Гробишта (Смиловци)
Гробишта - Голема Нива — археолошко наоѓалиште во велешкото село Смиловци, Општина Чашка. Наоѓалиштето претставува некропола од римско време. На 600 м северно од селото, на десниот брег на селската река, при обработувањето на нивите се пронајдени камени плочи и тегули од конструкција на гробови. Од овој локалитет потекнуваат и 4 стели со релјефи и грчки натписи кои се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 81. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзано со археологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |