Оџовица (Извор)
Оџовица — археолошко наоѓалиште во селото Извор во Општина Чашка. Претставува населба од римското време.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Оџовица се наоѓа на околу 1 километар источно од селото и лево од патот за Прилеп, на блага падина што се спушта кон реката.[1]
Ископувања и наоди[уреди | уреди извор]
На површина од околу 2 хектара се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, грамади од камења и друг градежен материјал. Во Народниот музеј во Велес се чува една монета.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 77. ISBN 9989-649-28-6.