Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Горни Манастирец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Рождество на Пресвета Богородица
Roždestvo Porechki Manastir 13.JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Бродско
Парохија Манастиречка
Местоположба
Населено место Горни Манастирец
Општина Македонски Брод
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба 11 век (старата); 1899 (новата)
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Рождество на Пресвета Богородица — главна и единствена манастирска црква во Поречкиот Манастир кој се наоѓа во поречкото село Горни Манастирец[1]. Црквата е градена во 1899 година на темели од постар објект.[2]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Манас­тир­ската црква е градена од камен и од свежо гасена вар, а фрес­ко­живописот е работен со природни бои и со жолчка од јајце. Во однос на архитектурата, се смета дека од првобитната градба на манастирот е останата само црквата со јужниот параклис и нартексот. Надво­реш­ниот дел на храмот е со архитектонски изглед кој е духовно привлечен.

Во храмот има живопис од два периода, од 12. и од 19. век. Првиот и најстариот е од времето кога е подигната и црквата, најверојатно од 12. век или порано. Овие фрески своевремено пострадале, па затоа дошло до ново живопи­су­вање во 19. век. Импозантниот фрескоживопис од постсветиклиментовиот период го вместува овој манастир во значајните споменици. Манастир­ската црква ја красат преуба­вите сочувани фрагменти, кои зборуваат за недостижната уметничка убавина. Разнобојните фреско-остатоци ги има и во наосот, а и во олтарната апсида. Откако е симнат горниот слој на фрески, кои се од 19. век, јасно се виделе фреските од 12. век, кои зрачат со убавината на средно­веков­ната византиско-словенска уметност.

На западната страна, над западната врата, се распростира на цел ѕид огромна фреска со претставени сцени од Страшниот суд. Најгоре, во среди­ната, е поставен ангел со отворена книга. Лево и десно од него се два ангела со труби. Под нив се наоѓаат есхатолошки фрескопрестави од воскресенито на мртвите. Тие сцени се поделени на два дела: на едната страна се оние што воскрес­ну­ваат од земјата и со нив е Спасителот како Цар на земјата, а од другата стра­на е како Цар на морето. Таму се нацртани разни риби и морски животни од чии усти излегуваат луѓе или делови од човечки тела на оние што се уда­виле во водите и биле изедени од рибите и од водните животни. Нив ги враќа мор­скиот свет од водата, заради воскресението. Со рибите е прикажан и октопод со човечка рака во устата. Бог е претставен како Праведен Судија, Владетел и Цар на живо­тот и смртта, Воскресител и Спасител. На јужниот ѕид била прика­жана немирната атмосфера на пеколот изделена во рамки (сочувана тешко видлива претстава на Жената што спиела во неделите и Мерењето на души­те), а на северниот, блажен­ст­вото и мирот на рајот, од кој е сочуван само ликот на праведен Авраам. Прет­ставата на Страш­ниот суд во западниот дел на црквата е силен печат за дог­мата за Второто доаѓање на Христос на зем­јата, за патиштата на праведните и казните што ќе ги стигнат престап­ниците и неверните...

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Поречки манатир у селу Манастирцу у Македонији (о архитектури, програму и стилским одликама новооткривених фресака), -Мирјана М. Машнић[1]
  2. „Цркви“ (македонски). Дебарско-кичевска епархија. конс. 2010-09-09. 

Поврзано[уреди | уреди извор]