Манастиречка парохија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Манастиречка парохија — парохија во Бродското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква. Оваа сегашна парохија е составена од шест поранешни парохии, коишто згаснале поради отселувањето на населението од овие села (миграција село - град во 1970-тите). Парохиски свештеник e Боге Богески, роден е на 11 септември 1943 г. во село Црешнево, каде што завршил основно образование. Средно богословско образование завршил во Призрен. За ѓакон е ракоположен на 9 декември 1965 година, а за свештеник на 19 декември 1965 година од страна на Епископот г. Климент.

Поранешни парохии кои денес се во состав на манастиречката парохија: Локвичка парохија, Томино селска парохија, Коачка парохија, Бенечка парохија и Требовска парохија.

  1. Црква „Св. Богородица“ - Горни Манастирец.
  2. Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, изграден во периодот од 11. до 13. век, обновен 1899 година.
  3. Црква „Св. Ѓорѓија“ - Долни Манастирец, изградена во 1920 година.
  4. Црква „Архангел Михаил“ - Могилец, изградена во 1919 година.
  5. Манастир „Воскресение Христово“ - Могилец, камен-темелник е осветен и поставен 5 мај 2005 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевки г. Тимотеј.
  6. Црква „Св. Никола“ - Калуѓерец, изградена во 1920 година.
  7. Црква „Св. Талалеј“ - Инче, изградена во 1918 година.

Локвичка парохија[уреди | уреди извор]

  1. Црква „Св. Димитрија“ - Локвица, изградена во 1872 година.
  2. Црква „Св. Никола“ - Вир, изградена во 1891 година.
  3. Црква „Св. Атанасие Велики“ - Вир
  4. Црква „Св. Пантелејмон“ - Белица изградена во 1889 година.
  5. Црква „Св. Илија“ - Белица
  6. Црква „Вознесение Христово“ - Белица
  7. Црква „Св. Троица“ - Белица
  8. Црква „Св. Талалеј“ - Белица
  9. Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Модриште, изградена во 1728 година.
  10. Црква „Вознесение Христово“ - Црешнево изградена во 1898 година.
  11. Црква „Св. Никола“ - Црешнево, камен-темелник е осветен и поставен на 5 август 2000 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
  12. Манастир „Света Троица“ - Црешнево

Томино селска парохија[уреди | уреди извор]

  1. Црква „Св. Константин и Елена“ - Томино Село, изградена во 1831 година.
  2. Црква „Св. великомаченик Ѓорѓија“ - Слатина, изградена во 1867 година.
  3. Црква „Св. Талалеј“ - Слатина
  4. Црква „Св. Атанасиј Велики“ - Тополница, изградена во 1872 година.
  5. Црква „Св. Никола (Свето Вознесение)“ - Сушица, изградена во 1890 година.
  6. Црква „Св. Талалеј“ - Горно Крушје, изградена во 1871 година.
  7. Црква „Св. Никола (Св. Богородица)“ - Долно Крушје, изградена во 1902 година.
  8. Црква „Св. Илија“ - Долно Крушје, изградена во 1935 година.

Коачка парохија[уреди | уреди извор]

  1. Црква „Св. Теодор“ - Ковач, изградена во 1934 година.
  2. Црква „Св. Јован“ - Ковач, изградена во 1802 година.
  3. Црква „Св. Атанасиј“ - Ковач, изградена во 1891 година.
  4. Црква „Св. Илија“ - Самоков, камен-темелник е осветен и поставен на 6 јули 1993 година, а осветена е на 2 август 1994 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
  5. Црква „Св. Петар и Павле (Свети Никола)“ - Лупште изградена во 1879 година.
  6. Црква „Св. Никола (Свети Илија)“ - Зркле, изградена во 1838 година.
  7. Црква „Св. Параскева“ - Рамне, изградена во 1849 година.
  8. Црква „Св. Козмо и Дамјан (Свети Илија)“ - Ковче, изградена во 1973 година
  9. Црква „Св. Талалеј“ - Брест, изградена во 1891 година.
  10. Црква „Св. Јован“ - Брест, камен-темелник е осветен и поставен на 17 јули 2004 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
  11. Црква „Св. Преображение“ - Брест
  12. Црква „Св. Петка“ - Брест

Бенечка парохија[уреди | уреди извор]

  1. Црква „Архангел Михаил“ - Бенче, изградена во 1875 година.
  2. Црква „Св. Петар и Павле (Св. Димитрија)“ - Звечан, изградена во 1891 година.
  3. Црква „Св. Ѓорѓија“ - Косово, изградена во 1895 година.
  4. Црква „Св. Никола (Св. Богородица)“ - Горно Ботуше, изградена во 1905 година.
  5. Црква „Св. Никола (Св. Јован)" - Долно Ботуше - изградена во 1915 година.
  6. Манастир „Успение на Пресвета Богородица“ - Долно Ботуше

Требовска парохија[уреди | уреди извор]

  1. Црква „Вознесение Христово“ - Требовле, изградена во 1892 година.
  2. Црква „Архангел Михаил“ - Волче
  3. Црква „Св. Јован“ - Растеш, изградена во 1920 година.
  4. Црква „Св. Никола“ - Растеш, изградена во 1925 година.
  5. Црква „Св. Петар и Павле“ - Близанско, изградена во 1904 година.
  6. Црква „Св. Петар и Павле“ - Здуње, дислоцирана поради езерото.
  7. Црква „Свето Воведение“ - Здуње, дислоцирана поради езерото.
  8. Црква „Св. Никола“ - Брезница, изградена во 1901 година.
  9. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Брезница
  10. Црква „Св. Илија“ - Тажево, изградена во 1903 година.
  11. Црква „Св. Никола“ - Тажево
  12. Црква „Св. Никола“ - Битово, изградена во 1912 година.
  13. Црква „Св. Петар и Павле“ - Битово