Прејди на содржината

Тројенбрицен

Координати: 52°05′50″N 12°52′16″E / 52.09722° СГШ; 12.87111° ИГД / 52.09722; 12.87111
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тројенбрицен
Црква Св. Богородица
Црква Св. Богородица
Црква Св. Богородица
Грб на Тројенбрицен
Тројенбрицен во рамките на Германија
Тројенбрицен
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Градски единици 16
Градоначалник Михаел Кнапе (СлДП)
Основни податоци
Површина 211,33 км2
Надм. височина 59 м
Население 7.522 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 36 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14929
Повик. бр. 033748
Портал Treuenbrietzen
Местоположба на градот Тројенбрицен во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Карта
Координати 52°05′50″N 12°52′16″E / 52.09722° СГШ; 12.87111° ИГД / 52.09722; 12.87111

Тројенбрицен (германски: Treuenbrietzen) — град округот Потсдам-Мителмарк, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Историја

[уреди | уреди извор]
Фахверк-куќи

Првите пишани споменувања за градот се од околу 1217. Од 1348 до 1350 градот бил верен на Лудвиг Петти од династијата Вителсбах и Маркгрофовијата Бранденбург. Оттука доаѓа и името на градот, односно „вистински“ или „верен“ Брицен. Во текот на реформацијата, Мартин Лутер дошол во 1537 да проповеда во градот, но пристапот кон црквата му бил блокиран. Наместо тој проповедал под липа, која денес е наречна Липата на Лутер (Lutherlinde).

Во текот на индустриската револуција биле отворени неколку текстилни фабрики во градот.

По отворањето на концентрацискиот камп Заксенхаузен во 1936, бил отворен подкамп во градот, каде принудните работници биле приморани да работат во фабриката за оружје. При доаѓањето на Црвената армија на 23 април 1945, Вермахтот убил 127 италијански воени заробеници, кои биле држени во кампот.[2] Помеѓу 24 април и 1 мај 1945, областа била местото на Битката кај Халбе помеѓу Вермахтот и Црвената армија.

Градот бил најпрвин окупиран од советските трупи на 21 април 1945, но германскиот Вермахт и СС трупите успеале да се вратат на кратко, конечно повлекувајќи се на 23 април. Подоцна, војниците на Црвената армија убиле околу 1.000 цивили од градот во текот на последните денови на април и првите денови на мај во блиската шума. Исто така многу жени биле силувани.[3] Роднините пријавиле 251 мртов во општинската книга, додека сведоци, кои ги закопувале мртвите на локалните гробишта, запреле да бројат откако погребале 721 лице,[4] додека денес постојат само 125 гробови.[5]

Градот доживеал големи оштетувања во текот на војната, иако историскиот стар дел на градот останал нечепнат. Од 1945 економијата била насочена кон краварство.

Црква во Пехиле

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
  2. Die Tageszeitung Ein verschüttetes Verbrechen
  3. welt.de Das Massaker der Roten Armee in Treuenbrietzen
  4. berliner-zeitung Das Massaker von Treuenbrietzen
  5. Claus-Dieter Steyer, Der Tagesspiegel 21 јуни 2006 "Stadt ohne Männer"

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]