Швиловзе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Швиловзе
Швиловзе во рамките на Германија
Швиловзе
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Месни единици 3
Градоначалник Керстин Хопе (ДХС)
Основни податоци
Површина 58,15 км2
Надм. височина 68 м
Население 10.758 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 185 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14548
Повик. бр. 033209, 03327
Портал www.schwielowsee.de
Местоположба на Швиловзе во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Карта
Координати 52°20′0″N 12°58′0″E / 52.33333° СГШ; 12.96667° ИГД / 52.33333; 12.96667Координати: 52°20′0″N 12°58′0″E / 52.33333° СГШ; 12.96667° ИГД / 52.33333; 12.96667

Швиловзе (германски: Schwielowsee) — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа на бреговите на Швиловското Езеро, низ кое тече реката Хафел. Општината била основана на 31 декември 2002 со спојување на три претходни општини Капут, Гелтов и Ферх. Фериботот Капут, кој поминува низ Хафел, ги поврзува Капут и Гелтов. На источните брегови на езерото се наоѓа градот Потсдам, додека на неговите западни брегови е градот Вердер (Хафел).

Фериботот Капут

Историја[уреди | уреди извор]

Гелтов (заедно со Потсдам) бил првпат споменат како словенска населба Гелити во декрет од 993 на царот Отон Трети, кој го поклонил на неговата тетка, опатињата Матилда од Кведлинбург. Речниот премин во Хафел имал големо значење уште од древни времиња. Денес тука поминува сојузниот автопат Б1 преку мостот Baumgartenbrücke.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Капут[уреди | уреди извор]

Замок Капут

Капут добил железничка станица во 1904. Од почетокот на 20 век служел како подалечна станбена област за богатите урбани луѓе.

  • Замокот Капут, изграден во 1662 од Филип де Кјезе, интендант на изборниот кнез Фридрих Вилхелм. Во 1671, Фридрих Вилхелм ѝ го доделил замокот на неговата втора ќерка Доротеја од Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург. Позната е неговата сала со плочки (Fliesensaal) од 1720 во која има околу 7.500 парчиња од делфтски плочки, наместени по наредба на кралот Фридрих Вилхелм. Паркот бил проектиран од Петер Јозеф Лене во 1820.
  • Селската црква во Капут е дело на Фридрих Август Штилер. Изградена во форма на базилика била осветена во 1852 во присуство на кралот Фридрих Вилхелм IV.
Летна резиденција на Ајнштајн
  • Летната куќа на Алберт Ајнштајн во Капут, изградена во 1929 од архитектот Конрад Ваксман. Ајнштајн, иако бил непливач, имал страст кон рекреациско едрење на езерото, но куќата можел да ја користи до преземањето од страна на нацистите во 1933. По повторното обединување на Германија и враќањето на семејството Ајнштајн, куќата сега е во сопственост на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.

Гелтов[уреди | уреди извор]

Низ Гелтов отсекогаш поминувале многубројни странци. Како и Капут, и тој добил железничка станица во 1904. Селската црква била изградена според плановите на несреќниот цар Фридрих III по шаблон на црквата во Терлан во Тирол, со керамички покрив и кула надвор од наосот на црквата. Била осветена во 1887. Последната посета на Фридрих била на 6 јуни 1888 и била опишана од Теодор Фонтане во неговата поема Kaiser Friedrich III. Letzte Fahrt.

Капут и Гелтов се поврзани со еден од најпрометните фериботи на реката Хафел и со железничка линија преку посебен мост.

Црква во селото Ферх

Ферх[уреди | уреди извор]

Рибарското село Ферх на југозападната страна на Швиловското Езеро го негува својот рурален карактер од крајот на 20 век. Исто така, во селото се има доселено колонија на сликари.

  • Селската црква во Ферх била изградена во 1635.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]