Вердер (Хафел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вердер
Градски остров во реката Хафел, со Големото Плесовско Езеро во позадина
Градски остров во реката Хафел, со
Големото Плесовско Езеро во позадина
Градски остров во реката Хафел, со
Големото Плесовско Езеро во позадина
Грб на Вердер
Вердер (Хафел) во рамките на Германија
Вердер (Хафел)
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Градски единици 8
Градоначалник Вернер Гросе (ДХС)
Основни податоци
Површина 115,99 км2
Надм. височина 31 м
Население 26.662 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 230 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14542
Повик. бр. 03327
Портал www.werder-havel.de
Местоположба на градот Вердер во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Карта
Координати 52°22′41″N 12°56′6″E / 52.37806° СГШ; 12.93500° ИГД / 52.37806; 12.93500Координати: 52°22′41″N 12°56′6″E / 52.37806° СГШ; 12.93500° ИГД / 52.37806; 12.93500

Вердер (Хафел) (германски: Werder (Havel); порано официјално име на градот било Вердер на Хафел, обично нарекуван само Вердер) — град во сојузната покраина Бранденбург, Германија, сместен на реката Хафел во округот Потсдам-Мителмарк, западно од покраинскиот главен град Потсдам.

Вердер има долга и богата историја и е национално признаен како место за одмор (Erholungsort), означување од државата доделувана на региони во Германија кои се признаени и постојани се оценувани со соодветни воздушни и климатски квалитети, кои обезбедуваат здравствена средина на посетителите. Вердер е исто така познат како домаќин на еден од трите најголеми фестивали во Германија, Baumblütenfest, кој се одржува секоја година во мај.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Границите на Вердер се протегаат долж бреговите на Хафел, притока на Елба и најстариот кварт на градот е сместен на остров во реката. Оттаму доаѓа и името, бидејќи пејзажниот термин Вердер (па така верт на горногермански означува „речен остров“.

Историја[уреди | уреди извор]

Вердер има неколку различни споменувања во историските докази на Берлин, кој се наоѓа 165 километри југоисточнот. Градот „Вердере“ е споменат во 1317, „Вердер“ во 1450 и со денешниот назив во 1580. Меѓутоа, во неговиот југозападен дел биле откриени парчиња од древни скршени чаши, а во неговиот јужен дел остатоци на ран средновековен словенски ѕид од замок.

Градскиот остров во облик на монета во реката Хафел е споменат како пристапен остров преку мост во декрет од 1317, кога Маркгрофовијата Бранденбург продавало имот на монасите од соседната опатија Ленин. Градот бил уништен од шведските трупи во текот на Триесетгодишната војна.

Во текот на Втората светска војна и пред нејзе постоел аеродром северно од градот, кој заедно со блискиот парк, бил користен како тренинг област за пилоти. Вердер бил база на генералот Карл Колер од Луфтвафе во текот на Битката за Берлин. По крајот на војната, советските трупи биле сместени во оваа област на градот. Последните руски трупи заминале во 1993, три години по повторното обединување на Германија.

Расцветана улица на речниот остров во Вердер кон крајот на април, во текот на фестивалот

Стопанство[уреди | уреди извор]

Иако некогаш бил познат по винарство и рибарство, обете гранки опаднале во текот на 18 век. Од рани времиња, монасите на цистерцијанскиот манастир Ленин обработувале овошје во областа и Вердер денес е особено познат по ова, што е исто така основата на неговиот познат фестивал. Овошја кои се одгледуваат во областа се цреши, јаболка и јагоди, но исто така е малини, рибизли, капинки, кајсии, праски, круши и сливи. Се одгледува и зеленчук, особено домати, кои во голем дел се произведуваат во локалните оранжерии.

Вино[уреди | уреди извор]

Обработката на вино е втората најстара дејност во градот по рибарството, донесено во овие области пред 1300 од монасите на Цистерцијанскиот Ред. Виното на Маркгрофовијата Бранденбург било вбројувано како најважен извозен производ кон крајот на 13 век кон Источна и Северна Европа. Династијата Хоенцолерн, кои дошле од Франконија во Бранденбург, го направиле виното од областа задолжително во кралството. Првиот Вински ред на Бранденбург бил воспоставен во 1598 од изборниот кнез Јохан Георг и во тоа време било предложено Хафел да биде опкружен од винови лоза како Мозел. Меѓутоа лозарството во оваа област се соочило со проблеми, особено од силните зими, кога многу винови лози замрзнувале. Особено тешка била зимата во 1739/40, кога мразот се задржал до јуни. Во првата половина на 18 век, лозјата се протегале на 100 хектари во Вердер. Во областа била произведувано повеќе црвено отколку бело вино. Вахтелберг (Werderaner Wachtelberg) се смета за едно од најстарите места со лози близу островот во Вердер. Исто така и на самиот остров имало засадено винови лози. Лозовите лисја порано биле користени за обвивање на овошјето. Во 1887 било известено за две лозја. Лозарскиот период првично запрел кога последните лози замрзнале во зимото 1955/56. Дури во 1985 повторно биле засадени винови лози на површина од 4,8 хектари. Денес, околу триесет илјади лози растат на околу 7 хектари. Во склоп на Сојузното градинарско шоу (Bundesgartenschau) во Потсдам биле направени вински патеки до Вахтелберг. Денес, овде растат 38 црвени и 40 лозови врсти. Лозјата во оваа област се наоѓаат многу посеверно отколку вообичаено во Европа.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Вердер е збратимен со:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]