eyes“[1], но подоцна бил променет бидејќи оваа фраза не би ја разбрале купувачите надвор од Британија.
Звук
[уреди | уреди извор]Албумот во најголем дел е тежок транс, со брзо темпо, и затоа многу погоден за играње. Главните инструменти се синтисајзери, драм-машини и поезија пеена или рецитирана во позадина.
Песни
[уреди | уреди извор]Сите песни се од Дарен Емерсон, Карл Хајд и Рик Смит, освен ако нема забелешка.
- „Cups“ – 11:45
- „Push Upstairs“ – 4:34
- „Jumbo“ – 6:57
- „Shudder / King of Snake“ (Underworld/Белот/Мородер/Самер) – 9:30
- „Winjer“ – 4:30
- „Skym“ – 4:07
- „Bruce Lee“ – 4:43
- „Kittens“ – 7:30
- „Push Downstairs“ – 6:03
- „Something Like a Mama“ – 6:37
- „Moaner“ – 7:38
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Dirty.org“. Архивирано од изворникот на 2006-10-11. Посетено на 2008-04-02.
|