Кале (Стари Град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonian archaeology stub icon.svg
Macedonian archaeology stub icon.svg
Археолошко наоѓалиште
Кале (Градиште)
Градиште - Кале (Стари Град) 01.JPG

Поглед на ископините од римски градби во местноста Кале над Стари Град

Кале (Градиште) is located in Археолошки локалитет во Македонија
Кале (Градиште)
Кале (Градиште)
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Основни податоци
Име Кале (Градиште)
Место Стари Град
Тип

Археомак 2.0 графички знак (вила рустика).svg вила рустика

Период римско време
енеолит
Портал:Археологија

Кале (или Градиште) е археолошко наоѓалиште на утврдена населба во непосредната близина на селото Стари Град.

Местоположба[уреди | уреди извор]

План на населбата од римско време

Наоѓалиштето Кале се наоѓа на 2 километри југоисточно од селото Стари Град, на висок рид со зарамнето плато, кој се издигнува високо на десниот брег веднаш над реката Бабуна, и непосредно крај мостот на асфалтниот пат кој води кон Извор и Богомила[1], а во минатото тука минувал и главниот, доста прометен пат помеѓу Скопје, Велес и Прилеп. Поради ваквата местоположба, оваа тврдина имала многу значајна стратегиска позиција[2]. Врз основа на ваквата значајна стратешка географска положба, како и богатите пронајдоци, кон крајот на триесетите години на ХХ век, археологот Никола Вулиќ сметал дека на ова место во III век од нашата ера се наоѓал градот Аргос[2].

Пронајдоци[уреди | уреди извор]

Надгробна плоча пронајдена на локалитетот

Наоѓалиштето било истражувано неколку пати и тоа особено во деведесетите години на ХХ век и во месец јули 2015 година. Од поранешните истражувања е познато дека на површина со зафатнина од 350 х 100 метри има видливи ѕидови од одбранбен бедем како и остатоци од градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и питоси, додека на североисточната страна на локалитетот имало поголема концентрација на фрагменти од керамички садови со груба фактура[1]. На југозападната страна на локалитето се откриени гробови, а исто така и покрај железничката станица Стари Град[1]. Од ова наоѓалиште се надгробните споменици и релјефи од доцноантичкото време, кои што кон крајот на триесетите години на ХХ век ги публикувал Н.Вулиќ, а чии што наоди се чуваат во Mузејот на Македонија во Скопје[1]. Со најновите ископувања од 2015 година биле откриени неколку станбени објекти како и керамички садови кои опфаќаат широка хронолошка рамка од железното време сѐ до доцноантичкиот период[3]. Од откриените неколку станбени објектн, еден станбен објект таканаречена „villa urbana“ бил поопсежно истражен и биле утврдени неколку градежни фази односно интервенции и ремоделации на просторот на кој се наоѓа објектот[3]. На ископините на овој објект е пронајден и остаток од бунар. Благодарение на движните наоди може да се заклучи дека овој објект егзистирал во античкиот период. Од аспект на недвижното културно наследство делумно се откриени уште три објекти од античкиот период. Пред самиот влез на тврдината од север се пронајдени остатоци и од две живеалишта од каменото време - енеолит. Најголем дел од движните наоди пронајдени со овие истражувања претставуваат керамички садови кои опфаќаат широка хронолошка рамка од Железното време се до доцноантичкиот период[3]. Поголемиот број од пронајдените садови претставуваат садови за секојдневна употреба (чинии, бокали, шолји и слично) и се од локалното производство[3]. Пронајдени се и луксузни примероци како на пример фрагменти на садови кои припаѓаат на групата од типот на таканаречената terra sigillata, а кои веројатно се увезени и донесени од соседните поголеми центри на Римската Империја[3]. Ова укажува на фактот дека жителите на оваа населба одржувале интензивни трговски контакти на пошироката територија на Римската Империја[3]. Врз основа на сите овие пронајдоци и големината на просторот со подградието и акрополата, археолозите сметаат дека на ова место постоел значајна утврдена населба со население од над 1,500 жители.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Коцо, Димче (1996) (на македонски). Археолошка карта на Република Македонија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 82. 
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (на српскохрватски). Област Бабуне и Тополке. Зборник за народни живот и обичаи. 47 (1977 издание). Загреб: ХАЗУ. стр. 207. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Печков, Петар. „Се истражуваше локалитетот Кале, кај Стари Град“ (македонски). Велес. конс. 19 октомври 2015.