Штансдорф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Штансдорф
Замок во Гитерфелде
Замок во Гитерфелде
Грб на Штансдорф
Штансдорф се наоѓа во Германија
Штансдорф
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Локални единици 4
Градоначалник Бернд Алберс (Bürger für Bürger)
Основни податоци
Површина 49,07 км2
Надм. височина 44 м
Население 14.245 (31 декември 2012)[1]
 - Густина 290 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14532
Повик. бр. 03329
Портал www.Stahnsdorf.de
Местоположбата на Штансдорф во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Координати 52°23′32″ СГШ 13°13′00″ ИГД / 

Штансдорф (германски: Stahnsdorf) е општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија.

Географија[уреди]

Се наоѓа 20 километри југозападно од Берлин и 12 километри источно од Потсдам.

Општински единици[уреди]

  • Гитерфелде
  • Шенкенхорст
  • Шпутендорф
  • Штансдорф

Историја[уреди]

Штансдорф бил прв пат документиран во 1264 и првично се состоел единствено од неговиот стар дел на поранешниот важен трговски пат од Саксонија преку Гитерфелде и Штансдорф преку реката Беке кон Шпандау. Со изградбата на Каналот Телтов во почетокот на 20 век, отворањето на неколку гробишта и пуштањето на линијата на берлинската С-Железница од Берлин-Ванзе во јуни 1913 започнал развојот на предградието. Во следните декади се изградиле голем број на индивидуални куќи, се отворила трамвајска линија до Берлин-Лихтерфелде и се изградила населба за работниците во фабриките на Бош во Клајнмахнов. Во 1931 била пуштена во употреба станицата за отпадни води на Берлин.

Изградбата на Берлинскиот ѕид на 13 август 1961 ја одвоило општината од Западен Берлин. На 1 јануари 2002 била создадена денешната општина Штансдорф со спојување на претходно независните општини Гитерфелде, Шенкенхорст, Шпутендорф и самиот Штансдорф.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]