Прејди на содржината

Потсдам-Мителмарк

Координати: 52°12′N 12°45′E / 52.200° СГШ; 12.750° ИГД / 52.200; 12.750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Потсдам-Мителмарк
Landkreis Potsdam-Mittelmark

округ
Знаме на Потсдам-Мителмарк Landkreis Potsdam-MittelmarkГрб на Потсдам-Мителмарк Landkreis Potsdam-Mittelmark
Карта
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
СедиштеБад Белциг
Површина
 • Вкупна2,575,4 км2 (994,4 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно222.570
 • Густина86/км2 (220/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.PM
Мреж. местоpotsdam-mittelmark.de
Замок во Бад Белциг

Потсдам-Мителмарк (германски: Potsdam-Mittelmark) — округ во западниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Хафеланд, слободните градови Бранденбург на Хафел и Потсдам, сојузната покраина Берлин, округот Телтов-Флеминг и окрузите Витенберг, Анхалт-Битерфелд и Јерихов во Саксонија-Анхалт.

Географија

[уреди | уреди извор]

Округот го вклучува јужниот тек на реката Хафел и северните делови на Флеминг (пошумен ридски масив). Постојат три природни паркови во округот: Природен парк Горен Флеминг, Природен парк Нуте-Ниплиц и Природен парк Западен Хафеланд.

Историја

[уреди | уреди извор]

Округот бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Белциг, Бранденбург-Ланд и Потсдам-Ланд.

Грб Грбот е поделен на четири полиња. Горниот лев дел прикажува црвен орел како симбол на Бранденбург. Трите дабови листови во горниот десен дел ги симболизираат дабовите шуми, но исто така и трите претходни окрузи, кои биле споени за да го создадат денешниов. Во долниот десен дел се два бискупски клучеви, кои ја претставуваат бискупијата Бранденбург. Црно-златните ленти во долниот лев дел се симбол на Саксонија и симболизираат дека областа околу Белциг, Брик, Визенбург и Нимегк припаѓала на Саксонија до 1815.

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Историската зграда на окружната администрација во Белциг
Слободни градови Општински заедници
  1. Белиц
  2. Бад Белциг
  3. Телтов
  4. Тројенбрицен
  5. Вердер (Хафел)


Слободни општини

  1. Грос Кројц
  2. Клајнмахнов
  3. Клостер Ленин
  4. Михендорф
  5. Нутетал
  6. Швиловзе
  7. Зединер Зе
  8. Штансдорф
  9. Визенбург

1. Бецзе

  1. Бецзе1
  2. Бецзехајде
  3. Хафелзе2
  4. Певезин
  5. Росков

2. Брик

  1. Боркхајде
  2. Борквалде
  3. Брик1, 2
  4. Голцов
  5. Линте
  6. Планебрух

3. Нимег

  1. Миленфлис
  2. Нимег1, 2
  3. Планетал
  4. Рабенштајн

4. Вустервиц

  1. Бенсдорф
  2. Розенау
  3. Вустервиц1

5. Цизар

  1. Букаутал
  2. Герцке
  3. Гребен
  4. Венцлов
  5. Волин
  6. Цизар1, 2
1седиште на општинската заедница;2град
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

52°12′N 12°45′E / 52.200° СГШ; 12.750° ИГД / 52.200; 12.750